Контакт

Економија

Заев: Влегувањето на Француската агенција за развој е дополнителна поддршка за земјата

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Француската агенција за развој предводена од регионалниот директор за Западен Балкан, Доминик Отберг, придружуван од амбасадорот на Република Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер.

dobivaj vesti na viber

На средбата, на која присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, премиерот Заев изрази задоволство од неодамна потпишаниот договор за соработка со Француската агенција за развој и истакна дека овој договор е од значење како дополнителна поддршка во достигнувањето на европските стандарди во нашата земја и истовремено претставува силен сигнал за зајакнување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција.

Премиерот Заев го оцени како исклучително значајно нагласеното внимание на Франција кон земјите од Западен Балкан во последните неколку години, како и стратегијата на Париз за поддршка на развојот и за евроинтеграциските процеси на земјите од регионот.

Амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер, и во оваа пригода го повтори нагласениот интерес на Франција за регионот и додаде дека токму затоа од оваа година е зајакнато присуството на Француската агенција за развој на Западен Балкан и особено во Република Северна Македонија.

Регионалниот директор за Западен Балкан на Француската агенција за развој, Доминик Отберг, од своја страна, нагласи дека Франција и Агенцијата имаат нагласен интерес да учествуваат во повеќе проекти во Северна Македонија, со посебен акцент на енергетиката, јавното здравство, образованието, урбаниот развој, земјоделството, животната средина и транспортната инфраструктура.

Француската агенција за развој, информира регионалниот директор за Западен Балкан, Доминик Отберг, има годишен буџет од 14 милијарди евра и работи на 4.000 проекти во 115 земји во светот.

Економија

Енергетската криза ги затвора пекарниците во Белгија

Објавено пред

Растечките цени на струјата и природниот гас во Белгија ги доведоа во тешка ситуација пекарниците, поради што некои беа принудени да ги затворат вратите, бидејќи повеќе не можат да ги плаќаат сметките.

dobivaj vesti na viber

Како енергетски интензивен сектор, пекарите ги одржуваат рерните вклучени многу часови без застанување, што значи голема потрошувачка на гас и електрична енергија.

Цените на природниот гас во Белгија неодамна се зголемија за осум пати, заедно со цените на брашното, кои се удвоија, додека цените на маслото за јадење се зголемија за четири пати, пренесува „Танјуг“.

Пекарница по речиси 20 години работа реши да стави катанец на вратата откако објави дека сметката за енергија пораснала од 1.342 евра, колку што беше на почетокот на 2021 година, на 1.860 евра на почетокот на 2022 година за во септември да достигне до неверојатни 11.836 евра.

Адам Езел, пекар со 30-годишно искуство, вели дека најголем проблем во овој сектор е скокот на цената на струјата и природниот гас.

„Сметката за гас скокна од 1.400 евра на 10.800 евра, а со сметката за струја од околу 2.800 евра и други давачки, сето тоа изнесува вкупно 15.000 евра, што е многу голема сума“, раскажува тој.

Додава дека цената на тон брашно се зголемила од 450 на 850 евра, а маслото за јадење од 0,9 на 4,0 евра.

Според него, многу пекарници не можат да ги платат долговите кон големите трговци па сопствениците решиле да ги затворат, бидејќи под овие услови нема да можат да останат отворени повеќе од две-три години.

Многу белгиски пекарници кои сè уште работат отпуштаат работници, го намалуваат производството и ја зголемуваат цената на производите, е наведено во написот.

Прикажи повеќе...

Економија

Време е за одговорно однесување со енергенсите, поддршка за ранливите граѓани, порача владиниот економски совет

Објавено пред

Денес во Владата се одржа Економскиот совет на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финасии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, претставници на економскиот тим на Владата, пратеникот и професор Елми Азири, академик Таки Фити, претставници од енергетскиот сектор, ЕСМ, ЕВН, НЕР, РКЕ, гувернерката на Народната банка Анета Бежовска, директорката на УЈП Сања Лукаревска, претседателот на ССМ Дарко Димовски, Трпе Деановски претседател на Синдикатот на работниците од УПОЗ, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, претседателот на Сојузот на Стопански комори Трајан Ангеловски, извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска, претставници од стопанството, економски и енергетски експерти како и повеќе професори и претставници на академската јавност.

dobivaj vesti na viber

Низ конструктивен дијалог беа отворени сите теми од интерес за граѓаните и стопанството, а врзани со справување со економско-енергетската криза во која се наоѓа Македонија, но и Европа во целост. Воедно транспарентно беа споделени и сите податоци со кои располагаат институциите и стопанството сè со цел што посеопфатно справување со последиците од економската и енергетската криза, информираа од Владата.

На состанокот беа разгледани сите опции за снабдување со електрична енергија од домашно производство, како и модалитетите за поддршка на стопанството и граѓаните на кои тоа им е потребно. Во таа насока беше истакнато зголемувањето на производството на електрична енергија од АД ЕСМ за 25%, како и напорите да се обезбеди електрична енергија со пониска берзанска цена за што веќе се водат преговори со неколку земји. Овие напори продолжуваат и во наредните денови, сè со цел помош на компаниите кои се на отворениот пазар да добијат струја која е поповолна од берзанската цена.

Во рамки на заложбите за обезбедување електрична енергија од сопствени извори беа разгледани модалитетите за вклучување на електраната ТЕТО во „Б режим“, пришто нејзиното производство би било понудено на приватниот сектор по фиксна цена, согласно движењето на берзанските цени на гас.

„Сите сме свесни за тоа како енергетската криза ќе се одрази врз целокупната економија на државата, врз стопанството и граѓаните. Наредната недела Владата ќе излезе со конкретни таргетирани мерки насочени кон најранливи категории граѓани и компаниите. Воедно ќе продолжи економскиот и социјален дијалог со синдикатите со цел сите заедно полесно да ја пребродиме кризата“, истакна премиерот Ковачевски и ги повика сите чинители во државата на одговорно однесување. Воедно премиерот Ковачевски истакна дека се обезбедуваат и мерки за помош на компаниите преку Развојната банка, кои ќе овозможат ликвидност за компаниите и полесно пребродување на кризата во месеците кои следат.

На Економскиот совет беше реафирмиран апелот до пратениците во Парламентот за што поскоро изгласување на Законот за задолжување во европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра, што обезбедува ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка, како и за работењето на ЕСМ во услови на криза. Премиерот Ковачевски во овој контекст посочи дека не е време за политички агенди, туку за работење исклучиво во интерес на граѓаните и државата. Апелот воедно се однесува и на Законот за енергетика и неговите соодветни измени, на Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за распределба на финансиски средства, односно прераспределба на ставки кои што се однесуваат на справување со енергетската криза.

На состанок на Економскиот совет се обратија и министерот за финансии Фатмир Бесими, кој истакна дека буџетот нема да има проблеми со ликвидноста и покрај економската криза и дека бизнис-заедницата може да биде спокојна, но и подготвена на одговорно работење.

На Економскиот совет гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, истакна дека навремено се согледани макроекономските импликации на енергетската криза и дека се преземени сите потребни мерки за контрола на инфлацијата и одржување стабилен курс на денарот. Воедно беше посочено дека финансиската стабилност и ликвидност на банките е обезбедена и во време на криза.

Заклучено беше дека енергетската состојба е стабилна и дека дополнителните таргетирани антикризни мерки за граѓаните и стопанството на кои Владата работи активно се потребни што поскоро. Воедно, утврдена беше потребата од одговорно однесување кон енергенсите, солидарност и поддршка за ранливите категории граѓани.

Прикажи повеќе...

Економија

Дизелот поскапува

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек од 0,99 % во однос на одлуката од 3.10.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините 2,807 %, кај дизелот 3,614 %, кај екстра-лесното масло 4,615%  и кај мазутот зголемување е 1,978 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,231 %.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 2,00 денара/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува 2,50 денара/л.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 6.10.2022 година од 00.01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 89,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 94,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,00 (денара/литар)

Мазут М-1 НС – 50,228 (денари/килограм)

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 часа

Шолц: Имаме проблем со работната сила, потребна е функционална миграциска политика

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека Германија има проблем со работната сила и коментираше каква заедничка миграциска политика би сакал...

Европа8 часа

Земан: Ризикот од нуклеарен конфликт е висок, верувам во силен воен одговор

Ризикот од нуклеарен конфликт е голем поради руските закани за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина, изјави денеска во...

Економија9 часа

Време е за одговорно однесување со енергенсите, поддршка за ранливите граѓани, порача владиниот економски совет

Денес во Владата се одржа Економскиот совет на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, вицепремиерот...

Европа11 час

Поранешен шеф на ЦИА: Западот треба сериозно да ги сфати заканите на Путин

Поранешниот шеф на ЦИА во Москва, Ролф Ловат-Ларсен, зборуваше за „CBS“ за нуклеарните закани на рускиот претседател Владимир Путин. Ловат-Ларсен...

Европа13 часа

(Видео) Станбена зграда се урна во Турција по експлозија на гас

Станбена зграда во Турција се урна по експлозија предизвикана од истекување гас, јавија турските медиуми. „Си-ен-ен Турк“ објави дека експлозијата...

Европа13 часа

Германија: Сè повеќе граѓани се со финансиски проблеми

Сè повеќе германски граѓани се соочуваат со големи финансиски тешкотии, а цените на енергентите и на прехранбените производи би можеле...

Топ15 часа

Деветмина повредени во сообраќајна несреќа на „Словенечка“

Девет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот Словенија во Скопје. Несреќата се случила меѓу...

Топ17 часа

Вработен во „Пошта“ уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К. Л. (59) од Скопје поради постоење основи на сомнение...

Свет18 часа

Антонов: Новата воена помош од САД за Украина го зголемува ризикот од воен конфликт меѓу Русија и Западот

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, изјави дека одлуката на Вашингтон да испрати поголема воена помош за Украина ги загрозува...

Свет18 часа

Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Иран, најмалку 276 повредени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северозападниот дел на Иран, а државната телевизија и...

Свет18 часа

Продолжуваат ударите на руските сили – погодени повеќе од 27 населени места во Украина

Генералштабот на вооружените сили на Украина утрово соопшти дека руските сили во изминатите 24 часа извршиле девет ракетни напади, шест...

Европа18 часа

ЕУ воведува ограничување на цената на нафтата во новите пакет-санкции против Русија

ЕУ се согласи да воведе ограничување на цената на нафтата во новиот план за санкции за Русија, но последните детали...

Европа19 часа

Австрискиот ловец на плагијати најде нова жртва – министерот за внатрешни работи

Ловецот на плагијати, Штефан Вебер, најде нова жртва, австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, за кого тврди дека го...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави контактите за набавка на поевтини енергенси и ќе се разгледаат предлозите

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти за набавка на поевтини енергенси, за што конкретно е задолжен министерот за...

Македонија1 ден

Ахмети: Во ДУИ немало оган, ниту ќе има

Заврши средбата во седиштето на ДУИ во Мала Речица. По речиси шест часа, лидерот на партијата Али Ахмети рече дека...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Пред состанокот бев загрижен, истата загриженост ја споделувам и сега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ја има истата загриженост како и пред...

Свет1 ден

(Видео) Бајден повторно се изгуби, предизвика загриженост за неговото здравје

Здравствената состојба на шефот на Белата куќа Џо Бајден за време на неговото официјално патување во Порторико уште еднаш го...

Свет1 ден

Путин заминал во бункер од каде ги носи клучните одлуки, го предупредил и семејството

Рускиот претседател Владимир Путин наводно подготвува клучни одлуки за можен нуклеарен напад во бункер далеку од Москва, јавуваат западните медиуми....

Економија1 ден

Од 15октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна...

Европа1 ден

Лукашенко: Украинците постојано провоцираат на границата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини соседна Украина дека испратила 15.000 војници во граничната област за да изгради одбрана...