Економија
Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2021 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 1 ноември 2021 година.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
01.11.2021– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ,
02.11.2021– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Аргентина е на раб од банкрот, проценува агенцијата Фич

Статистичката рејтинг агенција Фич го намали рејтингот на аргентинскиот долг во странска валута за два степена, оставајќи ја земјата едно ниво над банкрот.
Намалувањето на рејтингот на долгот сугерира дека агенцијата верува дека неплаќањето на долгот е „неизбежно“ и доаѓа набргу по декретот на аргентинската влада со кој локалните организации од јавниот сектор се принудени да го заменат својот долг деноминиран во странска валута со долг деноминиран во националната валута – пезоси.
Според податоците на Централната банка, Аргентина има бруто меѓународни резерви од нешто повеќе од 37,5 милијарди долари, но аналитичарите велат дека нето вредноста е значително помала.
Економија
Бугарските овчари и козари на протест против македонските јагниња

Националната асоцијација на одгледувачи на овци и кози од Бугарија најавува протест поради неконтролираниот увоз на јагнешко месо од Северна Македонија, се вели во дописот што го испратиле до тамошното Министерство за земјоделство.
Тие во протестно писмо до бугарскиот министер за земјоделство Јавор Генчев велат дека властите воопшто не се грижат за заштитата на бугарското јагне, како и за безбедноста на храната, а со тоа ја загрозуваат и безбедноста на нацијата.
„Две недели пред Велигден трговската мрежа е преполнета со јагнешко месо увезено од Северна Македонија. Тоа е производ што не е регулиран според европските барања за безбедност на храната. Ако до 28 март не се издаде наредба за построга контрола од бугарската Агенција за храна и ако увозот на јагнешко месо не биде вршен со почитување на европските критериуми за безбедност на храната (салмонела, неовластени фуржани компоненти, неовластени антибиотици, вакцинација), на 30 март бугарските одгледувачи на овци и кози ќе го блокираат граничниот премин Кулата со цел да ги заштитиме нашите интереси и нашата егзистенција“, пишува во протестното писмо во кое се предупредува на драстичното намалување на бројот на овци и кози што се одгледуваат.
Според претседателот на Асоцијацијата, Симеон Караколев, бугарскиот пазар е нарушен со увозот на 200 тони јагнешко месо од Македонија со цена под седум евра за килограм.
„Ако тоа продолжи, над 50 илјади бугарски јагниња ќе останат непродадени, а тоа ќе биде нов удар за бугарската сточарска индустрија“, вели Караколев.
В понеделник тие ќе имаат средба во ресорното министерство, а доколку не добијат цврсто ветување за итни мерки ќе ја реализираат својата најава за блокада на еден од граничните премини.
Економија
РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во кризата

Фирмата за трговија со електрична енергија РЕС одбележа една година постоење и за тој период се позиционира како лидер во снабдувањето со електрична енергија на слободниот пазар.
РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор кои ги снабдува и годишна потрошувачка од 250 GWh, со што значително ги надмина првичните проекции за развој.
РЕС на македонското стопанство му овозможи снабдување со електрична енергија, но и откуп на електричната енергија од производителите од обновливи извори.
РЕС им понуди на македонските фирми повеќе модели на снабдување со струја, кои се движеа од целосно берзански најниски цени до целосно фиксни и гарантирани цени, како и комбинации од двата модела во различен сооднос. Благодарение на можноста да изберат модел според своите потреби, компаниите во текот на енергетска криза, особено во втората половина на 2022 година, имаа предвидливост на издатоците за електрична енергија и таа калкулација можеа да ја вградат во цената на нивните производи и услуги, задржувајќи ја ликвидноста и остварувајќи значајна конкурентска предност на пазарот.
РЕС (Reneweble Energy Supply) е сопственост на македонската фирма Централ Инвест на Кочо Анѓушев и на бугарската фирма Кер Токи на Иво Прокопиев.
(ПР текст)