Контакт

Економија

„Зaштити го твојот производ” во Битола

Објавено пред

Во рамките на активностите во септември, месецот на индустриска сопственост, во салата на Советот на Општина Битола беше одржана средба на битолските стопанственици и дел од претставниците на бизнис-секторот, со претставници од Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија, на која се разговараше за придобивките од заштита на производите.

Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Битола, м-р Наташа Петровска, која истакна дека Општина Битола секогаш ги поддржува настаните од ваков вид, чија цел е да ги запознаат стопанствениците и претставниците од бизнис-секторот со нивните можности за поголема конкурентност на пазарот, како и за заштита на сопствениот производ.

За надлежностите на Државниот завод за индустриска сопственост и постапката за заштита на патент говореше Али Асани, државен советник за индустриска сопственост, кој објасни дека патентот е ексклузивно право доделено од државата за пронајдок кој е нов, кој содржи инвентивен придонес и кој може да се применува во индустријата, како и придобивките од патентирањето на производот.

Симчо Симјановски, раководител на секторот за ТМ (трговска марка), ИД (индустриски дизајн) и ГН (географски назив) ја образложи постапката за заштита на трговска марка, индустриски дизајн и географски назив.

Битолските стопанственици кои во голем број присуствуваа на оваа средба со претставниците на Државниот завод за индустриска сопственост поставуваа и конкретни прашања од областа на заштитата на нивните производи.

Економија

Македонија и натаму го подобрува рангирањето според Doing Business

Објавено пред

Согласно со последниот извештај на Светска банка Doing Business 2019, којшто беше усвоен на владината седница, Македонија го подобрила својот ранг за едно место и се наоѓа на 10-то место меѓу 190 држави во светот.

,,Македонија и годинава е лидер во регионот и четврта земја во Европа според условите за водење бизнис. Оваа година од вкупно 10 индикатори, Светска банка во својот извештај утврдила подобрување кај два индикатори: добивање градежни дозволи и регистрирање на имот. Кај два индикатори, пристап до кредити и решавање на несолвентност, нема промена во рангот, додека влошување има кај 6 индикатори, односно започнување бизнис, пристап до електрична енергија, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, прекугранично тргување и спроведување договори”, соопшти Владата.

Прикажи повеќе...

Економија

Ќе се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити

Објавено пред

На својата редовна, 102. седница Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

Целта на предлог-законот е да се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити. Со тоа, корисниците на кредити нема да плаќаат прекумерни трошоци и ќе се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на корисниците на кредит коишто имаат проблеми со отплата на истиот, информира Владата.

Прикажи повеќе...

Економија

НБРМ разменува искуства со експерти на ЕЦБ и ЕСЦБ за управување со податоците за статистички потреби

Објавено пред

Народната банка на Република Македонија, во соработка со експерти од Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки, денес организира работилница на тема „Управување со податоците за статистички потреби на централните банки и доверливост на статистичките податоци“.

„Еден од стратешките приоритети на Народната банка на Република Македонија е постојано унапредување на квалитетот на статистиката преку примена на меѓународните статистички стандарди коишто во посткризниот период ја нагласуваат потребата за обезбедување подетални, посеопфатни и пофреквентни статистички податоци, притоа водејќи сметка за известувачкиот товар на економските субјекти“, истакна гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето поздравно обраќање со коешто го отвори овој настан.

Првата сесија на работилницата ѝ беше посветена на регулативата и практиките за обезбедување рационален пристап до статистичките податоци и за заштитата на нивната доверливост во еврозоната како целина, како и во одделни земји членки на Европската Унија. Притоа, одделно внимание ѝ беше посветено на соработката меѓу Генералниот директорат за статистика на ЕЦБ и статистичката служба на Европската Унија – Евростат, како и меѓу ЕЦБ и централните банки на државите членки на ЕУ, во поглед на начинот и условите под кои се разменуваат податоците прибрани за статистички цели. Експерти од НБРМ, како и од Државниот завод за статистика и Министерството за финансии, во рамките на оваа сесија имаа можност да проследат презентации преку кои, покрај европската регулатива и искуствата на ЕЦБ, беа презентирани и искуствата на централните банки на Луксембург и на Австрија.

Втората сесија ѝ беше посветена на потребата од соодветно управување со податоците во современата организациска култура и третманот на податоците како исклучително вреден ресурс, со посебен осврт на стратегијата, организациската поставеност и практиките за управување со податоци на ЕЦБ. Одделно беа разгледани и сегашните и идните предизвици на ЕЦБ, во врска со различни процеси поврзани со обезбедување квалитет, соодветна архитектура, моделирање, чување, разменување и активно користење на податоците од страна на корисниците, при што акцентот беше ставен на специфичните потреби коишто произлегуваат од функциите на централните банки.

Во рамките и на двете сесии се водеше плодна дискусија, во која се отворија прашања клучни за натамошните активности на НБРМ сврзани со остварувањето на нејзината определба и во областа на статистиката, редовно да ги следи најновите европски и меѓународни стандарди и практики, со што прави и големи чекори по патот којшто води кон Европскиот систем на централни банки.

Во изминатиов период НБРМ организира низа семинари, работилници и предавања на актуелни теми од областа на статистиката. Оваа работилница којашто е и уште една потврда за успешната комуникација и соработка на НБРМ со ЕЦБ и ЕСЦБ е само еден од планираните настани посветени на статистика, со кои ќе се продолжи и во претстојниот период.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија2 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија2 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија3 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија5 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања7 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија7 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток8 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија8 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија8 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток9 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија11 час

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет11 час

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија11 час

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа11 час

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет12 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија13 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија14 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија14 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија22 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Досие