Економија
Заев: Креираме поволен деловен амбиент за зголемување на извозот и за нови инвестиции

Партнерски креираме поволен деловен амбиент за зголемување на извозот и за нови инвестиции, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев, кој со владиниот економски тим одржаа онлајн-состанок со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и со Асоцијацијата на странските компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странските инвестиции, чиј претседател е Виктор Мизо.
На состанокот се дискутира за заклучоците во однос на приоритетните прашања презентирани од Асоцијацијата на состанокот одржан во декември 2020 година.
Приоритетите се во неколку клучни области во делот на царински стапки за увоз, инфраструктура, даночни политики, инвестициски трошоци, подобрување на законската регулатива, како и други прашања во насока на унапредување на секојдневното работење на компаниите.
Премиерот Заев истакна дека за Владата од голема важност е зголемувањето на довербата на инвеститорите, почнувањето нови инвестиции, поттикнувањето на извозот, зајакнувањето на човечкиот капитал, а со тоа и подобрувањето на севкупниот економски раст во државата.
На состанокот дискутираа заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, и на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески.
На состанокот беше истакнато дека од голема важност е во Собранието на Република Северна Македонија да има консензус во однос на прашањата што се од национален интерес за економски развој на земјата.
Дополнително, беше истакнато дека позитивен сигнал е растот на извозот. Во согласност со податоците на Статистика, вкупниот извоз во јануари бележи раст од 15,5 % во споредба со истиот месец минатата година и изнесува 32,5 милијарди денари. Ова е шести месец по ред како што извозот расте и воедно бележи најголема покриеност на увозот со извозот со стапка од 84,7 %.
Во петтиот пакет економски мерки до крајот на 2021 година се укинуваат царинските стапки за 71 продукт и суровина. За извозните компании дополнително се укинати и намалени царинските стапки за 31 суровина и за месо. Предвидено е и ревидирање на царинскиот тарифник и усогласување со правилата на ЕУ-пазарот и пазарите на членките на Светската трговска организација. На располагање се и други владини мерки за компаниите од сите дејности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Дали во ек на пандемија вашите вработени сѐ уште немаат колективно осигурување?

Вашата компанија ќе ја постигне својата супериорност, тогаш кога ќе го прифатите осигурувањето како инвестиција во сигурност. Тоа е столбот на целиот Ваш бизнис.
Вработените на една компанија се оние која ја прават да биде моќна, тие се нејзиниот двигател кон успех. Со осигурувањето на вработените се испраќа јасна порака за нивната значајност и важност, а тоа е патот да создадете безгрижен и успешен тим.
Новите насоки за доследна примена на регулативата на пазарот за осигурување, која стапи на сила од 1 јануари 2021 година, а која се однесува на тоа колективно осигурување на вработени со вклучен ризик смрт од болест да можат да нудат само Друштвата за осигурување на живот, бидејќи ризикот смрт од болест по дефиниција припаѓа во оваа група на ризици, ја наметна потребата друштвата за осигурување да ги прилагодат своите понуди на новонастанатите услови на пазарот.
Брзо растечката компанија за осигурување на живот, Триглав Осигурување Живот АД Скопје, беше меѓу првите осигурителни компании кои ја прилагодија својата понуда креирајќи производ Колективно ризико осигурување со покритие за смрт од болест. Производот е наменет за вработени во приватни компании, државни институции, членови на синдикални здруженија и сл., a има за цел да овозможи финансиска заштита на семејство на работникот при настанување на немил настан предизвикан од болест.
Компанијата која се јавува во улога на договорувач на осигурувањето го дефинира износот на премија и динамиката на уплата, при што премијата по вработен може да изнесува и само 30 денари месечно.
Триглав Осигурување Живот АД Скопје од почетоците на пандемијата минатата година, обезбеди целосно осигурително покритие на сите свои осигуреници во случај на смрт од CoVid-19. Колективното осигурување со вклучен ризик смрт од болест, покрај покритие за оваа болест, овозможува и низа привилегии и можности за останати осигурителни покритија. Плаќањето на полисата може да биде регулирано преку заддршка од плата на работникот или на терет на работодавачот, а во таков случај овој издадок за компанијата има третман на даночно признат трошок.
За повеќе информации,
📞 02 5102-201
Триглав Осигурување – Живот, за живот со насмевка
(ПР текст)
Економија
Измените на Законот за игрите на среќа ќе ја збришат индустријата – без работа остануваат повеќе од 8.000 луѓе

Предлог-измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) ќе ја збришат целата стопанска гранка, апелираат приредувачите на игри на среќа во земјава и упатуваат на несогледливите последици со кои ќе се соочи државата.
Од оваа стопанска гранка во земјава директно егзистираат повеќе од 8.000 семејства, а индиректно повеќе од 50.000 во други стопански гранки. Ако се имплементираат законските измени кои се однесуваат на растојанието од 500 м на деловните објекти на приредувачите на игри на среќа од образовните институции, тие ќе треба да стават клуч на врата. Со тоа, се брише една стопанска гранка која сама по себе има силен социо-економски придонес во државата, а неизбежно ќе се случи домино ефект врз целото стопанство, укажуваат приредувачите на игрите на среќа. Велат, ако се затворат нивните деловни објекти, тоа ќе предизвика силен удар и врз сите останати гранки во целиот синџир на вредности – наем на простор, мебел, ИТ опрема, софтверски решенија и уште низа други.
Минатата недела во соопштение за медиуми, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) изнесе категоричен став дека, за нив, одалечувањето на деловните објекти е целосно неприфатливо. Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од образовните институции значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места и гасење на целата гранка, посочија од АСОМ.
Во повеќе наврати до сега, приредувачите на игри на среќа укажуваат дека законското решение кое се предлага би можело да има несогледливи последици врз, и така кревката, економија која е силно погодена од ковид-кризата.
Предупредуваат дека државната каса би останала покуса за повеќе од 250 милиони евра кои приредувачите годишно ги уплаќаат во буџетот и велат дека гасење на оваа стопанска гранка која значајно придонесува кон економската стабилност на државата во било кое време, а особено сега во време на најголема криза, е несфатливо и неприфатливо за никого.
(ПР текст)
Економија
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,76 % во однос на одлуката за изменување на одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 7.4.2021 година.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 7.4.2021 година.
Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 7.4.2021 година.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,513 денари за килограм и сега ќе изнесува 34,266 денари за килограм, известува Регулаторна комисија.
Од 13.4.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– за моторниот бензин „евросупер БС-95“ цената ќе биде 67,00 денари за литар, а цената на моторниот бензин „евросупер БС-98“ ќе изнесува 69,00 денари за литар.
– дизел-горивото „евродизел БС“ (Д-Е V) ќе се продава за цена од 58,00 денари за литар, а маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за цена од 57,50 денари за литар.
– цената на мазутот М-1 НС ќе биде 34,266 денари за килограм.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот 1,044 %, кај дизелот 0,121 %, кај екстра-лесното масло 0,031 % и кај мазутот намалувањето е 1,2 %, велат од РКЕ.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш