Економија
Земаш 120.000, враќаш 120.000 денари!

Зошто да го одбереш Credissimo? Затоа што со промоцијата за нови клиенти колку земаш, толку враќаш.
Топлите денови носат радост и позитивно расположение. Чувствувајќи ги позитивните вибрации на пролетта насекаде околу нас, мотивирани сме да направиме нови промени коишто ќе внесат ведрина и свежина во нашето секојдневие.
За да ги оствариме сите замисли и планови, често имаме потреба од дополнителни финансиски средства. Ако имаш идеи за тоа како да си ја направиш оваа пролет поубава, а ти недостигаат пари – Credissimo ја има најдобрата промоција досега.
Каква е новата промоција?
За да можеш максимално да уживаш во претстојните денови, Credissimo создаде нова промоција за кредит до 120 000 ден. со 0 % камата. Колку земаш, толку враќаш! Единствениот услов е да го вратиш земениот износ до доспевањето на првата месечна рата или во максималниот грејс период од 45 дена. Доколку досега не си бил клиент на Credissimo, ова е вистинскиот момент да им се довериш.
До кога трае промоцијата?
Промоцијата трае од 09.05.2022 до 05.06.2022. Сите одобрени и земени кредити во тој период ќе бидат вклучени и во извлекувањата на тековната наградна игра „Заврти на зелено“ за парична награда од 5 000 ден. или електричен тротинет.
Имаш огромна желба за промени во твојот дом по монотоните зимски денови? Сѐ повеќе имаш потреба времето да го минуваш во дворот, а тој ти изгледа еднолично и несредено? Те притискаат и плановите за годишен одмор, а честите понуди од туристичките агенции за рано резервирање само те потсетуваат на тоа дека можеби конечно ќе можеш да си го дозволиш одморот од соништата? Можеш да имаш сѐ, затоа што со новата промоција на Credissimo сѐ е полесно.
Направи список за тоа што сѐ сакаш да оствариш како план и замисла и аплицирај! Одобрувањето е за само неколку минути, а парите веднаш ќе бидат на твојата сметка.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.
Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм)
Економија
Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава

Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност.
Централната банка направи надолна ревизија на проекциите за економскиот раст на земјава за оваа и следната година, со коja за 2022 година се очекува економски раст од 2,9%, додека за 2023 година раст од 3,6%.
Гувернерката посочува дека војната во Украина има ефекти врз глобалната економија преку повеќе канали. Првиот канал е високиот раст на цените на примарните производи, особено на храната и на енергијата, имајќи ја предвид улогата којашто Русија и Украина ја имаат на овие пазари. Друг значаен канал е намалувањето на трговијата, ММФ предвидува забавување на стапката на раст на глобалната трговија и од 10% минатата година таа би се свела на 5% оваа година. Значаен канал е и затегнувањето на финансиските услови на меѓународните финансиски пазари. Последниот, но многу значаен канал, е намалувањето на довербата кај инвеститорите и потрошувачите.
Гувернерката истакнува дека за нашата економија е специфично дека нема позначајни директни финансиски и трговски врски со Русија и Украина. Трговијата со нив учествува со околу 2% во вкупната трговија. Финансиските врски се релативно слаби: странските директни инвестиции оттаму се помалку од 1%, приватните трансфери имаат незначително учество, а не се присутни руски и украински финансиски институции.
„Кај нас ефектите повеќе ќе се почувствуваат преку индиректни канали, а тоа е степенот до којшто ќе биде погодена ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер и колку ќе се прелее тоа и кај нас. Исто така ќе се одрази и затегнувањето на финансиските услови на меѓународните пазари, како и зголемената неизвесност којашто може неповолно да се одрази врз одлуките за инвестиции и потрошувачка“, посочува гувернерката.
________________
Економија
ММФ: Глобалната економија се соочува со најголемиот тест од Втората светска војна

Глобалната економија се најде на работ на колапс поради низа последователни кризи.
Меѓународниот монетарен фонд денеска на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, соопшти дека глобалната економија ја чека „можеби најголемиот тест од Втората светска војна“.
„ Се соочивме со низа немили настани“, изјави извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева.
Таа предупреди дека руската инвазија на Украина ги потенцира негативните ефекти на пандемијата на Ковид-19 врз економијата, попречувајќи го економското закрепнување и поттикнувајќи ја инфлацијата заедно со зголемувањето на цените на храната и горивото, пишува Си-Ен-Ен.
Земјите се оптоварени и со зголемување на каматните стапки, а бизнисите и домаќинствата треба да се справат со големи долгови. Пазарните турбуленции и постојаните ограничувања на синџирот на снабдување се исто така ризик. Покрај тоа, климатските промени се проблем.
За да се намали стресот врз економијата, ММФ на состанок повика владини претставници и бизнис лидери во Давос на разговори за намалување на трговските бариери.
Додека многу земји се борат со зголемените трошоци за живот за своите граѓани, некои одат во спротивна насока и воведуваат ограничувања во трговијата со храна и земјоделски производи што би можеле да го влошат недостигот и да ги зголемат цените на глобално ниво.
Претходно овој месец, одлуката на Индија да го забрани извозот на пченица доведе до зголемување на цените на житото, иако таа е релативно мал извозник. Индонезија го забрани најголемиот дел од извозот на палмово масло во април за да ги заштити домашните резерви, но има намера да ја укине забраната оваа недела.