Контакт

Економија

Зголемена добивката на „Македонски телеком“ за 33,5 отсто

Објавено пред

Нето-добивката на „Македонски телеком“ за првите шест месеци од 2018 година е зголемена за 33,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 816 милиони денари. Приходите од продажба изнесуваат 5 017 милиони денари, што претставува зголемување за 1,0 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
„Македонски телеком“ успеа да ја одржи водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со 57,4 отсто (интерна проценка), односно 209,6 илјади корисници на крајот на првите шест месеци од 2018 година.

Во однос на ТВ-пазарот, „Македонски телеком“ има 29,1 отсто удел во вкупниот ТВ-пазар, според интерните проценки. IPTV (дигитална телевизија преку интернет-протокол) услугата, поради високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ-искуство е добро прифатена на пазарот. Па така, компанијата оствари зголемување на бројот на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, Internet&TV и други ТВ услуги) за 8,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултираше со база од 121,7 илјади корисници на крајот од првите шест месеци од 2018 година.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите шест месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 189,9 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет за истиот период е 44,8 отсто, според интерна-проценка.
Како резултат на стратешката иницијатива за забрзување на фиксниот сегмент, успеавме да направиме пресврт на негативниот тренд во овој сегмент. Следствено, приходите од фиксни услуги (говорни услуги, интернет и ТВ) на крајот од првите шест месеци од 2018 година се стабилни во споредба со истиот период од претходната година.

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел на пазарот од 48,4 отсто, според интерна-проценка. Базата на претплатници на крајот од првите шест месеци од 2018 година изнесува 1.172 илјади претплатници и е намалена за 3 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите шест месеци од 2018 година се стабилни во споредба со истиот период од претходната година.Приходите од неговорни услуги во мобилниот сегмент се зголемија за 12,0 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен интернет и поголем GPRS сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели.

Ефектите од работењето за првите шест месеци од 2018 година прикажани погоре, заради компаративна анализа со минатата година се дадени без влијанието на Меѓународниот стандард за финансиско известување 15 Приходи од договори со корисници.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Министерството за финансии најавува завршување на пругата Битола-Кременица до крајот на годинава

Објавено пред

Градежните работи на пругата Битола-Кременица се очекува да завршат до крајот на годинава, согласно податоците на изведувачот, информира Министерството за финансии.

Досега 90 проценти од градежните работи се завршени. Пругата е со должина од 17 километри, во рамки на кои се веќе изградени: 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за сигнализација и телекомуникации во областа Жабени. Поставени се нови шини и прагови во должина од 18 километри, како и нов оптички кабел во иста должина“, информира Министерството.

Оттаму наведуваат дека до крајот на годината изведувачот ќе работи со машиниско регулирање на нивото на колосекот на проектираната висина, на 8 патни премини, на зградата на магацинот во Жабени и на поставување на опремата за сигнализација и телекомуникации.

Градежните работи на пругата од Битола до Кременица, започнаа во февруари 2018 година. Изведувач на проектот е STRABAG Rail Gmbh во конзорциум со STRABAG AG од Австрија. Вредноста на потпишаниот договор изнесува 17.1 милиони евра. Договорот со претходниот изведувач од Бугарија беше прекинат во 2016 година поради, како што беше посочено, слаба реализација на проектот.

Прикажи повеќе...

Економија

Тевдовски: Растот на платите е најочигледен во текстилната индустрија

Објавено пред

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, и шефицата на кабинетот на Министерството за труд и социјална политика, Санела Шкриељ, како претставници на Владата на Република Македонија, денеска учествуваа на дебатата „Иднината во нашите очи“, во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“, која се одржа во рамките на „Текстилијадата“ во Штип.

Како што информираат од владината прес-служба, Тевдовски истакнал дека целта на Владата е да обезбеди подобар живот за граѓаните и развој на економијата, а тие две цели, како што рекол, се заемно поврзани. Министерот додал дека токму поради тоа, Владата истовремено го поддржува и растот на платите преку мерки како минималната плата, но и техничко-технолошкиот развој на компаниите за зголемување на продуктивноста.

На дебатата во Штип, Тевдовски посочил дека растот на платите најмногу се гледа кај секторите за производство на текстил, облека и преработка на кожа, како области што порано, како што посочи министерот, имале плата под минималната, но сега прагот кај нив е изедначен со другите сектори.

Министерот за финансии на трибината на манифестацијата „Текстилијада“, која се одржува вторпат и која им овозможува на работниците и на работодавците да ги споделат нивните теми од интерес, нагласи дека растот на платите влијае на покачувањето на продуктивноста на компаниите бидејќи подобро платените работници се помотивирани и попродуктивни.

Во име на Министерството за труд и социјална политика, шефицата на кабинетот на министерката, Шкриељ, нагласи дека изминатата една и пол година МТСП интензивно работело на законски решенија со кои се унапредуваат работничките права.

„Една од тие мерки е поддршката за раст на плати со кои на работниците им се исплаќа повисока минимална плата, а работодавците добиваат поддршка за неа и од оваа мерка веќе се гледаат резултатите“, посочила Шкриељ.

На дебатата учествуваа и Благој Бочварски и Николчо Илиев како градоначалници на Штип и Кочани, градови со доминантно текстилна индустрија.

Прикажи повеќе...

Економија

Самит „Македонија 2025“ од 7 до 10 ноември во Скопје

Објавено пред

Самитот „Македонија 2025“, регионална платформа за размена на знаења за најновите светски трендови во бизнисот, технолошки иновации, инвестиции и одговорно лидерство, кој ќе собере повеќе од 400 истакнати функционери, ќе се одржи од 7 до 10 ноември во Скопје.

Учесници на самитот ќе бидат голем број дипломати, бизнисмени, директори, академици и деловни експерти од дијаспората, претставници на меѓународните организации, како и банки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Лондон, Париз и Берлин: Ријад да ги докаже тврдењата за смртта на Кашоги

Саудиска Арабија мора да приложи докази за нејзиното објаснување, во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги, порачаа Велика Британија,...

Македонија7 часа

Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни...

Македонија8 часа

(Видео) Заев: Верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе нѐ обединат во иднина

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се...

Регион9 часа

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, денеска од Солун, каде...

Македонија11 час

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија13 часа

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет13 часа

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Македонија14 часа

Бавна правда: 650 судења се одложени за 1,5 година поради отсуство на обвинител

За една и пол година (2017 до јуни 2018 година) во скопскиот кривичен суд биле одложени 672 судења, од кои...

Македонија15 часа

Звиздиќ со честитка до Заев: Сакам вашата одлука да ја зајакне европската перспектива на целиот Западен Балкан

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ испрати честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за изгласувањето...

Македонија1 ден

Стејт департмент: Ова е историска шанса за Македонија и регионот

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието, со која Македонија треба да ги започне уставните измени и имплементација на Спогодбата...

Македонија1 ден

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе известување за...

Македонија1 ден

„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема...

Македонија1 ден

(Видео) Ципрас: Гласањето во Собранието отвора пат за договор меѓу Грција и Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека усвојувањето на предлогот за уставни измени од страна на македонскиот Парламент отвора пат за...

Македонија2 дена

Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата изјави дека е среќен поради...

Македонија2 дена

Нимиц со порака до политичките лидери: Работете заедно за финализирање на договорот

Метју Нимиц, македонско-грчкиот посредник во спорот за името ја поздрави одлуката на парламентот да продолжи со промена на Уставот кон...

Македонија2 дена

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени потребните гласови за измена на Уставот, отворајќи го патот...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Достоинството на Македонија беше ставено на тезга како пиперки и домати

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието беше срам каков што светот не видел, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Опозицијата...

Македонија2 дена

Димитров на „Фејсбук“: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на...

Македонија2 дена

Столтенберг на „Твитер“: Лидерите да ги завршат процедурите за Македонија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за пристапување кон уставните измени...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците од своите редови што вечерва гласаа за уставните измени – Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајловска,...

Досие