Контакт

Економија

Заев со претставници од Светската банка: Владата носи храбри одлуки што ја раздвижуваат економијата

Објавено пред

Долгогодишната соработка со Светската банка продолжува во насока на градење одржлива економија во Македонија, изјави првиот човек на Владата, Зоран Заев, за време на средбата со претставници од Светска банка, потпретседателот за Европа и Централна Азија, Сирил Мулер, регионалната директорка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер, и Марко Мантованели, директор на Светска банка за Македонија.

Заев на средбата изрази задоволство од долгогодишната успешна соработка со оваа светска финансиска институција, потенцирајќи дека Владата има храброст да носи одлуки од кои веќе се чувствуваат позитивните придвижувања во македонската економија.

„Одржливоста на нашите капацитети е нешто на кое мораме сериозно да се посветиме“, рече премиерот Заев на средбата. Тој исто така нагласи дека дури и малите резултати во економското придвижување во Македонија се голем знак за напредок, но исто така, Владата е свесна за потребата од паралелно динамизирање на реформите кои ќе ги елиминираат пречките за понатамошен забрзан развој на земјата.

Првиот човек на делегацијата, Сирил Мулер, средбата ја карактеризира како израз на поддршка за стабилната буџетска политика на Владата на Република Македонија затоа што, како што беше речено, забележливи се плодовите и значајниот развој на потенцијалите на земјата.

Сублимирајќи ги резултатите од соработката на Светската банка со Република Македонија, Мулер оцени дека заедничкиот труд веќе доаѓа до ниво каде многу проекти стануваат реалност. Потврдувајќи дека реформската амбиција на Владата е препознаена од светот, тој изрази очекување дека успешната соработка и во иднина ќе придонесува кон позитивните резултати во напредокот на Република Македонија.

Економија

Царовска: Рекордни 1,1 милијарда денари за новиот план за вработување во 2019 година

Објавено пред

Министерстката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го презентира Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување.

„Идната година посебен акцент ќе се стави на доедукација, преквалификација и доквалификација на работоспособните за нивно поефикасно вклучување на пазарот на трудот. Самовработувањата и стартапите кои изминатите години дадоа одлични резултати и понатаму се дел од Оперативниот план. Невработени лица кои имаат иновативни бизнис идеи ќе добијат поддршка и од Фондот за иновации и технолошки развој во делот на креирање на успешен бизнис план и понатамошна финансика поддршка“, рече министерката Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска вели дека мерките од новиот Оперативен план ќе одговараат на реалните потреби на пазарот на трудот.

„Агенцијата за вработување е главниот стожер при теренската имплементација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. При секојдневната комуникација со невработените лица и работодавачите кои ги користат програмите и мерки за вработување ги нотиравме главните потреби и препораки за новиот Оперативен план кои ќе претставуваат и приоритет при креирањето и редизајнирањето на конкретните мерки и програми“, изјави Јовановска.

Од УНДП велат дека фокусот во 2019 година ќе биде ставен на ранливите категории граѓани кои се невработени.

„Програмата за развој на Обединетите нации е долгогодишен партнер на националните институции во програмите за вработување и зголемување на вработливоста, со посебен акцент на ранливите категории и нивно активирање и поуспешно вклучување на пазарот на трудот“,  истакна Нарине Сахакјан, в.д. постојана претставничка на УНДП во државата.

Оперативниот план за 2019 година планирано е да се издвојат 1,1 милијарда денари што е двојно повеќе споредено со 2016 година. Годинава пак за активните мерки беа одвоени 985,5 милиони денари, а реализацијата на истите е над 90 %.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Aнѓушев: 37% повеќе средства наменети за економијата, 2019 е економска година

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, во присуство на поголемиот дел на министри од економските ресори презентираше дел од буџетските ставки кои се однесуваат на економски развој на Република Македонија.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека буџетот за 2019 година е креиран на реални основи, кои се базираат на проектиран раст на Бруто домашниот производ од 3,2% и намален буџетски дефицит од 2,5%. Во 2019 година се наменети 37% повеќе средства за економски развој во однос на претходната година и со ова јасно се покажува дека Владата во оваа година ќе биде силно посветена на економски раст и развој во Република Македонија.

„Очекуваме раст на бруто инвестиции на реални основи од околу 4,2% и рекордно ниво на капитални инвестиции од 26,2 милијарди денари. Очекуваме стапката на невработеност да падне на рекордно ниско ниво под 20%, а очекуваме и раст на платите од 4,5%“, нагласи вицепремиерот.

Анѓушев додаде дека во програмата за економски развој, планирани се рекордни средства од 4,1 милијарди денари, од кои највисоки досега 1,1 милијарда денари за поттикнување на вработувањето, како и рекордни 720 милиони денари за финансиска поддршка за инвестициите, преку мерките од Законот кој почна да се имплементира оваа година. 700 милиони денари се планирани за привлекување на странски инвестиции и развој на слободни економски зони, кои се наменети за оние компании кои склучија договори за државна помош изминатата година, но и нови инвестиции.

„Испроектирани се 520 милиони денари за Фондот за иновации и технолошки развој, кадешто се планирани 203% повеќе средства за поддршка на мали и средни претријатија, како и за стартап компании, односно за поддршка на претриемништвото кај младите луѓе. Во 2018 година за првпат се овозможи позначителна поддршка за овој тип на компании, а наша цел е да продолжиме со стимулирање на малите и средни компании да се развиваат, да добијат позначително место во економијата. За развој на технолошко-индустриските развојни зони се наменети 475 милиони денари, со кои ќе се работи на доизградба и докомплетирање на зоните“, се надоврза на претходно кажаното вицепремиерот.

Тој додаде дека за поддршка на инвестициони вложувања се планирани 430 милиони денари, 187 милиони се распоредени за унапредување на деловни активности и дополнителни 41 милион денари за поддршка на развојот на мали и средни претријатија преку посебна програма на Министерството за економија. Единствена ставка во буџетот која веќе две години забележува тенденција на пад, е онаа наменета за економска промоција и оваа година за таа намена се планирани само 8 милиони денари.

Во однос на структурата на капиталните инвестиции, Анѓушев појасни дека во вкупниот предвиден буџет за оваа намена, 5,2 милијарди денари се за патна и железничка инфраструктура, планирани се 44% повеќе средства во однос на 2018 година за железничка инфраструктура, 80% повеќе средства за проекти поврзани со гасификацијата, како и 3,3 милијардни денари за инвестиции во рурален развој.

Вицепремиерот потенцираше дека во 2018 година македонската економија се стабилизираше, наследените градежни проекти, кои беа со проблеми, беа доведени во нормална техничка и финансиска состојба. Тој дополни дека економските индикатори можеа да бидат подобри, но во тој случај ќе требаше да се продолжи со реализација на проекти кои беа несоодветно осмислени и планирани, што на крајот ќе се одразеше негативно на граѓаните. „Владата не беше фокусирана на создавање на бројки кои ќе презентираат виртуелен раст на економијата, туку на домаќинско работење и со посветеност успеа да ги нормализира работите, особено во изградбата на двата капитални проекти за изградба на автопатите, кадешто успеа да испреговара за 33-35% пониски цени за изведба и да се заштедат 95 милиони евра за Република Македонија“, рече тој.

Анѓушев заклучи дека проектираниот раст е реален, при што подвлече дека се надминати проблемите со кои Владата се соочи на автопатските делници, се градат неколку експресни патишта, се надминуваат проблемите наследени на проектите за изградба на железничката пруга кон Бугарија, гасификацијата се одвива со интензивно темпо, а во периодот кој следи се планираат и повеќе енергетски проекти за повисоко ниво на учество на обновливи извори на енергија и стабилност на електро енергетскиот систем.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев на средба со мисијата на ММФ: 2019 се очекува да биде година за раст на економијата

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев се сретна со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, Џесмин Рахман, којашто предводеше делегација на ММФ како дел од редовните годишни консултации што ММФ ги реализира.

„Оценките на ММФ во однос на економските перформанси на земјата се дека фискалната политика се движи во добар правец, обезбедена е макроекономска стабилност со добри перспективи во иднина и ја оценија пензиската реформа како добра за стабилизација на пензискиот систем. Она што ѝ е потребно на земјата, според препораките на ММФ, како најголем приоритет е зголемување на продуктивноста, преку обезбедување ефикасни институции и развој на нови вештини и знаења“, соопштија од Владата.

„ММФ е долгогодишен партнер на Република Македонија и многу добро ги познава сите аспекти во економијата. Особено ме радува фактот што ММФ констатира стабилизација на економски план. Започнавме процес на постепена фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит кој оваа година е проектиран на ниво од 2.5%. Во предлог-буџетот за 2019 предвиден е раст на БДП од 3.2%. Очекуваме во третиот и четвртиот квартал од 2018, па и во првиот квартал од 2019 растот да се интензивира. Приходите од наплата на даноците растат и тоа покажува дека економијата е раздвижена и приватниот сектор бележи добри резултати во работењето. Сите овие позитивни аспекти охрабруваат и очекуваме следната година да биде година на економијата“, порача премиерот Заев и додаде дека преку значајни вложувања во тренинзи, обуки и програми за дуално образование, за чие спроведување ќе помогнат и двајца советници од Сојузна Република Германија, ќе се работи на зголемување на продуктивноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион13 минути

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Европа1 час

Франција и денеска блокирана, продолжуваат насилните протести поради високата цена на горивата

Еден ден откако 280.000 луѓе протестираа во Франција поради зголемувањето на цената на горивата, автопатиштата во земјата, утрово во знак...

Свет1 час

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет17 часа

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски20 часа

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија21 час

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија21 час

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија22 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија22 часа

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести1 ден

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски2 дена

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија2 дена

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија2 дена

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија2 дена

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски2 дена

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија2 дена

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет2 дена

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Досие