Економија
Заев: Со новите содржини Пониква станува атрактивен регионален зимски центар

Со новите содржини Пониква ги активира потенцијалите за атрактивен регионален зимски центар, Владата ќе продолжи преку вакви инвестиции да ја покажува грижата за заживување на македонскиот туризам, изјави премиерот Зоран Заев од Пониква.
Тој рече дека Владата издвоила средства да се реконструира патот за Пониква, а Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка обезбедија 5 милиони денари да се реконструираат и да се стават во функција ски-лифтовите.
„’Осогово лично и различно’ беше слоганот на кампањата што го следеше процесот на прогласување на осоговскиот рурален предел под заштита според најдобрите европски практики за што од огромна помош беше поддршката на нашиот традиционално добар и посветен пријател – Швајцарија. Со оваа поддршка и со поддршката на Владата и на локалната самоуправа Осогово доби нов стимул да ги искористи максимално своите потенцијали“, рече премиерот.
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, посочи дека Пониква полека добива лик на зимски туристички центар, што е од исклучителна важност за развојот на Источниот Плански Регион за граѓаните што живеат таму, но и за целата држава.
Воедно, тој нагласи дека оваа реконструкција се прави првпат по 40 години, што покажува колку биле занемарени овие потенцијали, кои може да имаат значајно влијание на развојот на државата.
„Немаме море, но имаме прекрасна природа и одлични терени за зимски спортови. Министерството за локална самоуправа ги има идентификувано развојните потенцијали на планските региони и веќе работи на подобрување на условите за развој на туризмот на Попова Шапка, во Маврово, еве овде на Пониква, а следните инвестиции ќе бидат на Кожув и на Пелистер“, соопшти министерот Милевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Повеќе од 1.000 невработени се охрабриле да отворат свој бизнис за време на корона-кризата

1.468 нови бизниси се отворени преку програмата за самовработување на Агенцијата за вработување, соопшти директорот Абдуш Демири.
Невработените лица најчесто се охрабруваат да почнат бизнис со трговија на големо и мало, преработувачка индустрија и објекти за сместување.
Министерката за труд и социјална политика Јадода Шахпаска вели дека 189 лица со попреченост се вработиле преку програмите на Агенцијата за вработување.
„Со цел зајакнување на конкурентноста на невработените лица на пазарот на трудот, обезбедивме разни обуки за практикантство. Следејќи ги глобалните трендови за дигиталната писменост, обезбедивме обуки за ИТ-вештини“, вели Шахпаска.
Економија
Обилните врнежи ја отежнаа работата во рудниците на РЕК Битола

Обилните врнежи од дожд и снег во Битолскиот Регион негативно се одразија врз работата во рудниците на РЕК Битола, а со тоа и врз целиот комбинат, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
„Врнежите од над 100 литри на квадратен метар и надојдената вода предизвикаа застој во подготовките за поместување на лентите кои го пренесуваат јагленот од рудникот Суводол до термоелектраната, поради што од утрото во прекин е работата на Блок 2. Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3 и покрај сериозните предизвици со кои се соочува комбинатот“, се неведува во соопштението во кое се нагласува дека со натчовечки напори на сите вработени и на менаџерскиот тим на компанијата и на комбинатот, се работи на нормализирање на состојбата.
ЕСМ во моментов ги задоволува потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, од хидроелектраните и од ветерниот парк.
„Компанијата испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум согласно потребите и преземените обврски, поради што граѓаните немаат причина да стравуваат за редовното снабдување со струја. Набавка на електрична енергија во моментов нема и не се планира“, се додава во соопштението.
Економија
Усвоен годишниот план со мерки и програми за намалување на невработеноста

Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, дискутираше по неколку точки од кои најзначајно место зема усвојувањето на новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година.
„Со Оперативниот план за вработување за 2021 во континуитет продолжува стремежот за што поголем опфат на невработени лица со мерките за вработување, како и креирање на ад хок мерки согласно новонастаната состојба на пазарот на труд, предизвикана од пандемијата од Ковид-19. Притоа, посебен акцент беше ставен на директната интервенција на пазарот на трудот и повторно вклучување на лицата кои ги изгубиле своите работни места како резултат на пандемијата“, се наведува во соопштението.
Министерката Шахпаска истакна дека министерството во чиј фокус се ранливите категории на невработени лица, продолжува со креирање политики и мерки со цел помош и поддршка за нивна успешна активација на пазарот на трудот.
Таа додаде дека со оглед на успешноста на Оперативниот план за 2020 година и новонастаната состојба предизвикана од пандемијата, оваа година трансферот на средства за програми за вработување е зголемен за повеќе од четири пати во однос на минатата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира