Контакт

Економија

Заев на средба со лозарите: Бараме начини квалитетниот род и трудот дополнително да бидат наградени

Објавено пред

Премиерот  Зоран Заев вчера во Кавадарци се сретна со лозарите од регионот, претставувани од Здружението „Напредни лозари“. На средбата во општинската зграда, на која се придружија поголем број лозаропроизводители стана збор за актуелните прашања поврзани со сезонскиот откуп на грозјето кој е во тек и кој ќе се засили до крајот на месецот и во текот на септември.

Заев рече дека ќе бидат направени дополнителни разговори со винариите за можностите за дополнително зголемување на цената за откуп. Тој ја прифати како реална иницијативата на лозарите за зајакнување на инспекциските контроли на откупните станици заради поплаките на лозарите дека откупувачите не го вреднуваат грозјето соодветно на квалитетот.

„Ќе обезбедиме за секој откупен пункт да има во тие месец дена додека трае откупот, постојано инспектори кои ќе ја контролираат откупот и шеќерните единици и контролата. Ќе изнајдеме најдобри начини. Да донесеме заеднички соодветни одлуки за да се решат сите прашања“, рече премиерот.

Тој додаде дека како високорангирана од 193 земји во светот по квалитет на вино, Република Македонија треба да го осигура тој углед и во иднина.

„Грозјето ни е еден од најстратешките производи. Не можеме да интервенираме директно во цените бидејќи така можеме да го нарушиме пазарниот принцип. Но, можеме да најдеме други пазари, дополнителни откупувачи. Ќе ги провериме цените за откуп на соседните земји Бугарија, Србија, Црна Гора, за да се обидеме да ги изедначиме нашите. Затоа се бориме и за ЕУ, тоа е таа борба која ја водиме и која ќе отвори дополнителни можности и пазар од 500 милиони жители“, нагласи премиерот Заев.

Како еден од заклучоците на оваа средба премиерот Заев порача дека барањата на лозарите за минималните цени се јасни, и тие барања ќе бидат пренесени во работните тела на владата како аргументите за да се земат предвид кога ќе се носат одлуки од интерес на лозаропроизводителите.

Економија

Меркел пред министрите за земјоделство: До 2050 година светот треба да произведува 70% повеќе храна

Објавено пред

Во рамки на саемот за земјоделство и храна „Зелена недела“, што се одржува во Берлин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присуствуваше на Глобалниот форум за храна и земјоделство (GFFA).

Како што информираат од ресорното министерство, годинава темата на форумот е „Земјоделството се дигитализира – Паметни решенија за идното земјоделство“.

На денешниот состанок, на оваа тема на меѓународните министри за земјоделство им се обратила германската канцеларка, Ангела Меркел, заедно со министерката за храна и земјоделство на Германија, Јулија Клекнер.

Пред министрите од 70 земји во светот Меркел зборувала за значењето на дигитализацијата за иднината на земјоделството.

Од МШЗВ посочуваат дека Меркел истакнала оти сите земјоделци се соочуваат со заеднички проблеми, како што се климатските промени, трговската размена и пласманот на земјоделските производи. Според проценките на Обединетите нации, додала таа, до 2050 година треба да се произведува 70% повеќе храна за потребите на светот.

„Со помош на дигитализацијата во делот на маркетингот и прехранбената индустрија можеме подобро да ја користиме храната, за помалку да се фрла и да се хранат повеќе луѓе. Ова е само еден од проблемите со кои ќе треба заеднички да се соочиме, а дигитализацијата може многу да помогне во овој процес. Нема единствено решение за сите проблеми, проблемите варираат, но решенијата треба да ги вклучуваат интересите и на малите и на големите земјоделски стопанства, како и способноста за регенерација на природата, односно грижата за животната средина“, порачала германската канцеларка.

Глобалниот форум за храна и земјоделство е меѓународна конференција која се фокусира на централните прашања за иднината на светската индустрија за храна и земјоделство. Истиот нуди уникатна можност за претставниците од политиката, бизнис-секторот, науката и граѓанското општество од целиот свет да споделуваат идеи и подобро да ги разберат темите од земјоделската политика.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Млад автомеханичар од Прилепско иновираше теренско возило за чистење снег

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, се сретна со деветнаесетгодишниот Христијан Котески, млад автомеханичар од прилепското село Борино, кој со сопствен труд и средства успеал да направи теренско возило за чистење снег.

Како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот, тој му честитал на младиот Христијан за успешниот иновативен потфат и разговарал со него за процесот на креирање на возилото.

Со оглед на тоа што станува збор за лице кое нема постојан работен ангажман, вицепремиерот укажал на некои од можностите што им се достапни на младите иновативни лица, како што се грантовите за самовработување преку Агенцијата за вработување со кои се дава неповратна финансиска поддршка од 5 000 евра, пари кои би можело да се искористат за регистрирање фирма и опремување на механичарска работилница.

Подоцна, со развојот на компанијата, Анѓушев објаснил дека се нудат можности и за аплицирање на инструментите за поддршка на мали и средни претпријатија од Фондот за иновации и технолошки развој и се овозможува поддршка во форма на поврат до 30% од инвестирани средства за технолошки развој на компаниите.

Прикажи повеќе...

Економија

„Тесла“ укинува неколку илјади работни места

Објавено пред

Произведувачот на електрични автомобили „Тесла“, денеска објави дека ќе укине неколку илјади работни места во настојувањата да ги намали трошоците и да остане профитабилен додека го развива производството на својот клучен производ – „моделот 3 седан“.

„’Тесла’ мора да почне со такви намалувања во текот на следните месеци бидејќи го забрзува производството на варијанти на „моделот 3“ и вложува во инженерски подобрувања во производството. Не постои друг начин“, напишал извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, на блогот на компанијата.

Компанијата соопштила дека бројот на вработени на неопределено време ќе го намали речиси 7 отсто, а вработувањето за оние на определено и на договор ќе остане само за најнужните.

Прикажи повеќе...

Најново

Истражувања8 часа

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Македонија9 часа

(Видео) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави...

Македонија9 часа

(Видео) Наумовски си ја зголеми платата, а Ѓорче Петров нема пари за ветените базен и градинка

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во Општината во...

Топ10 часа

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на...

Македонија12 часа

(Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“,...

Македонија12 часа

(Видео) Кекеновски со иницијатива до Уставниот суд: Се противам на каубојското носење на Законот за јазиците

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и...

Македонија12 часа

Камчев со Јанакиески: „Шефе, со дупоиве што ги обори Центар, шо стана“?

Во кривичниот суд во Скопје се одржа рочиштето за предметот на СЈО ,,Насилство во Општина Центар“. На денешното судење беа...

Македонија14 часа

„Јадеше гулаш во Унгарија, а?” – Јанакиески се пошегува со посетителот на Груевски

Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го...

Македонија15 часа

Владата: Законот за јазиците не воведува целосна двојазичност

Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања. Македонскиот јазик со кирилското писмо...

Свет15 часа

В недела целосно затемнување на Месечината, ќе трае еден час

Месечината, Земјата и Сонцето за време на викендов ќе бидат во иста линија кога се очекува целосно затемнување на Месечината,...

Свет18 часа

Трамп ја откажа делегацијата на Светскиот економски форум во Давос

Претставниците на администрацијата на Трамп нема да отпатуваат на Светскиот економски форум во Давос овој месец, во контекст на делумната...

Свет18 часа

Најмалку еден убиен и еден повреден во пукање во Хјустон

Една жена била застрелана на паркингот на една црква во Хјустон, Тексас во четвртокот, а уште едно лице било рането,...

Македонија1 ден

Оливер Андонов учествуваше во сообраќајка, има повредени

Ексминистерот за внатрешни работи и поранешен директор на ЈП „Јасен”, Оливер Андонов, учествувал во сообраќајна несреќа што се случила попладнево...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и коалициските партнери бараат предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по состанокот со лидерите на политичките партии коишто се дел од коалицијата „За подобра Македонија“, ја...

Македонија1 ден

По скратена постапка донесен Законот за спречување на корупцијата

Со 81 глас „за“, попладнево во Собранието по скратена постапка беше донесен Законот за спречување на корупцијата и судир на...

Регион1 ден

Путин: Последните потези на Приштина предизвикуваат загриженост

Рускиот претседател, Владимир Путин, за време на престојот во Белград изјави дека рускиот став по прашањето за Косово е познат....

Регион1 ден

Грчката влада печати копии од преспанскиот договор за граѓаните

Грчката влада ќе достави до граѓаните десетина илјади копии од преспанскиот договор со цел тие да се информираат во пресрет...

Македонија1 ден

Алатката за потрошените пари на министрите работеше само три месеци

Ја промовираа во март 2018 година, а работеше до мај 2018 година. Алатката за отчетност на трошоците на министрите и...

Македонија1 ден

(Видео) ДУИ очекува СДСМ да си стои на договорот за заеднички кандидат за претседател

Коалциониот партнер на СДСМ, ДУИ, очекува СДСМ да си стои на договреното и на претседателските избори да излезат со консензуален...

Uncategorized1 ден

(Видео) Османи: Двоглавиот орел значи јас сум Албанец, а не порака за голема Албанија

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека веќе е почната примената на Законот за употреба на јазиците и дека тој лично денеска...

Досие