Економија
„Еуроимпекс“ единствен меѓу импортерите со две импортерски продажно/сервисни точки во Скопје

„Еуроимпекс“ е во моментов единствен меѓу импортерите кој функционира со две импортерски продажно/сервисни точки во Скопје, покрај дилерската мрежа на територија на Република Македонија. Опстојува 28 години на пазарот и им нуди на своите клиенти сервисирање, дијагностика, акциски понуди за оригинални резервни делови вклучувајќи и работна рака, лимарски услуги и специјални пакети за возила постари од 5 години со програмата 5+, вклучувајќи ја и понудата на Eurorepar резервни делови.
Компанијата „Еуроимпекс“, која опстојува 28 години на пазарот, ја претставува својата втора продажно/сервисна импортерска точка во Скопје преку еден од членовите на менаџерскиот тим Ванчо Каламадевски, национален технички советник и раководител на сервисниот центар на локација Скупи, кој ги истакнува услугите и производите кои ги нуди сервисниот центар на пазарот преку неговото раководење во истиот.
„Во оваа компанија сум веќе 11 години и од секогаш се работело по веќе зададени правила, стандарди и начини на работа. Нудење беспрекорна услуга и начин на комуницирање со клиентите, употребата на оригинални резервни делови и нивна гаранција. Клиентот кој стои пред вас има високи очекувања од услугата и производот, посебно затоа што вие го претставувате брендот ‘Пежо’ и ја извршувате функцијата на овластен сервисен центар. Тука нема простор за грешки, затоа и одговорноста е уште поголема. Претставува вистинско задоволство, мотивација и предизвик да се раководи со еден ваков сервисен центар“, изјавува Ванчо Каламадевски.
„Еуроимпекс“ е во моментов единствен меѓу импортерите кој функционира со две продажно/сервисни точки во Скопје и дилерска мрежа на територија на Република Македонија. Во моментов импортерска точка на локација Скупи 3А брои 6 лица и опслужуваат функции како продажба на возила, сервисирање и магацинско работење,…. и се достапни за сите клиенти кои имаат потреба од нивните услуги.
За разлика од продажно сервисната точка во Лисиче на бул. Трета македонска бригада, на оваа локација Ул. Скупи 3А, компанијата нуди и сервисирање и проверка на возила од сите автомобилски брендови, на тој начин претставуваат мултифункционален сервисен центар.
Нивниот тим е составен од стручни лица и е образован и обучен да може да ги опслужи сите клиенти кои имаат потреба од сервисирање на возила, дијагностика, оригинални резервни делови и тјунирање. Посебно истакнуваат дека нудат и резервни делови од нивниот најнов партнерски бренд – EUROREPAR, кој е всушност „мулти-бренд“ за резервни делови, сервисирање, одржување и поправка комбинирајќи квалитет, цена и перформанси. Препорачан од принципалот Automobiles Peugeot, а понудува производи за онаа целна група која е со помала куповна моќ и сака да вгради високо квалитетни делови кои се од потрошен материјал (филтри, ребрест ремен со затегачи, водна пумпа, дискови, лагери, плочки итн). Сите резервни делови од програмот Eurorepar имаат 2-годишна гаранција.
Ванчо Каламадевски за оние сопственици на возила кои ги носат своите автомобили во приватни гаражи наместо во овластени сервисни центри истакнува:
„Не секој сопственик на автомобил го третира своето возило на ист начин. Секако дека клиентот е тој кој одлучува на кој начин ќе се грижи за своето возило и аналогно на таа грижа, колку тоа возило ќе врати назад во истата мера на издржливост, трајност итн. Наша задача како професионалци е да го советуваме клиентот најдобро што можеме и да му ја објасниме важноста од сервисирање на своето возило во овластени сервисни центри. Од многу причини. Ако сакаме производот да биде со подолг век на употреба и да можеме поретко да го враќаме на сервис, треба да размислиме за одлуката каде и како да го сервисираме. Употребата на оригинални резервни делови, гаранцијата што ја нудиме и сигурноста дека на вашиот производ работат „стручни раце“, кои поминале обука, знаење и искуство да најпрво го препознаат вистинскиот проблем, а потоа да знаат со кои методи е најдобро и најдолготрајно да тој ‘проблем’ го решат со цел комплетно задоволување на потребите и очекувањата на странката. Секако дека финалната одлука ја има сопственикот на возилото“, вели Каламадевски.
Дилерската мрежа на „Еуроимпекс“ е распространета во 4 градови во Републиката. Дилерски центар во Скопје – СИТИ КАР, Гевгелија – БОНДИ, Тетово – АВТО ЧАЈКА и Штип – АВТО ЧАЈКА 2 и секако двете импортерски локации: Локација 1: Бул.Трета македонска бригада бр. 72, Скопје; Локација 2: Ул. Скупи 3А, Скопје.
Ппатена ПР објава
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Земјоделците се херои на денешницата, Владата останува посветена на нивната поддршка

На манифестацијата „Од нива до трпеза“, која денеска се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски упати јасна порака за поддршка на македонските земјоделци, нагласувајќи дека Владата силно се залага за развојот на земјоделскиот сектор и поддршка на оние кои го одржуваат аграрот жив.
„Македонија има потенцијал – и тоа не е празна фраза, туку фактичка состојба. Имаме сонце, имаме вода, имаме плодна почва, но најважно од сè – имаме луѓе. Луѓе кои не се плашат да станат рано наутро, да ги извалкаат рацете во кал, да работат до доцна навечер. Тие се тивките херои на нашето време. Тие се темелот на нашата економија, чуварите на традицијата и креаторите на иднината“, изјави премиерот.
Мицкоски подвлече дека земјоделството е еден од стратешките приоритети на Владата, наведувајќи дека во последните 11 месеци биле исплатени повеќе од 8 милијарди денари за субвенции и други форми на финансиска помош за земјоделците.
„Ова не се празни ветувања – ова се мерливи резултати. Тие говорат за нов пристап, нова енергија и визија со која сакаме да го издигнеме земјоделството, да ги поттикнеме младите генерации да се вклучат во овој сектор, и пред сè – да ја зајакнеме довербата кај секој земјоделец“, рече премиерот, апелирајќи до граѓаните да избираат македонски производи и со тоа директно да го поддржат домашното производство.
На манифестацијата учествуваат 25 општини од целата земја, претставувајќи уникатни традиционални производи како што се домашни вина, печива, мед и рачни изработки.
Настанот е во организација на здружението „Наша традиција, наша иднина“, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Главната цел е да се истакне богатството на македонската традиционална храна и да се промовира руралниот туризам како ресурс со сериозен економски и културен потенцијал.
Економија
За четири дена доставени повеќе од 2.500 пријави за самовработување

Во салата на киното „Манаки“ во Битола денеска беа презентирани мерките од оперативниот план за вработување за 2025 година.
Пред голем број граѓани претставниците од Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемаштвото и Агенцијата за вработување ги презентираа мерките од оперативниот план, со акцент на трите подмерки од мерката за самовработување (претприемаштво), каде што јавните повици се објавени и сите заинтересирани може да се пријават до 20 јуни.
„Со мерките за самовработување на сите невработени лица им даваме финансиска поддршка за отворање сопствен бизнис, која се движи од 7.000 до 10.000 евра, а со здружување две лица од 14.000 до 20.000 евра. Имаме исклучително голем интерес за овој јавен повик и за само четири дена се пријавени повеќе од 2.500 лица. Ги повикувам сите лица што се заинтересирани да се пријават во кој било од 30-те центри за вработување при Агенцијата за вработување во државата“, рече заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.
Во рамките на јавните повици од мерката 1, „Поддршка за самовработување (претприемаштво)“, во тек се три јавни повици, со кои им се дава можност на повеќе од 1.700 лица да отворат сопствен бизнис и со нив се предвидени:
– финансиска поддршка во форма на грант до 7.000 евра за основање и почнување бизнис за лица постари од 29 години;
– финансиска поддршка во форма на грант до 10.000 евра за основање и почнување бизнис за млади лица до 29 години;
– финансиска поддршка за здружување две лица во ДОО, каде што таа изнесува од 14.000 до 20.000 евра во зависност од целните групи.
Економија
Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова

Со новите измени и дополнувања на Законот за царинските тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата да се намалат царинските давачки на голем број суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија и во енергетиката, изјави Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
„Списокот со 70-ина производи, кој е составен на транспарентен и инклузивен начин, во соработка со Стопанската комора, вклучува намалување до 50 % на царинските стапки што важат во ЕУ, како и укинување на царините за увоз од САД. Овие измени ќе значат пониски трошоци за домашното производство, а со тоа зголемена конкурентност на странските пазари, нови инвестиции и повеќе вработувања“, рече таа.
Укинувањето на царините за стоките по потекло од Соединетите Американски Држави, пак, додаде Стојаноска, не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, со кој испраќаме сигнал за зголемена подготвеност за соработка со нашите стратешки партнери и поддршка за слободната трговија.
„Со оваа законска измена македонските компании ќе станат поконкурентни, ќе се намалат цените за производство и ќе се зголеми извозот, со што директно ќе влијае на растот на економијата. Ова е само еден чекор од поширокиот план за економски раст. Клучна измена со која се посветуваме на економијата во пракса, а не само на хартија“, рече Стојаноска.