Економија
ЕУ се’ уште без договор за ембаргото на руската нафта – Германија најави поддршка, Унгарија се противи

Се’ уште нема договор за ембарго на руската нафта во рамките на Европската Унија, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.
Германија би го поддржала ембаргото за нафта, но другите земји се’ уште не се подготвени, рече тој по состанокот со здруженијата на средни претприемачи во Берлин. Хабек рече дека ембаргото нема да ја остави Германија без последици и дека ќе има високи скокови на цените.
Промената може да значи и привремен дефицит, додаде министерот, мислејќи на рафинеријата во Шведт во близина на границата со Полска, која е под контрола на руската државна компанија Роснефт. Меѓутоа, ембаргото не значи дека Германија ќе западне во нафтена криза.
Унгарија продолжува да се спротивставува на секое ембарго на Европската унија за увоз на руска нафта и гас.
„Позицијата на Унгарија за секое ембарго на нафта и гас не е променета. Ние не го поддржуваме“, изјави портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.
Двајца дипломати на ЕУ претходно изјавија за Ројтерс дека блокот се стреми кон забрана за увоз на руска нафта до крајот на годината.
Претставниците велат дека Европската комисија би можела да ги поштеди Унгарија и Словачка од ембаргото за увоз на руска нафта што е во подготовка.
Комисијата во вторник треба да го финализира новиот, шести пакет санкции против Русија поради нападот врз Украина, кој ќе вклучува забрана за купување руска нафта бидејќи извозот на нафта е еден од главните извори на приходи на Русија.
Унгарија, која е силно зависна од руската нафта, постојано повторува дека нема да се согласи со санкции за енергетскиот сектор. Словачка е исто така една од земјите-членки на ЕУ најмногу зависни од руските фосилни горива. Според тоа, комисијата би можела да им понуди на Словачка и Унгарија „исклучување или долг преоден период“, рече еден официјален претставник, пренесе Индекс.
Нафтеното ембарго, сепак, веројатно ќе биде наметнато постепено и најверојатно нема целосно да стапи на сила до почетокот на следната година, изјавија официјални лица. Пакетот ќе биде претставен пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ во среда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Ковачевски: Инвестирани над една милијарда евра во изградба на патната инфраструктура

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за транспорт и врски и за локална самоуправа, Благој Бочварски и Горан Милевски, како и со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови-Жировница. На увидот присуствуваа граѓани на овој крај, изведувачите, градоначалникот на општина Маврово и Ростуште, Медат Куртовски, како и Самир Ајдини, директор на Националниот парк „Маврово“.
Делницата Маврови Анови-Жировница е во должина од 18,5 км, инвестиција вредна 6,18 милиони евра, а реализацијата во моментот е 60%.
„Станува збор за највредниот инфраструктурен зафат во општината Маврово Ростуше. Трасата на оваа делница всушност е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови. Овој патен правец ги поврзува населените места Ново Село-Бунец-Маврови Анови-Жировница-Ростуше-Бошков Мост-Дебар-Блато па до границата со Република Албанија. Вкупната должина на патот изнесува околу 61 km. Неговата улога во сообраќајната мрежа е патно поврзување на западниот регион од нашата земја, поточно Гостивар и Дебар, како стопански седишта во овој дел на државата. На оваа релација овој пат со својот најголем дел поминува низ националниот парк ‘Маврово’, кој заедно со реканскиот дел е многу значаен регион, за развој на туризмот, како и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Нашиот примарен фокус е да обезбедиме подобри услови во патната инфраструктура, со цел да го подигнеме нивото на услуги што ги нуди регионот. Изминативе години во западниот регион од кој е дел и општината Маврово и Ростуше работевме на изградба на квалитетна патна мрежа и во таа насока завршивме неколку значајни инфраструктурни проекти во регионот, како што е целосна рехабилитација на патот од Гостивар до Стража и Кичево, извршивме рехабилитација на патните правци Маврово-Никифорово, Бунец-Маврови Анови, а моментално се работи и тука на патот до Жировница“, изјави Ковачевски и ја потенцираше важноста од довршување на патните Коридори 8 и 10 кои се крвотокот на поврзување на нашата земја со земјите од регионот и пошироко.
Премиерот Ковачевски подвлече дека изградбата на патиштата е приоритет.
„Развиена инфраструктура значи развој на економијата во земјава. Затоа и во услови на најголема криза ние инвестираме во инфраструктурни проекти. Градиме по план, од 2017 година досега изградени и обновени преку 1.000 километри патишта и инвестирано е над една милијарда евра во изградба и модернизација на патната мрежа во земјава. Остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на инфраструктурата. Со овие инвестиции граѓаните патуваат полесно и побезбедно, а компаниите побрзо и поефикасно ги транспортираат своите производи и придонесуваат во економскиот развој на земјата“, рече Ковачевски.
Министерот Бочварски додаде дека градежната офанзива продолжува со силна динамика и насекаде низ државата и дека Владата покажа решителност и со преземање навремени мерки обезбеден е континуитет на сите проекти.
„Важно е капиталните инвестиции да продолжат да се реализираат бидејќи градежништвото претставува мотор на економијата, а тоа е повеќе од значајно во овие времиња на светска економска криза, чии последици ги чувствуваме и во нашата држава. Економскиот бенефит кој го носи модерната инфраструктура, регионалното поврзување со соседите, безбедното патување, зголемената размена на стоки и услуги, веќе ја чувствуваме. Градежништвото мора да го одржиме на патот на закрепнување, остануваме партнери со сите градежни компании и продолжуваме да работиме на зацврстување на домашната економија и подобри услови за граѓаните“, рече Бочварски.
Директорот Рустеми истакна дека работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а овој пат е од суштинско значење за граѓаните како во регионот, така и во целата земја.
„Со проектот за рехабилитација на Маврови Анови-Жировница предвидено е да се изведат повеќе градежни зафати како што е нова коловозна конструкција, санација на осумте мостови, изведба на нови потпорни ѕидови бидејќи сите сме сведоци на честите одрони на оваа делница и други работи со кои ќе се подобри безбедноста на делницата. Во моментов интензивно се работи на повеќе точки на патната делница, а се извршуваат и асфалтерски работи. Безбедноста на државните патишта е наш приоритет и затоа очекуваме Изведувачот на работите JV “ISA 2000 – PELAGONIJA”, од Гостивар квалитетно и навремено да ја заврши доверената работа. Надзорен орган над работите е ГИМ заедно со ЕВРО консалтинг и ИРД инженеринг“, рече Рустеми.
Економија
ТАВ ја завршува рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот аеродром „Скопје“

„ТАВ Македонија“, за утре, сабота, 28 мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од 17 часот попладнето летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на целото деноноќие.
Градежните работи за рехабилитација на пистата на Меѓународниот аеродром „Скопје“ почнаа на 28 март и оттогаш досега распоредот на летовите беше изменет, односно тие се одвиваа од 17 до 9 часот секој ден, а од 9 до 17 часот се работеше на пистата.
„Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги. Би сакале да им се заблагодариме на сите засегнати страни и фактори бидејќи навистина ги цениме нивната соработка, поддршка и придонес“, изјави Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
Пистата на Меѓународниот аеродром „Скопје“ е долга 2.950 метри и широка 45 метри, а овој проект за рехабилитација на пистата е прв по реконструкцијата на пистата на скопскиот аеродром во 1996 година, кога тој бил целосно затворен за сообраќај во период од 2,5 месеца, а авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром.
„ТАВ Македонија“ ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот аеродром „Скопје“.
На веб-страницата на Меѓународниот аеродром „Скопје“, во категоријата „Летови“ (пристигнувања/заминувања), информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време како што „ТАВ Македонија“ ги добива од авиокомпаниите.
Економија
Ковачевски: Инвестирани над една милијарда евра во изградба на патната инфраструктура

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за транспорт и врски и за локална самоуправа, Благој Бочварски и Горан Милевски, како и со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, изврши увид на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница. На увидот присуствуваа граѓани на овој крај, изведувачите, градоначалникот на општина Маврово и Ростуште, Медат Куртовски, како и Самир Ајдини, директор на Националниот парк „Маврово“.
Делницата Маврови Анови – Жировница е во должина од 18,5 км, инвестиција вредна 6,18 милиони евра, а реализацијата во моментот е 60 отсто.
„Станува збор за највредниот инфраструктурен зафат во општината Маврово Ростуше. Трасата на оваа делница, всушност, е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец – Маврови Анови. Овој патен правец ги поврзува населените места Ново Село – Бунец – Маврови Анови – Жировница – Ростуше – Бошков Мост – Дебар – Блато, па сè до границата со Република Албанија. Вкупната должина на патот изнесува околу 61 км. Неговата улога во сообраќајната мрежа е патно поврзување на западниот регион од нашата земја, поточно Гостивар и Дебар, како стопански седишта во овој дел на државата. На оваа релација овој пат со својот најголем дел поминува низ националниот парк ‘Маврово’, кој заедно со реканскиот дел е многу значаен регион за развој на туризмот, како и за подобрување на условите за живеење на граѓаните. Нашиот примарен фокус е да обезбедиме подобри услови во патната инфраструктура сè со цел да го подигнеме нивото на услуги што ги нуди регионот. Изминативе години во западниот регион, од кој е дел и општината Маврово Ростуше, работевме на изградба на квалитетна патна мрежа и во таа насока завршивме неколку значајни инфраструктурни проекти во регионот, како што е целосна рехабилитација на патот од Гостивар до Стража и Кичево, извршивме рехабилитација на патните правци Маврово – Никифорово, Бунец – Маврови Анови, а моментно се работи и тука на патот до Жировница“,изјави Ковачевски и ја потенцира важноста од довршување на патните коридори 8 и 10, кои се крвотокот на поврзување на нашата земја со земјите од регионот и пошироко.
Премиерот Ковачевски истакна дека изградбата на патиштата е приоритет.
„Развиена инфраструктура значи развој на економијата во земјата. Затоа и во услови на најголема криза ние инвестираме во инфраструктурни проекти. Градиме по план, од 2017 година досега изградени и обновени се над 1.000 километри патишта и инвестирано е над една милијарда евра во изградба и модернизација на патната мрежа во земјата. Остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на инфраструктурата. Со овие инвестиции граѓаните патуваат полесно и побезбедно, а компаниите побргу и поефикасно ги транспортираат своите производи и придонесуваат во економскиот развој на земјата“, рече Ковачевски.
Министерот Бочварски додаде дека градежната офанзива продолжува со силна динамика и насекаде во државата и дека Владата покажа решителност и со преземање навремени мерки обезбеден е континуитет на сите проекти.
„Важно е капиталните инвестиции да продолжат да се реализираат бидејќи градежништвото претставува мотор на економијата, а тоа е повеќе од значајно во овие времиња на светска економска криза, чии последици ги чувствуваме и во нашата држава. Економскиот бенефит што го носи модерната инфраструктура, регионалното поврзување со соседите, безбедното патување, зголемената размена на стоки и услуги, веќе ја чувствуваме. Градежништвото мора да го одржиме на патот на закрепнување, остануваме партнери со сите градежни компании и продолжуваме да работиме на зацврстување на домашната економија и подобри услови за граѓаните“, рече Бочварски.
Директорот Рустеми истакна дека работите се одвиваат во согласност со предвидената динамика, а овој пат е од суштинско значење за граѓаните како во регионот така и во целата земја.
„Со проектот за рехабилитација на Маврови Анови – Жировница предвидено е да се изведат повеќе градежни зафати, како што се нова коловозна конструкција, санација на осумте моста, изведба на нови потпорни ѕидови, бидејќи сите сме сведоци на честите одрони на оваа делница, и други работи со кои ќе се подобри безбедноста на делницата. Во моментот интензивно се работи на повеќе точки на патната делница, а се извршуваат и асфалтерски работи. Безбедноста на државните патишта е наш приоритет и затоа очекуваме изведувачот на работите JV ISA 2000 – PELAGONIJA од Гостивар квалитетно и навремено да ја заврши доверената работа. Надзорен орган над работите е ГИМ заедно со ‘Евро консалтинг’ и ‘ИРД инженеринг’“, рече Рустеми.