Контакт

Економија

Здружението за еманципација на жените: Со ковид-кризата двојно зголемен бројот на семејства што гладуваат

Објавено пред

Губење на работното место, пад на месечните приходи, зависност од државна помош, отежнат пристап до здравствени услуги, се само дел од низата последици со кои се соочија голем број жени во државата во првите шест месеци од пандемијата на Ковид-19. Ова е дел од истражувањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.Според нивниот извештај, просечната плата на жените во периодот јануари – август 2020 година е намалена 338 денари, но кај осум отсто од жените падот надминува 8.000 денари. Пандемијата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помош, а бројот на домаќинства што гладуваат пораснал од три на седум отсто, велат од ова здружение.

„Голем е бројот на домаќинства што гладувале и покрај тоа што користеле гарантирана минимална помош од државата. Семејствата што не користеле помош пред пандемијата, но потоа почнале да примаат државна поддршка, биле поизложени на гладување во август 2020 отколку во јануари истата година. Ова недвосмислено укажува дека износот на добиена помош од државата не бил доволен за да може да ги задоволат своите основни потреби“, велат од Здружението ЕСЕ.

Од таму додаваат дека уште еден загрижувачки аспект е што пандемијата го отежна пристапот до услуги во јавното здравство. Секоја трета жена, која имала потреба од здравствена заштита неповрзана со Ковид-19, не добила соодветни услуги во јавните здравствени установи. Од нив, 63 отсто не можеле да стигнат до преглед кај специјалист, а 12 отсто биле оневозможени да направат хируршка интервенција. Како последица на тоа, велат од ЕСЕ, на 20 отсто од овие жени им се влошила здравствената состојба.

„Би сакале да потенцираме дека 41 отсто од овие жени платиле приватно за здравствените услуги, со што се изложиле на дополнителни трошоци. На тој начин отежнатиот пристап до здравствената заштита за време на пандемијата ги изложува на дополнителни финансиски трошоци, кои може да водат до задолжувања и осиромашување на жените и нивните семејства“, велат од Здружението ЕСЕ.

Истражувањето има посебен осврт на жените од ромската заедница. Месечните приходи на жените Ромки во првите шест месеци од пандемијата во просек се намалиле за 1.637 денари, што е петпати повеќе од националниот просек. Секоја трета Ромка користела државна помош, а четири пати се зголемил бројот на оние што не можеле да се прехранат.

„Пандемијата многу повеќе влијаела врз економскиот статус на Ромките во однос на другите жени имајќи го предвид фактот дека двојно повеќе жени Ромки користеле некој вид државна помош во однос на другите жени“, објаснуваат од Здружението ЕСЕ.

Во однос на здравствената заштита, главен проблем со кој се соочиле Ромките што имале здравствен проблем неповрзан со Ковид-19 била неможноста да добијат преглед од матичен лекар. Дури 73 отсто од нив биле од Шуто Оризари поради недостигот на матични лекари во општината.

Економија

Намалувањето на ДДВ за струја усвоено од Владата

Објавено пред

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, објави на социјалните мрежи министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година“, наведе Бесими.

Според министерот, целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата.

Прикажи повеќе...

Економија

Просечната плата за април изнесува 28.438 денари

Објавено пред

Просечната месечна нето-плата по вработен исплатена во април годинава изнесува 28.438 денари (462 евра), објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, во тој месец, индексот на просечната исплатена нето-плата, во однос на истиот месец од 2020 година, изнесува 110.1, или платата е зголемена за 10,1 отсто. Додека во првите четири месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, зголемувањето на просечната нето плата изнесува 5,5 отсто.

Ваквото зголемување во април оваа година се должи, пред сѐ, на порастот на просечната нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (28,6 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (24 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7 отсто).

Зголемување на просечната плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 отсто), уметност, забава и рекреација (3,7 отсто) и земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 отсто).

Прикажи повеќе...

Економија

ФИТР: 42 проценти од апликантите на јавниот повик “Стартапувај 3” се проектни тимови

Објавено пред

Вкупно 42% од апликантите на јавниот повик “Стартапувај 3” на ФИТР се проектни тимови составени од физички лица, покажува првичната анализа на апликациите од повикот, која ја спроведе Фондот за иновации и технолошки развој. Инаку, ова е за прв пат ФИТР во рамките на повикот да овозможи аплицирање на проектни тимови составени од физички лица кои доколку добијат одобрување на проектот за кофинансиран грант, ќе имаат обврска во рок од 30 дена да регистрираат трговско друштво.

На јавниот повик “Стартапувај 3” пристигнати се 616 проектни апликации, што претставува рекорден број во однос на сите останати повици во рамките на повикот Стартапувај. Можноста да аплицираат проектни тимови, неповратните финансиски средства, дополнителната финансиска и менторска поддршка беа доволен поттик и стимул за македонските стартап компании да започнат со реализација на нивните бизнис проекти. Анализата покажува дека од 616 пријавени, 493 се компании кои аплицираат за прв пат на некој од јавните повици на Фондот.

Компаниите се од 18 индустрии, во најголем дел од областа на: ИТ, маркетинг, креативни индустрии, технолошки индустрии, угостителство и сл. Доаѓаат од 29 градови, со најдоминантен број на апликации од: Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово. Анализата покажува дека во однос на старост на стартап компаниите, 284 компании се со старост до три години, додека 76 компании се со старост од три до шест години.

Во насока на развој на женското претприемништво, анализата покажува навистина позитивен резултат, односно дури 49% од апликантите се жени претприемачи.

На јавниот повик “Стартапувај 3” достапни се 2 милиони евра неповратни финансиски средства за поддршка на македонскиот стартап еко систем. ФИТР обезбедува до 90% од вкупниот буџет на проектот за компании до три години постоење, односно до 85% од вкупниот буџет на проектот за компании со над 3 а помалку од 6 години постоење.

За компаниите кои аплицирале, следи процес на претселекција на предлог проектите, во која оценувањето ќе го вршат три домашни стручни лица. Оценувањето се врши врз основа на следните критериуми: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и влијание. Проектите кои ќе освојат просечна оценка од над 51 поен одат во втората фаза на селекција. Финалната одлука за финансирање на проекти ја носи Комитетот за одобрување на инвестиции, кој се состои од 5 члена, врвни интернационални експерти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија14 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија15 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија16 часа

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија21 час

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија21 час

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет22 часа

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет23 часа

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија24 часа

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет1 ден

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт1 ден

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт2 дена

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт2 дена

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија2 дена

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Економија2 дена

Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа2 дена

Рекорден дневен број на заразени со Ковид-19 во Москва

Бројот на новоинфицирани oд коронавирус во руската престолнина Москва и нејзината област во изминатите 24 часа достигнал 1.800, што е...

Македонија2 дена

Сојузот на средношколци: Да се објават извештаите за училиштата кои наплаќаа свидетелства

Сојузот на средношколци бара од државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции во четирите средни училишта...

Топ2 дена

МВР со детали за сообраќајната несреќа во која загинаа две лица

Две лица загинаа вчера во сообраќајната несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“. Според...

Македонија2 дена

По отповикувањето, Азески на Црна Гора ѝ посака брз развој и просперитет

Бранко Азески се огласи со коментар по одлуката на Владата во Црна Гора, да го отповика како почесен конзул на...

Свет2 дена

(Видео) Американската морнарица во океан детонираше бомба, предизвикан земјотрес

Експлозија изведена од американската морнарица, предизвика земјотрес. Бомбата тешка 18.143 килограми била активирана крај брегот на Флорида. Експлозијата била извршена...

Досие