Контакт

Економија

ЕСМ: Изграден е нов бетонски канал кон хидроцентралата Врбен, на местото на стариот урнат во свлечиште

Објавено пред

Воспоставен е протокот на водите низ новиот бетонскиот канал кон хидроелектраната Врбен, изграден по уривањето на стариот, предизвикано од лизгање земјиштето на тешко достапен терен кон крајот на септември; соопшти ЕСМ.

Од компанијата додаваат дека низ каналот веќе се пуштаат водите од трите најголеми зафати од доводот Горна Радика.

„ Завршени се и земјените работи околу поставување на цевките за пропусти од пристапните патишта до каналот, така што санацијата на хаваријата на доводот Горна Радика е успешна и истата е завршена пред планираниот рок од 30 дена. На интервенцијата и претходеа итна постапка со дозвола на Бирото за јавни набавки за избор на изведувач на работите, градежна фирма која по првичните подготовки веднаш почна да работи на терен.

Во зафатот за санирање на настанатото оштетување се изгради нов бетонски канал во должина од 29 метри. Градежните работи со тешка механизација се одвиваа на 1500м надморска висина, на ризичен терен со можни нови одрони на карпи и лизгања на земјиштето. Хидроелектраната Врбен во текот на целиот изминат период беше функционална, но со намален капацитет за производство поради намалениот доток, но сега е вратена на претходната инсталирана моќ.

Водите кои се собираа по системот на подземни канали, но не можеа да стигнат до електраната, се испуштаа во реката Радика и потоа во акумулацијата Шпилје, каде се искористуваа во тамошната хидроелектрана“ се вели во сооштението на ЕСМ.

Инаку, лизгањето на земјиштето од обилните врнежи на 27 септември предизвика попуштање на бетонскиот канал, изграден уште во `50-те години на минатиот век, при пробивањето на тунелите и при градењето на мрежата за собирање на водите од планинскиот масив на Кораб и Горнорадички слив, за потребите на хидроелектраните на ХЕС Маврово, од кои првата е пуштена во употреба во 1957г.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Божиновска: Со поддршка од Светска банка започнува подготовката на новата когенеративна централа во РЕК Битола

Објавено пред

Од

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка, со кој започнуваат подготвителните активности за реализација на проектот за когенеративната централа „РЕК Битола 1“.

На настанот освен потписниците – претставници на Светска банка и АД ЕСМ присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.

Обраќајќи се пред присутните, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска истакна дека денешното потпишување претставува значаен чекор во модернизацијата на македонскиот енергетски сектор и потврда за стратешката определба на државата за сигурна и одржлива енергетска иднина.

Таа нагласи дека Македонија активно го забрзува развојот на обновливите извори на енергија, но дека паралелно со тоа е неопходно да се обезбедат стабилни производствени капацитети кои ќе гарантираат сигурност во снабдувањето со електрична енергија.

„Денешното потпишување на Договорот е јасна потврда дека Македонија има визија, има план и има партнери кои веруваат во нашата иднина. и постепено го намалува јаглеродниот отпечаток “, истакна Божиновска.

„Нашата визија е јасна – Македонија да стане земја која произведува повеќе домашна енергија и постепено го намалува јаглеродниот отпечаток, но без компромис со енергетската сигурност. Колку повеќе обновливи извори на енергија интегрираме во системот, толку повеќе ни се потребни стабилни и флексибилни базни капацитети кои ќе обезбедат сигурност во снабдувањето. Нашата цел е да изградиме модерен енергетски систем што ќе ги следи европските политики, а истовремено ќе гарантира сигурна и достапна енергија за граѓаните и стопанството“, нагласи министерката Божиновска.

Министерката потенцираше дека природниот гас е препознаен како транзициско гориво во националните стратешки документи и претставува важен сегмент во процесот на постепена декарбонизација на енергетскиот сектор.

Според неа, проектот за новата когенеративна централа во РЕК Битола ќе овозможи современо производство на електрична и топлинска енергија, значително намалување на

емисиите на штетни гасови, подобрување на квалитетот на воздухот и посигурно снабдување со енергија за граѓаните и стопанството.

„Денес не го започнуваме само процесот на подготовка на една нова електрана. Денес правиме уште еден важен чекор кон енергетски посилна, поодржлива и поевропска Македонија. Зелената транзиција мора да биде и еколошка и економски одржлива, обезбедувајќи чиста животна средина, сигурни работни места и стабилна енергетска иднина“, нагласи министерката.

Божиновска посочи дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на модернизацијата на енергетскиот сектор, зголемувањето на домашното производство на енергија и создавањето услови за постепена, праведна и одржлива енергетска транзиција.

Проектот за когенеративната централа „РЕК Битола 1“, чија вкупна вредност се проценува на над 200 милиони евра, претставува една од клучните инвестиции во процесот на трансформација на македонската енергетика и исполнувањето на националните и европските цели за одржлив енергетски развој. Новата когенеративна централа ќе овозможи истовремено производство на електрична и топлинска енергија, со значително намалување на штетните емисии и усогласување со современите домашни и европски еколошки стандарди.

Прикажи повеќе...

Економија

Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени

Објавено пред

На 16 јуни 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор на Народната банка за поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено основната каматна стапка да се зголеми за 0,25 процентни поени, односно од 4% на 4,25%. Одлуката се заснова на најновите податоци и информации и согледувањата за ефектите врз домашната економија од светските случувања. Во однос на сегментите коишто се клучни за монетарната политика, од почетокот на годината беше забележана поголема побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, што услови поголемо присуство на Народната банка на девизниот пазар.

Од почетокот на мај се бележи стабилизација на побарувачката на девизи, а најновите информации носат поголема извесност за скоро смирување на конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, економските последици од геополитичките случувања се присутни, а неизвесноста околу темпото на целосната стабилизација на тековите и понатаму создава ризици. Опстојуваат и притисоците врз инфлацијата. Имено, во мај годишната стапка на инфлација забави во согласност со очекувањата, но таа и натаму е на повисоко ниво и укажува на продолжена инфлација и побавно враќање кон историскиот просек. Истовремено, и дел од домашните фактори коишто влијаат врз побарувачката и инфлацијата уште повеќе ја нагласуваат потребата од претпазливост при водењето на монетарната политика. Во такви услови, беше оценето дека умереното затегнување на монетарната политика, заедно со досегашните измени кај останатите инструменти – задолжителната резерва и макропрудентните мерки, ќе придонесат за одржување на стабилноста на девизниот курс, за стабилизирање на инфлацијата и за зацврстување на инфлациските очекувања, а соодветно ќе влијаат и врз кредитните услови во економијата. Како резултат на засилените инфлациски притисоци во еврозоната, на последниот состанок на ЕЦБ каматните стапки беа зголемени за 0,25 п.п., што претставува дополнителен фактор што се зема предвид при носењето на домашните монетарни одлуки.

Во однос на најновите податоци за главните макроекономски показатели, на крајот на мај, девизните резерви изнесуваат 5.209,7 милиони евра и се во сигурната зона, а нивната промена засега е во согласност со проекциите за вториот квартал. Во текот на мај девизниот пазар беше стабилен, без интервенции од страна на Народната банка за надоместување на потребите за девизна ликвидност на економските субјекти. Во мај 2026 година, годишната стапка на инфлација забави сведувајќи се на 4,8%, од 5,7% во април, главно под влијание на поумерениот раст на цените на храната, што се должи на повисоката споредбена основа од истиот период минатата година. Сепак, тековните показатели упатуваат на засилени инфлациски притисоци кај енергетската компонента, што создава ризици за пренесување на ефектите и врз останатите цени во економијата. Ова делумно е видливо преку засилениот раст на базичната компонента на инфлацијата. Најновите проекции за увозните цени упатуваат на повисока странска инфлација и умерено нагорно ревидирани цени на енергентите и на дел од прехранбените производи, во услови на одолжена неизвесност. Иако очекувањата на потрошувачите за растот на цените во следниот период се малку поумерени во споредба со претходниот месец, ризиците за инфлацијата претежно се во нагорна насока. Домашната економија и натаму покажува отпорност во услови на неизвесно надворешно окружување. Во првиот квартал од 2026 година, реалниот раст на БДП изнесуваше 3,1%, што е блиску до очекувањата од последниот циклус проекции. Расположливите високофреквентни показатели за вториот квартал сѐ уште не овозможуваат попрецизни согледувања, но априлските податоци упатуваат на раст на индустриското производство и послаби остварувања кај прометот во трговијата. Во монетарниот сектор, согласно првичните податоци за мај, растот на депозитите е во рамките на проектираниот, но динамиката на раст на кредитната активност и натаму е над очекувањата и влијае врз домашната побарувачка.

Народната банка останува цврсто посветена на одржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, како основен предуслов за обезбедување ценовна стабилност на среден рок. За таа цел, ќе продолжи со внимателно следење на домашните и меѓународните економски и финансиски движења, ќе ги оценува нивните ефекти врз девизниот пазар и инфлацијата и е подготвена да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Стојаноски: Бројките потврдуваат дека Македонија се движи во правилна насока, 7 квартали по ред бележиме раст од 3%

Објавено пред

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи во интерес на граѓаните и на македонската економија. Резултатите што денес ги гледаме се потврда дека државата се движи во правилна насока, со стабилен економски раст, подобар животен стандард и одговорно управување со јавните финансии“, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашата економска политика се темели на три клучни приоритети: капитални инвестиции, привлекување странски директни инвестиции и поддршка на македонското стопанство. Токму овие политики обезбедуваат континуиран раст на економијата и создаваат услови за нови работни места и повисоки приходи за граѓаните.

Македонија бележи раст од над 3% во 7 последователни квартали, а според кварталните показатели се наоѓаме помеѓу водечките европски економии по стапка на раст. Истовремено, просечната нето-плата е повисока за 8,2 проценти во однос на минатата година.

Создадени се 17.000 нови работни места и ова е уште еден јасен показател дека мерките што ги спроведуваме даваат резултати и создаваат нови можности за вработување и економски развој.

Во областа на јавните финансии, јавниот долг се намалува, буџетските приходи растат, а средствата се насочуваат кон капитални проекти.

Денес сме исправени пред обврската да го намалуваме јавниот долг, да ја одржуваме финансиската стабилност и да инвестираме во развој.

Нашата цел останува јасна, стабилна економија, стабилни јавни финансии, нови инвестиции, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за сите граѓани“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион13 минути

Претседателот на Црна Гора: Наша амбиција е да се приклучиме кон ЕУ во 2028 година

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур, каде што го повтори амбициозниот план...

Економија32 минути

Божиновска: Со поддршка од Светска банка започнува подготовката на новата когенеративна централа во РЕК Битола

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ...

Соопштенија35 минути

Потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Денес беше потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите од страна на пратеничката Драгана Бојковска како координаторка...

Македонија38 минути

Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Албанија

Владата денеска го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Албанија. Со ова...

Македонија1 час

Граѓаните ќе се изјаснуваат кај матичен лекар дали сакаат да бидат дарители на органи по нивната смрт

Владата на предлог на Министерството за здравство денес го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и...

Македонија1 час

АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега проектот за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“

Во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес беше потпишан Договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација...

Македонија2 часа

Потпишана Декларација за спречување на насилството кај младите

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше потпишување на Декларацијата за...

Македонија2 часа

Вработените во обвинителствата: Законот е пропуштена можност за вистински промени

Вработените во јавнообвинителската служба предупредуваат дека Предлог-законот за јавнообвинителска служба, во сегашната форма, не претставува реформски исчекор, туку пропуштена можност...

Спорт2 часа

Ливременто во аут, Тухел го повика Чалоба

Англија сè уште не го започнала Светското првенство, а селекторот Томас Тухел доби лош вести. Ден пред првиот меч со...