Контакт

Економија

Заев: Mладите од регионот нека преземат ризик за нови бизниси, владите ќе ги поддржат

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска преку интернет-врска учествуваше на конференцијата „Западен Балкан: Еден регион, еден пазар – Чекор кон заедничкиот пазар на ЕУ“, заедно со повеќе челници и претставници на влади, невладини организации и членови на бизнис-заедницата од регионот.

Учесниците на дводневната конференција, која се одржува овие два дена во Нови Сад, разговараа за регионалните иницијативи како дел од политиката на проширување на ЕУ кон Западен Балкан, со акцент на придобивките на најновата иницијатива „Отворен Балкан“ и создавање заеднички пазар за земјите од Западен Балкан.

„Ние како влади работиме и соработуваме, подготвени да ги слушнеме потребите на граѓаните, припадниците на бизнис-секторот и коморите и водени од таа цел, заедно со лидерите на Србија и Албанија, преземаме чекори и иницијативи за олеснување на нашата соработка“, рече Заев.

Според премиерот, регионот на Западен Балкан има обезбедена солидна основа за натамошен економски развој и соработка во социјалната и културната сфера.

„Она што следува во регионот е, прво, унапредување на регионалната трговска размена на стоки и услуги, како и движењето на луѓе, капитал и знаење, што во прв ред претпоставува отстранување на сите постојни бариери за слободата на движењето. Потоа неопходно е надградување и на процесот на дигитализација во сите држави преку обезбедување дигитални вештини, дигитална инфраструктура и дигитална безбедност. Конечно, ќе следува подобрување и на конкурентната способност на сите економии од регионот, паралелно со промовирањето зелен развој и транзиција преку разни видови активности“, посочи Заев истакнувајќи дека регионот, кој има околу 18 милиони жители, е добар потенцијал за искористување на сите придобивки, кои се многу важни не само за земјите од Источна Европа туку и за земјите членки на Унијата.

Премиерот во своето обраќање се осврна на важноста на младинското претприемаштво, регионалната соработка и економскиот развој истакнувајќи дека сите напори на владите на трите земји од регионот се насочени кон обезбедување успешна иднина за младите, со цел економски развој, подобрување на условите за живеење, како и совладување на причините што младите ги мотивираат, па често и ги принудуваат да се иселуваат во странство.

„Почитувани млади пријатели, ве охрабрувам, ризикувајте, преземајте активности за да ги реализирате своите идеи, а ние, владите од регионот, ќе ве помагаме и ќе настојуваме да создадеме најповолна бизнис-клима отстранувајќи ги сите бирократски и слични пречки, дизајнирајќи и спроведувајќи разновидни мерки за поддршка на претприемачите – финансиски, инвестициски, локациски, обука на работната сила и слично“, истакна Заев на денешната конференција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

Објавено пред

До крајот на годината ќе има доволно количина на електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот на годината нема да има покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Денеска имав состанок со сите чинители од енергетскиот сектор во рамки на првиот состанок на Комисијата за електроенергетска кризна состојба и согласно сите информации од нивна страна не беше донесена одлука за прогласување на електроенергетска кризна состојба во државата, истакна министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот на Комисијата за електроенергетска кризна состојба на која присуствуваа претставници од најголемиот производител на електрична енергија во земјата, носителот на лиценца за производство на електрчна енергија, носителот на лиценца за пренос на електрична енергија, носителот на лиценца за дистрибуција на електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика, еден експерт од областа и претставници од Министерството за економија.

Оваа комисија согласно Уредбата за критериуми и услови за прогласување на електроенергетска кризна состојба, начин на снабдување со електрична енергија, мерки кои што се превземаат во случај на кризна состојба, како и права и обврски на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејниости ја свикува Министерот за економија.

Главната задача на оваа комисија е постојано следење, анализирање и проценување на електроенергетската состојба во Северна Македонија и на електроенергетската состојба во соседните земји и има задача да го информира министерот.

„Владата веќе презеде и предвремени мерки, како што беше намалувањето на ДДВ-то. За жал, не помина Законот кој беше предложен од страна на Министерството за животна средина во делот на еколошката такса, за да може што повеќе средства да може да се користат во овие енергетски компании. Но, во моментов сметаме дека нема потреба од мерки, согласно информациите што ги имаме. Тие информации говорат дека до крајот на годината ја имаме потребната количина на електрична енергија што можеме да ја испорачаме за домаќинствата и за малите потрошувачи. Цените нема да се зголемат, количините се обезбедни. Подготвени сме како Влада да им помогнеме на „ЕСМ“ и „МЕПСО“ во случај ако има потреба да купуваат електрична енергија од слободниот пазар“, кажа министерот Бектеши.

Тој истакна дека државата ја гарантира цената на струјата и согласно тоа таа нема да се промени до крајот на годината.

„Се активираат сите домашни ресурси, од денеска веќе е во функција и вториот блок во „РЕК Битола“ за да се обезбедат вкупните потреби за граѓаните. Преземени се сите активности за активирање на третиот блок на „РЕК Битола“ со набавка на дополнителни количини јаглен, со што ќе се активира повторно и „ТЕЦ Осломеј“, а остварена е комуникација за подготвеност за набавка на мазут за „ТЕЦ Осломеј“ кажа министерот и истакна дека состојбата се следи, се одржуваат редовни состаноци помеѓу сите чинители во енергетскиот сектор со цел изнаоѓање на најоптимални решенија поради проблемот настанат пред се на светските берзи со електрична енергија.

Прикажи повеќе...

Економија

Зоран Спасов: BtoBet е заинтересирана за нови и возбудливи пазари за спортско обложување

Објавено пред

ИТ-компанијата BtoBet е еден од лидерите, а воедно и пионер во iGaming-индустријата и во светски рамки. Извршниот директор Зоран Спасов во интервју за „ИТ.мк“ открива дека BtoBet бележи експоненцијален раст, особено во последната година, меѓу другото, и поради тоа што фокусот на нивното софтверско решение е целосно насочено кон играчот со цел врвно корисничко искуство, но и како резултат на партнерството со водечкиот глобален провајдер во iGaming-индустријата Aspire Global, што на партнерите им дава на располагање значајни иновативни решенија што произлегуваат од зголемениот инвестициски капацитет.

Сепак, факт е дека iGaming-индустријата е висококонкурентна, меѓутоа Спасов вели дека уште од кога е оформена компанијата, нивниот раст се базира на неколку клучни столбови, а првично на развој на врвна технологија како за оние што се обложуваат така и за операторите во iGaming-индустријата преку што компанијата се погрижила нивните софтверски решенија и платформи за спортско обложување да бидат приспособливи за разни пазари, но и фокусот да биде насочен целосно кон играчот.

„Овој пристап ни овозможи да го зацврстиме своето присуство на пазарите во пораст во Латинска Америка и Африка, како и на веќе развиените пазари, како тој во Европа. Брзиот развој на компанијата го привлече вниманието на Aspire Global, што ни овозможи да станеме составен дел од оваа групација“, вели тој во интервјуто и додава дека меѓу партнерствата склучени во овој период се и оние со глобалните моќни оператори, како William Hill и Betfair.

Успехот на компанијата е евидентен уште од нејзиното основање, меѓутоа во 2020 година BtoBet станува дел од реномираната глобална групација Aspire Global за која аквизиција Спасов вели дека им носи значителна предност на пазарот со оглед на тоа што групацијата сега нуди холистичко iGaming-решение на пазарите на кои BtoBet е присутна и каде што досега недостигаше софтверско решение за спортско обложување. „Покрај видливиот потенцијал за генерирање значителен развој, групацијата на големите клиенти им дава можност да влезат на нови пазари преку употреба на доста напредно и комплетно решение, со кое за многу кратко време ќе се издигнат на пазарот“, додава тој.

Во контекст на стратегијата за понатамошно дејствување и идните планови за развој, Спасов вели дека го зацврстуваат своето присуство на пазарите што се примарна патека за развој, како што се тие во Африка и Латинска Америка, но не исклучува ниту проширување на присуството на други пазари.

„Од друга страна, го прошируваме своето присуство и на други пазари, како што е веќе развиениот iGaming-пазар во Европа. И со задоволство би кажал дека ги исполнуваме целите што сме си ги поставиле и на двата фронта“, заклучува тој.

Она што е интересно и што вреди да се спомене е и тоа дека iGaming-индустријата континуирано еволуира, па во тој контекст директорот на BtoBet појаснува и дека постојано ги следат новите можности што се јавуваат на новорегулираните пазари, како што би бил Бразил, откога ќе биде целосно регулиран и отворен за бизнис.

На крајот, технолошкиот развој неоспорно е континуиран процес, па постојаното истражување нови и иновативни решенија, кои може да им се понудат на партнерите, е логична последица. А сè ова, заклучува Спасов, е со цел да обезбедат стимулирачко искуство за нивните играчи, особено откако фокусот BtoBet го става на играчот, со што софтверското решение на компанијата се разликува од другите провајдери на пазарот.

 

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Зголемување на капиталот на „Халк осигурување“ АД Скопје

Објавено пред

Халк Осигурување АД Скопје е брзорастечка осигурителна компанија, која се постави меѓу најуспешните компании на пазарот за неживотно осигурување.

Со нови перспективи Халк Осигурување АД Скопје гради сигурна иднина за клиентите, како и за вработените.

Во контекст на горенаведеното, на 20.10.2021 година се реализираше седмата емисија на хартии од вредност на Халк Осигурување АД Скопје, со вкупна вредност на емисијата од 3.000.000,00 евра, односно 184.953.000,00 денари. Апсолутната вредност на основната главнина по реализацијата на емисијата на хартии од вредност е во висина од 15.500.000,00 евра, со состојба на основната главнина по реализацијата.

Со реализацијата на седмата емисија на хартии од вредност, Халк Осигурување АД Скопје уште еднаш потврдува и говори дека успешно чекори кон целта да биде една од најголемите и најуспешни осигурителни компании на пазарот. Халк Осигурување АД Скопје останува посветена на раст и развој.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Економија34 минути

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина на електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до...

Македонија1 час

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија3 часа

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Македонија3 часа

Зимското сметање на времето почнува в недела, вечерта пред локалните избори

Зимското сметање на времето годинава почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето...

Свет3 часа

(Видео) Двајца загинаа, а четворица повредени во пукање во трговски центар во САД

Две лица загинаа, а четворица, од кои еден полицаец, се повредени во пукотница во трговски центар во градот Бојси, во...

Македонија4 часа

Во моментот активни над 6.100 случаи на коронавирус во Македонија

Бројот на заразени од коронавирус изнесува 6.187 лица и бележи зголемување во однос на претходната недела. Според епидемиолошки анализи во...

Свет5 часа

ЕМА ја одобри вакцината на „Модерна“ како трета доза

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 како трета доза за лица над 18 години....

Регион20 часа

Рама: Ако Западен Балкан не може во ЕУ, нека дојде ЕУ на Балканот

Влезот на Западен Балкан во Европската Унија се чини дека е привремено замрзнат, но ако регионот не може да се...

Македонија21 час

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија23 часа

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет23 часа

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија1 ден

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет1 ден

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет1 ден

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет1 ден

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион2 дена

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион2 дена

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија2 дена

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Досие