Контакт

Економија

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Објавено пред

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства, за кој се обезбедени 5 милиони денари и за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2019 година, за кој обезбедивме 25 милиони денари, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

„Согласно повиците, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 30 јуни годинава, ќе им биде обезбеден поврат на дел од средствата до 30 отсто, но не повеќе од 15.000 денари. За купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци со потребната инсталација, кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на огласот, заклучно со 30 јуни, ќе се реализира поврат на дел од средствата до 50 отсто, но не повеќе од 25.000 денари, сѐ до искористување на предвидените средства за оваа намена“, објасни министерот.

Бектеши посочи дека единствениот услов за аплицирање е купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за конкретните намени врз основа на јавните огласи на Министерството за економија во претходните години.

„Само за илустрација, заклучно со 2018 година на 6.538 домаќинства им се обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за купени и вградени сончеви колектори, а исплатени се приближно 96 милиони денари, додека во претходниве две години, откако стартуваше мерката за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци субвенциниониравме 2.350 домаќинства и исплатени се приближно 66.000.000 денари од Буџетот на Република Македонија“, кажа министерот нагласувајќи дека јавниот оглас за печки на пелети во домаќинствата за 2019 година ќе биде објавен во третиот квартал од 2019 година.

„Вкупниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 20.000.000 денари“, најави Бектеши.

Економија

ЕУ размислува да воведе еко-даноци кои би ги поскапеле авиобилетите

Објавено пред

Европските земји разгледуваат можност за воведување на нови даноци во авио-сообраќајот поради загадувањето кое се создава, кои пак значително би ги зголемиле цените на авиобилетите.

Со месеци, во авионската индустрија се дискутира за воведување на еколошки даноци, поради критиките дека комерцијалното воздухопловство е одговорно за голем дел од вкупните емисии на јаглерод диоксид (СО2).

Според Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), се работи за два проценти од вкупната количина на овие издувни гасови, додека невладината организација Climate Action Network проценува дека станува збор за пет проценти, пренесува „Танјуг“.

Шведска веќе воведе данок за керозин, кој во моментов изнесува од шест од 38 евра по авиобилет, а во оваа земја се се погласни ставовите дека еколошка срамота е да се патува со авион.

Франција ја разгледува можноста за укинување на сите домашни летови за кои постои опција за патување со воз, пократко од пет часа.

Белгија и Холандија на почетокот од годината го покренаа прашањето за загадувањето, а се очекува тоа да биде и една од темите на состанокот на Советот на министри за транспорт на ЕУ во Луксембург.

Се вели дека и другите земји од ЕУ, исто така, внимателно ја следат ситуацијата.

„Постојат различни опции за системот на даноци за загадување, а Франција добро ќе разгледа кој систем е најдобар“, рече францускиот министер за транспорт.

Прикажи повеќе...

Економија

Тројца потпретседатели на Светска банка доаѓаат на Конституенцата во Скопје

Објавено пред

Три потпретседатели на групацијата на Светска банка ќе присуствуваат на Конституенцата на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која ќе се одржи на 21 и 22 јуни во Скопје. Станува збор за потпретседателот на Светска банка за Европа и Централа Азија Сирил Милер, потпретседателот за човечки развој на Светска банка Анет Дискон и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) Георгина Бејкер.

Од Министерството за финансии соопштуваат дека не е вообичаено толку многу високи претставници на Светска банка да присуствуваат на Конституенца и дека тоа е потврда за прогресот на реформите во јавните финансии, како и на добрата соработка на Владата со Светска банка.

Освен тројцата потпретседатели на Светска банка, ќе присуствува и директорот на ММФ за Европа, Пол Томпсен. На состанокот на Холандско-белгиската конституенца на Групацијата на Светската банка и ММФ ќе присуствуваат и министри за финансии и гувернери на централни банки од земјите од Конституенцата од Холандија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Ерменија, Израел, Кипар, Луксембург, Молдавија, Романија, Украина, Хрватска и Црна Гора.

Организатори на Конституенцата се Министерството за финансии и Народната банка. Средбите претставуваат своевиден форум на кој високите претставници на носителите на фискалната и монетарната политика во земјите членки разменуваат мислења за политиките и програмите на ММФ и СБ, како и за други клучни прашања за европската и светската економија.

Прикажи повеќе...

Економија

Кинезите се светски шампиони за плаќање сметки преку мобилен телефон

Објавено пред

Повеќе од половина милијарда луѓе во Кина годинава ќе плаќаат преку своите телефони во продавници, кафулиња и ресторани, според истражувањето на Digital Outlook.

На кинескиот пазар за апликации за плаќање доминираат големите играчи Alipay и WeChat Pay, кои се широко прифатени од сопствениците на продавници, угостителите и потрошувачите.

Во земја каде што многу мали бизниси ги снабдуваат клиентите, користењето кредитни картички никогаш не било широко прифатено, што довело до тоа бизнисите да го префрлат готовинското плаќање преку мобилни апликации.

Сепак, вкупната годишна вредност на трансакција од корисник во Кина е пониска од онаа во САД, Обединетото Кралство и Франција.

Се проценува дека еден просечен кинески потрошувач ќе потроши околу 1.100 долари преку апликации за плаќање во 2019 година, потрошувачот во Велика Британија речиси 3.000, а во САД – 2.400 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски7 минути

Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион2 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести15 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија15 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт16 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести19 часа

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт20 часа

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет21 час

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ23 часа

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија2 дена

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија2 дена

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Македонија2 дена

Туристичката кампања „Македонија вечна“ стана „Северна Македонија вечна“

Северна Македонија го корегира името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, во согласност со Преспанскиот договор, објави...

Македонија2 дена

АСОМ: Законот за игрите на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) присуствуваше на јавната расправа во Собранието за предлог-измените и дополнувањата на Законот за игрите на...

Економија2 дена

Тевдовски: Агенцијата „Фич“ после 13 години го зголеми кредитниот рејтинг на земјата

Aгенцијата „Фич” го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Ова е прво подобрување...

Досие