Контакт

Економија

За конкурентна економија потребни се стручни вештини и зелени иновации

Објавено пред

Четирите центри за извонредност на стручно образование и обуки за зелени иновации, формирани во Скопје, Грац – Австрија, Васа – Финска и Лерија- Португалија придонесуваат во создавање квалификуван кадар меѓу младите и веќе вработените за прилагодување кон нови технологии и зелена транзиција, процес од кој зависи конкурентноста на бизнисите и економијата, беше истакнато на прес-конференција што се одржа на Машински факултет во Скопје. Настанот беше дел од неколкудневна работилница на која присуствуваа триесетина претставници од четирите земји како партнери во проектот „GREENOVET“ кофинансиран од Европската Унија, во чии рамки се формираат овие центри.

dobivaj vesti na viber

Проф. д-р Радмил Поленаковиќ од Машински факултет – Скопје појасни дека целта на работилница е да се постават основите за одржлив развој и самостојно функционирање на новоформираните центри за извонредност.

„Машинскиот факултет е горд што како учесник во проектот е домаќин на еден ваков центар кој меѓу првите се формира во Европа. Овие центри треба да ги подготват младите да се прилагодат на процесот на зелената транзиција која веќе се случува и која ќе има огромно влијание и врз начинот на размислување и однесување, но и врз системите на функционирање на целата индустрија. На пример, Европската група за транспорт и заштита на животна средина предлага до 2035 година целосно да се укине производство и продажбата на возила со внатрешно согорување кои работат на бензин, односно дизел. Доколку овие барања се усвојат на претстојниот самит на ЕУ, тоа значи дека и образовниот систем, но и индустријата, особено автомобилската, треба целосно да се преобрази и да се сврти кон новите зелени технологии. Овие центри треба да подготват соодветни човечки ресурси кои ќе бидат спремни да ги развиваат и имплементираат овие нови технологии“, изјави проф. д-р Поленаковиќ, потенцирајќи дека Машинскиот факултет и новооснованиот центар се мостот за соработка помеѓу истражувачките активности, индустријата, невладиниот сектор и образовните институции.

Во рамките на Центарот во Скопје се организираше средношколски натпревар „Најдобар бизнис-концепт 2022 година” кој овозможи практична примена на вештините за развој на зелени иновации кај младите.

„Центарот ќе придонесе и за развојот на капацитетите на партнерите во проектот, преку обуки, како овие што сега се одржуваат на Машинскиот факултет од страна на светски реномирани експерти кои ќе придонесат за работата на центарот, но и за неговата одржливост, како и за развојот на услугите кои ќе ги нуди на сите чинители во стручното образование и обука. Центарот само потврдува дека Македонија воопшто не заостанува во исполнувањето на зелената агенда во рамките на ЕУ и дека директно сме вклучени во голем дел од активностите кои ја поддржуваат зелената транзиција“, истакна доц. д-р Трајче Велковски, раководител на Центарот во Скопје.

Покрај Машинскиот факултет, како проектни партнери од нашата земја вклучени се и Сојузот на стопански комори на Македонија, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење, Раде Кончар ТЕП и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Бојан Јовановски, координатор на проектот GREENOVET и претставник на Универзитетот за применети науки FH JOANNEUM во Грац, Австрија, изрази задоволство што првата обука за развојот на овие центри, а воедно и првиот проектен состанок „во живо“, се одржува во Скопје.

„Споменав дека соработката е најважна за успех. Но не само соработката помеѓу партнерите, туку соработката со сите чинители на екосистемот за вештини. Затоа би сакал да ги повикам сите претставници од стопанството, образованите институции, владини и невладини организации, кои на било кои начин сметаат дека можат да влијаат на развојот на вештини да ги контактираат колегите од Центарот во Скопје и да придонесат кон развојот на Македонија во регионален лидер во зелената транзиција“, истакна Јовановски.

Проф. д-р Дорис Киендл, раководител на Институтот за меѓународен менаџмент при Универзитетот за применети науки JOANNEUM во Грац, Австрија, истакна дека многу е важно да останеме конкурентни во Европа во услови на силната компетенција на глобалните чинители, што може да се постигне со заедничка и посветена работа.

„Проектот GREENOVET дава придонес за подобрување на конкуренцијата бидејќи ќе доведе до повеќе квалификувана работна сила во овие четирите региони. Европската комисија го означи Европскиот зелен договор како клучен приоритет. Затоа, нашите центри за извонредност се фокусираат на зелените иновации. Потребни ни се висококвалификувани луѓе кои можат да ги поттикнат зелените иновации во Европа, бидејќи имаме важни задачи што треба да ги решиме во областите на циркуларна економија, управување со енергија и транспорт, новите технологии како и претприемништвото поврзани со зелената транзиција“, истакна проф. д-р Киендл, која ја потенцираше силната соработка со земјите од Западен Балкан.

Економија

Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства за антикризни мерки

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски на денешните пратенички прашања истакна дека со ребалансот на Буџетот за 2022 година кој очекува наскоро да го изгласа Собранието се обезбедуваат дополнителни скоро 80 милиони евра за брза реакција и нови мерки за заштита стабилноста на граѓаните и компаниите во услови на економската криза.

dobivaj vesti na viber

„Со оглед на тоа дека ефектот на кризата е пролонгиран заради војната во Украина и со оглед на тоа што цените на светските берзи и на енергенсите и на нафтените деривати и на храната и суровините постојано растат тоа беше една од претпоставките при конципирањето на ребалансот на Буџетот за 2022 година. Буџет којшто обезбедува стабилност и поддршка на граѓаните и компаниите и одржување на стандардот и ликвидноста на компаниите. Овие пари се да се поддржат граѓаните, компаниите кои што средства ќе бидат насочени за подготовка на мерки кои што ќе бидат таргетирани кон овие категории на граѓани и компаниите. Во самиот ребаланс на Буџет предвидени се и 52 милиони евра за земјоделците а обезбедени се и финансиски средства за покачување и исплата на пензиите, и на платите во образованието и детската заштита како и субвенции за покачување на минималната плата. Сето ова во моментот се наоѓа на гласање пред пратениците“ – рече Ковачевски.

Тој истакна дека вкупните приходи на Буџетот се зголемени заради добрата наплата на изворните приходи на Буџетот и приходите на фондовите а исто така и зголемени се вкупните расходи со цел финансирање на антикризните мерки до крајот на годината. Врз основа на планирани приходи и расходи дефицитот е планиран да биде поголем во однос на оригинално планираниот меѓутоа помал од она што се претпоставуваше и шпекулираше и дефицитот е проектирана на 5,3% од БДП во којшто нормално влегува и отплатата на долгот кон странство од минатото и исплатата на каматата по основ на тие задолжувања.

Премиерот Ковачевски посочи дека одговорноста во вакви услови за секоја Влада е огромна затоа што мора да се мисли на граѓаните, мора да се мисли на компаниите. Прво на најранливите категории на граѓани со цел да се заштити нивниот животен стандард, а од друга страна да се обезбеди ликвидност на компаниите со цел да може да функционираат и да се обезбеди понатамошен економски развој на истите.

„За таа цел, беа донесени 26 анти кризни мерки коишто тежеа 400 милиони евра и дополнително субвенционирање на електрична енергија што севкупно значеше таргетирани издатоци од 610 милиони евра, коишто издатоци обезбедија мерки да немаме ценовни шокови за граѓаните и да имаме најниски цени на енергенсите и особено на електрична енергија во целиот регион“ – рече Ковачевски.

Прикажи повеќе...

Економија

Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 % во однос на одлуката од 27.6.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат и со тоа малопродажната цена на „евросуперот БС-95“ изнесува 109,00 денати/л, малопродажната цена на „евросуперот БС-98“ изнесува 111,50 денари/л, а малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ изнесува 53,305 денари/кг.

Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V), се намалува 2,50 денара/л и со тоа малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ изнесува 106,50 денари/литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува 2,00 денара/л и со тоа малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 105,00 денари/литар.

Од 30.6.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин – „евросупер БС-95“ – 109,00 (денари/литар)

– моторен бензин – „евросупер БС-98“ – 111,50 (денари/литар)

– дизел-гориво – „евродизел БС (Д-Е V)“ – 106,50 (денари/литар)

– Масло за горење – екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 105,00 (денари/литар)

– мазут М-1 НС – 53,305 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460 %, кај дизелот намалување во просек за 2,480 %, кај екстра-лесното масло намалување во просек за 2,201 % и кај мазутот зголемување во просек за речиси 0,032 % поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно приспособување.

Прикажи повеќе...

Економија

Ковачевски: Навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање истакна дека навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Како одговор Владата уште од почетокот на својот мандат носеше антикризни пакети и мерки, кои беа оценети како позитивни и успешни надвор од меѓународните институции и тоа стои во извештајот. Само да ве потсетам, во време на ковид-кризата беа донесени 6 пакети антикризни мерки од 1,2 милијарда евра, а сега за време на војната во Украина нови пакети антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, дополнително не дозволивме ценовен шок за граѓаните во однос на електричната енергија со оглед на тоа што електричната енергија за сите граѓани беше субвенционирана со 80 проценти од страна на државата, државата треба да им се најде на граѓаните тогаш кога им е најтешко“, рече Ковачевски.

Истакна дека се презедоа мерки и во однос на ограничувањето на цените и во однос на ригорозните и неселективните контроли во малопродажбата и големопродажбата.

„Имаше уште една многу значајна работа, а тоа е зголемувањето на пензиите, порано пензионерите беа користени пред избори за еднократно зголемување на нивните пензии. Она што го ветив кога станав премиер е дека пензионерите нема да бидат ставени во позиција пред избори да им се зголемуваат пензиите, туку ќе воведеме методологија, која ќе даде вистинско зголемување тогаш кога податоците од Државниот завод за статистика за зголемување на просечната плата и за зголемување на инфлацијата и затоа оваа година, која не е и нема да биде изборна година, имаме историски најголеми зголемувања на пензиите. Тоа се работи што во време на најголема криза, со домаќинско работење, овозможија првин да обезбедиме зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, зголемени социјални додатоци и зголемени додатоци за електрична енергија и зголемени субвенции за инвестиции“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека и во услови на криза продолжуваат странските инвестиции, а младинската невработеност, која беше 48 %, сега е сведена на 28 % затоа што сите активности што се направени и во однос на гаранции и во однос на вработување и обуки на младите се во таа насока и тоа сега го гледаме.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме...

Македонија3 часа

Претседателот Пендаровски во Мадрид на средба со канцеларот Олаф Шолц

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на неговото учество на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба...

Економија3 часа

Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Економија5 часа

РКЕ: Цената на електричната енергија во просек ќе се зголеми 7,4 проценти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8 % од...

Европа5 часа

Ердоган за договорот со Финска и Шведска: Го добив она што го барав

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 члена на движењето ПКК и на Фето, кои ги смета...

Македонија5 часа

Регистрирани 148 новозаразени од коронавирус, има едно починато лице

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени...

Македонија6 часа

Има зголемување на бројот на заразени од коронавирус, објави Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатира дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во однос...

Македонија7 часа

(Видео) Почна самитот на НАТО во Мадрид – Пендаровски ја предводи македонската делегација

Денеска, во Мадрид и официјално почна самитот на НАТО, на кој учествува претседателот Стево Пендаровски и ја предводи македонската делегација....

Свет8 часа

Бајден: Путин го наруши мирот во Европа, сега ние стапуваме на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден најави ново распоредување на американски војници во Европа. „Путин го наруши мирот во Европа. САД и...

Европа8 часа

Санчез до Путин: Нема да победите

Русија претставува директна закана за безбедноста на земјите од НАТО, кои се собраа на самитот во Мадрид, изјави генералниот секретар...

Европа10 часа

(Видео) Најголема безбедносна операција во поновата историја – зголемено полициско присуство пред самитот на НАТО во Мадрид

Речиси 10.000 припадници на безбедносните сили се распоредени во Мадрид пред денешниот почеток на дводневниот самит на НАТО. Самитот ќе...

Свет10 часа

Џонсон: Ако Путин беше жена, немаше да ја нападне Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја нападнел Украина доколку бил жена и дека...

Спорт20 часа

Нуров со злато за Македонија на Медитеранските игри!

Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во борење во категоријата до 97 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако...

Свет21 час

Пристигна првата реакција на Москва за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Русија е толку моќна сила што приемот на Шведска и Финска во НАТО пактот не е важен во глобална стратешка...

Европа22 часа

Ердоган попушти – постигнат договор за членство на Финска и Шведска во НАТО

Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Нииниште. Во меѓувреме потврда...

Македонија22 часа

Мицкоски: Власта на дивјачки начин прави дефокус од тешкиот живот, инфлацијата и предавството со Бугарија

Срам за демократијата, очигледно дека некој ги охрабрува вака да се однесуваат, ова е чин на дивјаштво што можеше да...

Свет23 часа

Макрон: Русија не смее да ја добие војната во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по самитот на Г7 во Германија изјави дека плановите на Русија во Украина ќе пропаднат....

Македонија1 ден

ИДЧПД: Адеми е недостоен да ги претставува граѓаните

Институт за демократија, човекови права и дигнитет – Скопје го осудува вчерашниот инцидент во македонското собрание. Оттаму жалат што повторно...

Македонија1 ден

И денес тензично на Комисијата за европски прашања, потпретседателката не дозволи процедурални обраќања

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ побара процедурални обраќања, а не амандманска расправа за измените на Законот за работни односи. Таа...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова: И за лаик е јасно законот кој доведе до тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не и е јасно како на дел од судиите и обвинителите им се...