Контакт

Економија

Заев на средба со стопанственици во индустриската зона во Речица

Објавено пред

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во индустриска зона „Новине“- с. Речица, Кумановско ќе има работна средба со стопанственици од Кумановскиот регион. Средбата е закажана за во 12 часот, информира Владата.

Економија

(Видео) Анѓушев во Вашингтон: Силна поддршка од Светска банка и ИФЦ за развој на економијата

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, во рамки на учеството на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен медитеран „Нови стратегии – нови перспективи“, која се одржува во Вашингтон, во организација на Делфи форумот и весникот „Катимерини“, имаше средби со Сирил Милер, потпретседателот на групацијата Светска банка, задолжен за Европа и Централна Азија, и со Џорџина Бејкер, потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ задолжена за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите.), со кои разговараше за тековните и идни проекти во Северна Македонија со поддршка на овие две организации.

На средбите во Светска банка, покрај средбата со потпретседателот Милер, реализиран е и работен состанок со работната група за најдобри светски практики во финансирањето и подигнувањето на конкурентноста, пред сè во насока на имплементација на Програмата за иновативност и конкурентност за наредните четири години, а која ќе биде поддржана од Светска банка.

„Во следните четири години Светска банка ќе го поддржи економскиот развој во Северна Македонија со повеќе програми во вкупна вредност од околу 420 милиони евра. Една од тие програми е подобрувањето на бизнис-околината. Активностите ќе опфатат подобрување на транспортните капацитети, патиштата, модернизација на земјоделството, подобрување на животната средина, а како особено важен сегмент би го издвоил подобрувањето на капацитетот за воведување иновации и подигнување на конкурентноста на македонските компании. Иновациите и подигнувањето на конкуретноста се особено важни за индустријализацијата на нашата земја и се обидуваме програмата на Светска банка да ја усогласиме со мерките кои веќе се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Програмата за поддршка на микро, малите и средни претријатија на Фондот за иновации и технолошки развој. Светска банка во декември ќе реализира мисија во Северна Македонија, каде ќе ги финализираме разговорите за усогласување на програмите“, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Тој додаде дека на состанокот со потпретседателот на СБ е отворена и тема за учество на оваа организација во Фондот за енергетска ефикасност, кој би се формирал по усвојување на Законот за енергетска ефикасност. Преку овој фонд би се овозможил пристап до финансиски средства на македонските компании за енергетски ефикасно да ги унапредат своите производствени процеси.

На средбата со потпретседателката на ИФЦ, Џорџина Бејкер, е разговарано за реализација на два значајни проекти: проектот за хидроелектраната „Чебрен“ и проектот за поврзување на странските компании со домашни добавувачи.

„Со ИФЦ постигнавме договор и согласност до крајот на декември да се распише тендерска постапка под променети и пазарни услови. ИФЦ веќе долги години има сознанија за овој проект, а очекувам со измените кои заедно со ИФЦ ги работиме изминатите 6 месеци, конечно, по 9 неуспешни тендери да имаме успешен тендер за реализација на овој значаен енергетски проект. Шансите тоа да се случи се големи, оптимизмот постои и кај Владата на Република Северна Македонија и кај ИФЦ “, нагласи вицепремиерот Анѓушев по средбите во Светска банка и ИФЦ.

На маргините на Конференцијата во Вашингтон, вицепремиерот имаше средби со повеќе видни личности од политичкиот и економски живот на САД, помеѓу кои и со поранешниот амбасадор во Северна Македонија и сегашен помошник-секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер, со когоразговараа за актуелните политички и економски состојби во земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Објавено пред

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка ги следи трендовите, ние сме стабилна држава и можеме да реагираме, рече премиерот Заев на јавната дебата по повод предлог-буџетот за 2020 година на НРТВ, поврзано со извештајот на меѓународниот монетарен фонд.

За извештајот на Меѓународниот монетарен фонд, министерката за финансии, Нина Ангеловска, рече дека ММФ е институција која секогаш има конзервативен пристап и е претпазлива при давање заклучоци, но дека нејзините коментари не се негативни во однос на нашата земја.

„Во однос на извештајот пишува дека се очекува да забави растот на приходната страна заради релаксацијата на даночните политики. Тоа не значи дека се очекува да паѓа или дека е негативен коментарот. Од друга страна, коментарот на расходната страна вели дека овие мерки, номиналната плата и покачувањето, напротив ќе овозможат брзо инјектирање што ќе придонесе до раст на приватната потрошувачка којашто очекуваме да го движи економскиот раст што е проектиран на 3,8 проценти“, рече Ангеловска додавајќи дека позитивно се оценети реформите и се охрабрува Владата да продолжи со нив.

Во однос на прашањето дали во буџетската проекција постои резервен план доколку се појави опасност од нова економска криза во европски и светски рамки, министерката Ангеловска рече дека во извештајот и заклучоците од Меѓународниот монетарен фонд не постојат вакви наговестувања.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев: За загадувањето обезбедени се неколкукратно повеќе средства од сите претходни буџети

Објавено пред

За борбата против аерозагадувањето обезбедуваме неколкукратно повеќе пари од  кои било буџети претходно, рече премиерот Заев во дебатата за буџетот 2020 на националниот радиодифузен сервис и додаде дека има дополнителни 100 милиони денари  во владината програма во Генерален секретаријат каде директно се спроведува политиката за борба против аерозагадувањето.

Тој истакна дека и во буџетите на повеќе министерства се предвидени еколошки програми, во кои влегува и аерозагадувањето и дека вкупно станува збор за над 15 милиони евра за борба против загадениот воздух.

„Ние од ЕСМ определивме 40 милиони евра за инверторите, ако се имплементираат 10-те милиони, ќе продолжиме понатаму без штедење. Ако успееме да ги имплементираме и реализираме, ќе сториме сè за да продолжиме со овие мерки. На 166-тата седница на Владата донесовме одлука  да може да почне кампањата за информирање на граѓаните како да аплицираат за инверторите и кој има право да аплицира“, информираше премиерот Заев по однос на средствата што се предвидени во буџетот за идната година наменети за борба против аерозагадувањето.

Премиерот Заев подвлече дека продолжува инвестирањето во гасоводната мрежа, за гасоводот што поминува покрај Скопје, Тетово и Гостивар, а идната година ќе се продолжи трасата кон Кичево и ќе се инвестира во мрежата директно до градовите. Како што истакна премиерот, сите овие активности претставуваат индиректно инвестирање во борбата против аерозагадувањето, нагласувајќи дека ако почнеше гасификацијата да се гради порано, наместо градбите во „Скопје 2014“, резултатите во однос на борбата со загадувањето ќе беа подобри.

Заев нагласи дека во мерки за справување со аерозагадувањето спаѓа и зголемената поддршка за производството електрична енергија од обновливи извори, како и промената на сите филтри во градинките, училиштата, промената на системите на греење каде има гас, како Струмица, Куманово, Чаир, затворот „Скопје“.

„Сето ова се ставки кои ги плаќаат различни министерства. Правиме дополнителни анализи за актуелностите во многу земји, како што е решавањето на проблемот со температурните разлики кои предизвикуваат задржување на талогот над котлините. Работиме, и иако се чини дека веднаш граѓаните не можат да ги видат резултатите, фокусирани сме на тоа“, посочи премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука59 минути

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија1 час

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Економија1 час

Заев: Инвестираме во човечкиот капитал преку мерки во образованието

Во однос на мерките преку кои државата ќе инвестира во човечкиот капитал, на што е посветен предлог-буџетот за идната година,...

Европа2 часа

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет2 часа

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија2 часа

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион14 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија14 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа16 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија17 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет20 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија20 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија22 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ22 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија23 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија1 ден

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ1 ден

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата1 ден

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Досие