Контакт

Економија

„Еуроникел“ го достави ревидираниот план за реорганизација на „Фени индустри“

Објавено пред

Планот за реорганизација на „Фени индустри“ е дополнет според барањата на судот и е доставен на повторно разгледување, соопшти  ГСОЛ„Еуроникел“.

Оттаму велат дека планот добил позитивни препораки од одборот на доверители на „Фени“ АД во стечај и од стечајниот управник, а сето тоа било направено според законските барања и во најкус временски период со цел што побрзо и административно да се заврши стечајната постапка и да почне процесот на инвестирање во зголемување на производството и обезбедување на иднината на „Фени“.

„Задоволни сме од двете позитивни мислења што ги добивме, од одборот на доверители и од стечајниот управник во врска со изменетиот план за реорганизација што го доставивме до судот во Велес. Нема простор за непотребно трошење време за да се комплетира процесот кон обезбедување иднина на фабриката и нејзините вработени. Ги преземаме сите неопходни чекори од наша страна, така што собранието на доверители повторно ќе гласа за планот за реорганизација. Спасот на ‘Фени’ го насочуваме кон извесна иднина исполнета со проширување на производството, зголемување на платите на вработените, отворање нови вработувања и работа на ‘Фени’ на сите светски пазари за фероникел. Сето тоа го правиме потпирајќи се на големото искуство што го имаме во ова индустрија, почитувањето на највисоките меѓународни стандарди, како принципи на работа и предуслови во сите инвестициски зафати. Ги следевме сите потенцирани насоки во текот на стечајната постапка. Извесно е дека ‘Фени’ не смее веќе да губи време на нерешен статус, факт е дека 800 вработени чекаат на трајно вработување и добивање на ветените плати, како и 200 компании од регионот со кои ‘Фени’ работи, а сето тоа ќе почне да се исполнува оној момент кога планот ќе биде прифатен и ќе може да почне инвестицискиот процес“, изјави Маркос Камхис, директор на ГСОЛ.

Планот беше прифатен од страна на Одборот на доверители уште во јуни, последователно усвоен од Собранието на доверители. Беше вратен за прилично технички корекции, и сега повторно е доставен до судот, по што се чека конечната судска одлука. Според доверителите, ова е позитивен план што ветува резултати.

„Планот понуди квалитетно решение и сигурен пат за ‘Фени’  затоа го дадовме нашето одобрување. Веруваме дека и надлежните органи како и судските власти ќе ги препознаат придобивките што ги носи спроведувањето на овој план пред сѐ за самата фабрика, за вработените, целиот кавадаречки регион и за доверителите. Исто така, земени предвид големината и потенцијалите на ‘Фени’  не треба да се занемари влијанието што ‘Фени’  го има во економските показатели на државата, во создавањето на БДП и извозната стапка“, велат од Одборот на доверители.

Економија

Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

Објавено пред

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со претставници на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО).

Како што информираат од надлежното министерство, во рамките на средбата се разговарало за инфраструктурните проекти во Република Северна Македонија и можноста за учество на турските стопанственици и инвеститори во нивна реализација.

Сугарески пред присутните ја образложил инвестициската програма на Владата за реализација на проекти во патната, железничката и комуналната инфраструктура и ги повикал стопанствениците да земат активно учество во изградба на капиталните објекти во земјата.

Тој го потенцирал планот на Владата и Министерството за транспорт и врски за изградба и реконструкција на преку 700 километри патна мрежа, како и изгрaдба на железничкиот коридор 8 кон Република Бугарија.

„Турската стопанска заедница во Република Северна Македонија е важен фактор во развој на економијата и тука гледаме заеднички интереси. Разговаравме за сите инфраструктурни проекти, за новата реформа во законите што ја регулираат градежната дејност и ги повикав сите заинтересирани да се вклучат во нивната реализација”, истакна министерот по средбата.

Прикажи повеќе...

Економија

МАПАС: Доброволните членови во втор пензиски столб можат да останат или да го прекинат членството

Објавено пред

Согласно со измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ги информира доброволните членови родени пред 1.01.1967 година дека имаат право да изберат дали:

-Ќе го продолжат членството во вториот пензиски столб со давање  писмена изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд или

– Ќе го прекинат членството во вториот пензиски столб со давање писмена изјава за престанување на членството во задолжителен пензиски фонд.

Доколку доброволниот член до 30.09.2019 година не даде изјава, на 01.10.2019 година неговото членството во вториот пензиски столб ќе престане. Друштвото ќе ја затвори неговата индивидуална сметка и ќе го пренесе вкупниот износ на средствата во Фондот на ПИОМ, односно членот ќе остане осигуреник во Фондот на ПИОМ.

При изборот помеѓу продолжување или престанок на членство во задолжителен пензиски фонд, членовите треба да ги имаат  предвид нивната возраст, годините на работен стаж при зачленување во втор пензиски столб, очекуваните години на вкупен работен стаж, висината на пензиските придонеси кои им се уплатувани досега, висината на идните очекувани придонеси кои ќе им се уплатуваат и други фактори.

Со цел членовите да го направат изборот кој е во нивен најдобар интерес, Агенцијата им препорачува да ја контактираат на следниот телефонскиот број 02 3224 229.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат само за роднините на функционерите

Објавено пред

Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта, за сите други паѓаат, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по информацијата за пораст на просечната нето-плата.

„Трошоците за живот од месец во месец се сè повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема. Државата оди кон дното, власта само во последната година задолжи нови речиси половина милијарда евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Со тоа јавниот долг надмина 50 проценти“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата смета дека премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Драган Тевдовски, ја доведуваат под прашалник состојбата на државата да може навремено да го сервисира долгот. Во услови кога Министерството за финансии рапидно ја задолжува државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, нивото на капитални инвестиции минатата година беше 65 проценти, што е историско најниско ниво на реализација.

„Тевдовски се покажа како најнеуспешен министер за финансии. Тевдовски спроведува катастрофална финансиска политика, а ефектите од истата ќе се чувствуваат и по години од сега“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Македонија2 часа

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи,...

Свет3 часа

Силна зимска бура завеа со снег и дожд низ 39 американски држави

Силната зимска бура што провеа во САД вчера завеа во снег и во обилни дождови дури 39 американски држави на ...

Крвав четврток13 часа

Притвор за Јанакиески и Ристовски, за Груевски нова екстрадиција

Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поранешните министри Миле...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: „Апси Заев, можеш да нарачуваш и убиства, но нема да ти се исплашиме“

По информациите за вечерашното приведување на тројцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ – Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вечерва прес-конференција...

Крвав четврток14 часа

Русковска: Бараме притвор за Јанакиески и Ристовски поради опасност од бегство

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал при ЈО, Вилма Русковска, изјави дека распитот на осомничените ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски...

Крвав четврток16 часа

Вељаноски: Не чувствувам вина за упадот во Собранието

Поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, штотуку излезе од Основниот суд Скопје 1, каде што беше повикан на распит за...

Македонија18 часа

Трамп со писмо до Заев: Ви честитам за лидерството, обезбедивте просперитетна иднина за Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска прими писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое тој нагласува дека Северна Македонија е голем...

Македонија19 часа

Зелената градина на ГТЦ му се наметнува исто како и барокот, архитектите разочарани

Зелената градина за покривот на Градскиот трговски центар ги разочара архитектите како стручна јавност, а незадоволни се и скопјани, кои...

Македонија20 часа

Половина милион евра исплатени лани за патни трошоци на пратениците

Над 525 илјади евра биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието минатата година, покажува анализата на „Макфакс“ од...

Македонија20 часа

Заев потврди, Села му се налутил поради одземените ингеренции на Таравари

Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања потврди дека Зијадин Села не дошол на денешната средба за консензуален претседателски кандидат поради...

Македонија22 часа

Бектеши не чувствува морална одговорност за вработувањето на сестра му во МЕПСО

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека не чувствува морална одговорност за вработувањето на неговата сестра во МЕПСО. Тој вели...

Топ22 часа

Села му се налути на Заев, не доаѓа на средба

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, одби да присуствува на закажаната средба со премиерот Зоран Заев, на која требаше...

Македонија23 часа

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само...

Топ23 часа

Дедото на Кирацовски ќе се повлече од работното место

Таткото на сопругата на пратеникот Александар Кирацовски, Борис Поповски, ќе се повлече од работното место, објави на „Фејсбук“ Кирацовски. Тој...

Македонија24 часа

Заев и Димитров нема да одговараат за велепредавство

Скопското обвинитeлство ја отфрли кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес поднесена против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи,...

Македонија1 ден

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај...

Македонија1 ден

Две бомби од Првата светска војна пронајдени во Битола

Вчера на булеварот 1 Мај во Битола, во близина на местото викано Црн Мост при изведување на градежни работи при...

Регион1 ден

Непознат маж му се заканувал на Мицотакис со бомба

Лидерот на опозициската Нова демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сè уште...

Македонија1 ден

Бугарија го ратификуваше протоколот за НАТО

Со 140 гласа „за“, бугарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, објави бугарската новинска агенција...

Досие