Економија
Замисли си желба и можеби ќе ти се оствари!

Посакај желба и биди дел од големата новогодишна наградна игра – Credissimo желботека.
Полека се наближуваат најубавите празници во годината. Насекаде околу нас е украсено, луѓето се еуфорични и весели и веќе се чувствува новогодишната магија.
Дали веќе и вас ве обзема оваа празнична еуфорија и почнавте да си ја замислувате вашата новогодишна желба? Дали веќе почнавте да размислувате за подароците што ќе им ги дадете на вашите најблиски или пак како ќе ги изненадите оваа Нова година?
Credissimo како и секогаш мисли на своите клиенти и одлучи празничната еуфорија да им ја направи уште помагична. За да ги израдуваме нашите клиенти, традиционално и оваа година организираме новогодишна наградна игра во која се остваруваат нивните желби со вкупен фонд од 120.000 ден. месечно!
Доколку сакате да учествувате во наградната игра, тоа можете да го направите многу едноставно. Аплицирајте за Credissimo до плата или Credissimo Плус во периoдот од 1.12.2021 до 31.1.2022 и со тоа станувате дел од наградната игра. За време на вашето аплицирање може да ја напишете својата желба во Желботеката и да играте за голема парична награда. Во наградната игра учествува секој одобрен и земен кредит со напишана новогодишна желба. А, секоја споделена желба со вашите блиски ви носи 10% попуст од трошоците при користењето на кредитот.
Двајца добитници овој месец ќе си ја поделат наградата од 120.000 ден. со којашто ќе можат да си ги остварат своите желби. Во јануари ќе бидат извлечени останатите двајца добитници од Желботеката.
Вам ви останува само да си ја замислите својата најпосакувана новогодишна желба да ја напишете во Желботеката на Credissimo и максимално да се препуштите во уживањето во најубавиот период од годината.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Бугарските овчари и козари на протест против македонските јагниња

Националната асоцијација на одгледувачи на овци и кози од Бугарија најавува протест поради неконтролираниот увоз на јагнешко месо од Северна Македонија, се вели во дописот што го испратиле до тамошното Министерство за земјоделство.
Тие во протестно писмо до бугарскиот министер за земјоделство Јавор Генчев велат дека властите воопшто не се грижат за заштитата на бугарското јагне, како и за безбедноста на храната, а со тоа ја загрозуваат и безбедноста на нацијата.
„Две недели пред Велигден трговската мрежа е преполнета со јагнешко месо увезено од Северна Македонија. Тоа е производ што не е регулиран според европските барања за безбедност на храната. Ако до 28 март не се издаде наредба за построга контрола од бугарската Агенција за храна и ако увозот на јагнешко месо не биде вршен со почитување на европските критериуми за безбедност на храната (салмонела, неовластени фуржани компоненти, неовластени антибиотици, вакцинација), на 30 март бугарските одгледувачи на овци и кози ќе го блокираат граничниот премин Кулата со цел да ги заштитиме нашите интереси и нашата егзистенција“, пишува во протестното писмо во кое се предупредува на драстичното намалување на бројот на овци и кози што се одгледуваат.
Според претседателот на Асоцијацијата, Симеон Караколев, бугарскиот пазар е нарушен со увозот на 200 тони јагнешко месо од Македонија со цена под седум евра за килограм.
„Ако тоа продолжи, над 50 илјади бугарски јагниња ќе останат непродадени, а тоа ќе биде нов удар за бугарската сточарска индустрија“, вели Караколев.
В понеделник тие ќе имаат средба во ресорното министерство, а доколку не добијат цврсто ветување за итни мерки ќе ја реализираат својата најава за блокада на еден од граничните премини.
Економија
РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во кризата

Фирмата за трговија со електрична енергија РЕС одбележа една година постоење и за тој период се позиционира како лидер во снабдувањето со електрична енергија на слободниот пазар.
РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор кои ги снабдува и годишна потрошувачка од 250 GWh, со што значително ги надмина првичните проекции за развој.
РЕС на македонското стопанство му овозможи снабдување со електрична енергија, но и откуп на електричната енергија од производителите од обновливи извори.
РЕС им понуди на македонските фирми повеќе модели на снабдување со струја, кои се движеа од целосно берзански најниски цени до целосно фиксни и гарантирани цени, како и комбинации од двата модела во различен сооднос. Благодарение на можноста да изберат модел според своите потреби, компаниите во текот на енергетска криза, особено во втората половина на 2022 година, имаа предвидливост на издатоците за електрична енергија и таа калкулација можеа да ја вградат во цената на нивните производи и услуги, задржувајќи ја ликвидноста и остварувајќи значајна конкурентска предност на пазарот.
РЕС (Reneweble Energy Supply) е сопственост на македонската фирма Централ Инвест на Кочо Анѓушев и на бугарската фирма Кер Токи на Иво Прокопиев.
(ПР текст)
Економија
Бугарите и Словаците најсиромашни во ЕУ, во Луксембург се живее најбогато

Последниот извештај на Евростат покажува дека Луксембуржаните и понатаму се најбогатите граѓани на Европската унија, со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ.
Во споредба со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург. Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот од Луксембург, според Евростат.
Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ.
Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија.
Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.