Економија
Животот е за забава: нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО

Разноликоста и диверзитетот на брендовите, како во светот, така и во земјата, со секоја измината година, стануваат сè поголеми, а со истото конкуренцијата во различни сегменети паралелно се зголемува, а воедно и шарената палета на различни понуди и производи.
Пред почетокот на пандемијата, е-шопингот од страна на македонскиот просечен потрошувач беше најмногу перцепиран генерално како вид на купување, којшто можеби не е доволно безбеден, веродостоен и непроверен, со постоење на големо ниво на доверба само во традиционалниот начин на купување, – во физичка продавница.
Но, брзиот начин на живеење, пост-пандемичниот период и новите сфаќања, навики, развојот на технологијата, како и појавувањето на новите очекувања на потрошувачите, а најмногу на помладите генерации, креираа нова реалност каде што модерниот животен стил го охрабри денешниот потрошувач од скоро сите генерации да ја додели својата доверба на онлајн купувањето, како и реалност во која е-шопингот е сè почест начин на купување и новото нормално.
Онлајн продавницата на МИНИСО Македонија, вклучува големи придобивки за сите регистрирани корисници, како бесплатна достава за нарачки над 3.000 денари, онлајн поддршка 24/7, безбеден систем при плаќање, како и 100% поврат на средства односно до 15 дена враќање на пратка.
„Со овој потег на онлајн трансформација, МИНИСО како бренд инспириран од јапонската мода и стил, полека, и официјално се префрла во светот на онлајн шопингот, каде што се овозможува шансата било кој од било каде и во било кое време да може да го нарача својот следен подарок за најблиските пријатели и семејство, својот нов омилен гаџет или нов украс за својот дом. Големиот избор од над 8.000 производи, од кои дел се специјални линии на соработка, меѓу Минисо и глобални бренд имиња и франшизи како Марвел и Дизни, креира еден посебен свет од лајфстајл производи за сите вкусови и возрасти,“ изјави Кристина Маркоски Зимбакова, генерален директор на МИНИСО Македонија.
Македонската пејачка Лара Иванова на почетокот на годинава преку заедничка соработка со овој бренд, во јавноста беше претставена како бренд амбасадор на Минисо Онлајн и во претстојниот период Минисо и Лара најавуваат голем број на нови изненадувања.
Официјалната македонска веб продавница на МИНИСО е веќа активна и достапна за сите заинтересирани љубители на уникатни и интересни лајфстајл подароци, аксесоари, украси и гаџети, како и на брзиот и практичен начин на живеење – minisomacedonia.com.mk.
МИНИСО – затоа што животот е за забава
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Пендаровски: Со исполнување на приоритетите на „Македонија 2030“ ќе создадеме услови за одржлив раст и развој

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на затворањето на 11. издание на самитот „Македонија 2025“, на кое годинава во фокусот беа забрзаната дигитална трансформација, регионалната соработка и иновациите.
Претседателот Пендаровски во обраќањето истакна дека економските состојби веќе не се менуваат од година на година, туку од ден на ден, па дури и од час на час и дека должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој период. Тој истакна дека доколку сакаме одржлив раст, ќе мора да го преобмислиме моделот на економскиот развој и посочи на рамката за развој „Македонија 2030“ како платформа за долгорочна визија за развојот и иднината на Северна Македонија, стратешки документ, кој претседателот најави дека официјално ќе се промовира наредниот месец.
Претседателот ги наведе приоритетите на „Македонија 2030“, меѓу кои се забрзување на економскиот раст од најмалку 5 % годишно преку структурна трансформација на стопанството, повисока заштита на животната средина и редефинирање на македонската политика за енергетика, фокусирање на дигиталната инфраструктура и забрзување на дигиталната трансформација на државата и општеството, како и сериозни системски зафати за создавање сеопфатно, квалитетно и дигитализирано образование, приспособено на современите светски трендови и пазарот на трудот.
„Верувам дека доколку ги исполниме овие приоритети, ние не само што ќе го пребродиме овој турбулентен период со помалку загуби туку и ќе успееме да создадеме услови за одржлив раст и развој“, порача претседателот Пендаровски.
Компании
Кирил Лазаров – „Никоб“ е бренд што го создадоа задоволните клиенти

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија ја посети НИКОБ Групацијата и му беа презентирани услугите кои НИКОБ Обезбедување, НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб ги нуди на пазарот.
Беа презентирани дел од капацитетите на физичкото обезбедување на НИКОБ обезбедување, патролното обезбедување, транспортното обезбедување, капацитетите на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб, возилата, медицинските тимови.
Посетата беше заокружена со презентирање на Центарот за Кеш услуги и Националниот мониторинг центар, услуги кои се уникатни во Македонија и се на ниво на земјите членки на Европската Унија.
Она што беше иновативно е презентирањето на персоналната камера која ќе биде дел од личната опрема на физичкото, патролното и транспортното обезбедување и интергирање на камери во возилата кои ќе имаат за цел да ги снимаат сите интервенции.
При посетата на премиерот се реализирање и средба со менаџментот на НИКОБ Групацијата на која му беа презентирани идните инвестиции во здравствениот сегмент, но и нов инвестициски циклус во безбедносните системи.
Посетата заврши со пресконференција на претседателот на Владата и сопственикот на НИКОБ Групацијата, Кирил лазаров.
Ова е изјавата на Кирил Лазаров, сопственик на НИКОБ групацијата од денешната посета на премиерот:
Почитувани медиуми,
Почитуван премиере,
Ви благодарам на сите што дојдовте,
Му благодарам на премиерот на денешната посета,
Денеска имавме можност по неколку основи да бидеме домаќини на претседателот на Владата, и тоа заради;
– 25 години од основањето на НИКОБ обезбедување,
– 1 година од основањето на НИКОБ Медикал,
– 1 Година од основањето на Никоб Лаб,
– 5 години од основањето на Центарот за Кеш Услуги
И, секако неколку години по ред сме фирма која е една од најголемите работодавци со домашен капитал во државата. Денес НИКОБ групацијата вработува околу 2600 вработени. Во последните три години инвестиравме околу 15 милиони евра во сите 4 правни субјекти, и тоа значи во опрема, човечки капитал, млади доктори и медицински персонал, стипендии, објекти, системи, возен парк итн. НИКОБ групацијата има годишен обврт на капитал од околу 30 милиони евра. Во овој период инвестиравме во деловните простории и канцларии креирајќи квалитетна, удобна и пријатна работна средина на вработените во администрацијата.
Го информиравме премиерот за идните инвестициски планови во делот на медицината, зајакнување на капацитетите на обезбедувањето со примена на нови технологии и системи како би ја зголемиле продуктивноста на вработените, а на клиентите би им понудиле уште подобра безбедносна и здравствена заштита. Нашите планови се да го зајакнеме приматот на лидери на пазарот во сегментот на обезбедувањето на имот и лица, со тоа што ќе понудиме услуги кои сеуште ги нема во Македонија во делот на приватното обезбедување. Планираме секој вработен од физичкото, патролното и транспортното обезбедување да имаат интегрирана
персонална камера на својата униформа, а ќе имплементираме и камери во возилата кои ќе ни даваат јасна позиција и слика кога ќе се интервенира.
Она на кое сум посебно горд е што инвестиравме во примарниот здравствен сегмент кој се покажа како неопходен во најголемата светска пандемија стекнавме доверба на околу 5000 пациенти и поминавме над 35.000 киломитери со НИКОБ Медикал како во државата така и во странство, за само една година. Инвестиравме и задржавме млад здравствен кадар – доктори и медицински персонал, во опрема и модерни возила.
Би сакал да истакнам дека со само една година постоење на НИКОБ Лаб станавме лидери во тестирањата за ковид 19. И, со нашето влегување на пазарот практично ги намаливме цените на приватните тестирања за Ковид 19 за повеќе од 50% и значително го помогнавме државниот здравствен систем со брзите медицински интервенции и нашите капацитети.
Суштината на нашите услуги е дека им помогнавме на граѓаните да имаат избор, да имаат достапност и квалитет и што можеби е најважно прифатливи цени за семејниот буџет.
Почитувани,
Денес она што е НИКОБ, лидер во обезбедувањето на имот и лица и потенцијален лидер и во здравствениот сегмент не е резултат на некаков поклон или концесија, туку е резултат на напорна работа, добар тим, лојални работници, предвилива работна средина, стратешки концепт за понатаму и постојани инвестиции кои го диктира новото време и барањата на клиентите.
Не може нешто да постои и опстои и да се развива цели 25 години ако во тоа не биде вградени принципите на чесност, работливост, инвестиции и иновативен пристап.
За нашата работа ние даваме отчет само на нашите клиенти, нашата вредност е во 22 000 задоволни клиенти, база која постојано расте, таа база не ни ја поклонил никој, сами ја стекнавме со работа и визија.
Не сме случајно и лидери во тестирањето за ковид 19 со НИКОБ Лаб ниту е случајна бројката од 10,000 интервенции со брзата медицинска услуга на НИКОБ Медикал, сето тоа е наша благородна мисија у ние сме тука за граѓаните и заедниците и се водиме по нивните барања и нивниот интерес.
Профитот не е наша главна цел, затоа и ги намаливме цените на ковид тестирањата од 5000 ден на 1600 денари и тоа го препозна секој.
Е, тоа е пример за вистинска конкуренција, но и искрен пристап кон граѓаните.
Не се водевме по брз, нечесен и немилосрден профит во сред најголемата пандемија, туку достапност, брзина, квалитет и цени прифатливи за сите.
Лидери сме во обезбедувањето на имот и лица, во бројот на клиентите или во тестирањата само затоа што клиентите и граѓаните така избраа.
Ќе продолжиме уште поактивно со уште подобри и подостапни услуги.
Ви благодарам
ПР
Економија
(Видео) Ковачевски: Посветени сме на заштитата на стандардот на граѓаните

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати на настанот по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата Никоб – ПЗУ Никоб медикал и Никоб лаб.
Премиерот Ковачевски овие инвестиции ги оцени како значајни затоа што се остваруваат во услови на сегашната економско-енергетска криза, а значат раст на бројот на работни места.
„Овие инвестиции се направени во екот на светската здравствена криза со Ковид-19 со што групацијата Никоб покрај иницијативноста за инвестирање во време на криза покажа и општествена одговорност. Инвестициите како оваа денес и развојот на домашните компании се двигател на националната економија. Истите се возможни како резултат на заложбите на Владата насочени кон создавање услови за развој на приватниот сектор, но и овозможување услови младите својата иднина да ја градат тука, дома, во компании кои се посветени да придонесат кон економскиот развој на државата но и да вложат во развој на човечкиот капитал.
Овие инвестиции се исто така значајни и нивната вредност е уште поголема со оглед на тоа што се случуваат во услови на сегашната економско-енергетска криза, а значат раст на бројот на работни места. Во таа насока, инвестицијата на оваа компанија ја гледаме и од аспект на отворање на нови, високо стручни работни места за наши сограѓани кои своите професионални ангажмани сега ги остваруваат во групација која има преку 2.600 вработени.
Зачувувањето и отворањето на нови работните места е висок приоритет на оваа Влада. И во услови на пандемија, со шесте пакети антикризни мерки, кои се проценети на вредност од околу 1,2 милијарди евра, беа сочувани околу 60-80.000 работни места и беа поддржани преку 20.000 компании.
Согласно плановите за развој стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3% во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 %.
Сите овие политики и мерки обезбедуваат поддршка и за граѓаните и за компаниите со што се овозможува поволна клима за понатамошен економски развој. Од тој аспект иницијативноста каква што ја покажува Никоб групацијата е особено ценета бидејќи е резултат на прифаќање на предизвиците кои со правилен пристап, посветено и заеднички можат да се совладаат“, посочи премиерот во своето обраќање.