Контакт

Економија

Издадена и пуштена во оптек нова серија ковани пари за колекционерски цели

Објавено пред

Народната банка на Република Македонија информира дека е издадена и пуштена во оптек новата серија ковани пари за колекционерски цели „Православни светци“.

Серијата ги содржи кованите пари „Св. Никола Чудотворец“, „Св. Серафим Саровски“, „Св. Сергиј Радонежски“ и „Св. Пантелејмон“, кои ги имаат следниве карактеристики:

„На аверсот, во централниот дел на секоја од кованите пари е прикажан грбот на Република Македонија. Под грбот е прикажана годината на издавање „2018“. Во горниот дел на аверсот е наведена деноминацијата „10 денари“, а во долниот дел е името на земјата што ја издава кованата пара ‒ „Република Македонија“. На двете страни по должината на вертикалните рабови има цветен украс.

„На реверсот, во централниот дел на секоја од кованите пари се наоѓа портрет на светецот чие име го носи, со испечатен златен ореол и украс на основата. Над портретот се поставени два кристала „сваровски“. По должината на вертикалните рабови е испишано името на светецот чиј портрет се наоѓа во централниот дел на парата. Во долниот лев агол е испишана ознаката „Аg 925“.

Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 7 г, чистота на среброто од 6,48 г, во правоаголна форма со димензии 17 х 24 мм, полирани се со тампон печатење со златна прашина и содржат кристали „сваровски“.

Цената на секоја од кованите пари за колекционерски цели од серијата „Православни светци“ изнесува 1 500,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од НБРМ се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Економија

(Видео) Сугарески: Започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура

Објавено пред

,,Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните. Хаосот од 11 години дивеење на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата конечно го запревме.Ветивме и интензивно работиме на унапредување на целокупната инфраструктура.Ветивме и силно вложуваме во изградба на нови патишта како и рехабилитација на старите кои со децении беа заборавени.Ветивме изградба на железницата и тоа го реализираме. Ја гасифицираме цела држава, градиме нови водоводи и канализации, изјави на прес- конференција министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, претседател на Надзорен одбор на СДСМ.

Според него, во овој момент Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата.

,,Се гради насекаде како никогаш до сега.Во таа насока, досега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра. Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој како голем товар го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ заради бројните грешки и недостатоци во изградбата. Но бевме решени, автопатат мораше да се заврши со сите безбедносни аспекти за сообраќај. Впрочем, граѓаните имаат право да знаат како им се трошат нивните пари“, рече Сугарески.

Тој додаде дека решени се сите недоследности и пропусти кои биле наследени од ВМРО ДПМНЕ, а во сообраќај е пуштен и автопат од Демир Капија до Смоквица.

„Рехабилитиравме и реконструиравме преку 80 магистрални и регионални патишта со вкупна инвестиција од преку 400 милиони евра.Саниравме и реконструиравме мостови на државните патишта, поставивме нова сообраќајна сигнализација на најголем дел од патната мрежа во земјава. Ги модернизиравме наплатните станици на Коридор 10, воведовме електронска наплата на патарините, а го изградивме и најмодерниот центар за контрола и мониторинг на патиштата”, вели тој.

Министерот Сугарески најави дека инвестициите во патиштата не запираат и во моментов се инвестираат над 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура.

Прикажи повеќе...

Економија

Продажбата на нови куќи во САД опадна за 12,8 проценти

Објавено пред

Продажбата на нови куќи и станови во Соединетите американски држави (САД) во јули падна за 12,8 проценти, што е еден од главните показатели за состојбата со американската економија.
        
Причината за падот на продажбата се високите цени и намалената понуда, што ги одбива потенцијалните купувачи. Претставници на Министерството за трговија соопштија дека продажбата на нови куќи и станови по сезонски прилагодена стапка за период од 12 месеци изнесува 635.000 единици, што е намалување во однос на годишната стапка од 728 илјади.
        
Досега годинава продажбата вкупно пораснала само за 4,1 процент.Недостигот на расположиви куќи, предизвикан од забавената изградба, ги крена цените и ја намали продажбата.

Прикажи повеќе...

Економија

Пилотите на „Бритиш ервејз“ најавуваат штрајк и откажување на летови во септември

Објавено пред

Пилотите на „Бритиш ервејс“ најавуваат штрајк и откажување на летови во септември. Според светските медиуми, можно е откажување на летовите во најмалку пет денови по ред, бидејќи пилотите најавија дека ќе штрајкуваат на 9, 10 и 27 септември.

Штрајкое резултат на неисполнувањето на нивните барања околу нивните платите.

Според Би-Би-Си, иако првите денови на штрајкот ќе бидат 9 и 10 септември, на некои патници кои имаат летови од 8 до 12 септември им било кажано дека летовите им се откажани и дека тие резервирале нови билети или побарале поврат на средства.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Унгарски државјанин почина во автобус на излез од земјава

Синоќа од Итната медицинска помош било пријавено дека во автобус на граничниот премин Табановце на излез од земјава починал Ф.С.(71)...

Македонија17 часа

Сугарески: Нема вмешани функционери на СДСМ во ,,Рекет”

Остануваме посветени на заложбата од Декларацијата што ја донесовме за борба против криминал и корупција, комуникацијата во партијата е одлична...

Македонија17 часа

(Видео) Арсовски: Кога ќе биде повикан Заев во обвинителството?

,,Зоран Заев и целото раководство на СДСМ се во длабок очај. Откако Јавното обвинителство и продолжената рака на Зоран Заев,...

Македонија18 часа

Ветрот го шири пожарот кај Опеница, кризниот штаб бара решение

Поради сериозноста на ситуацијата заседава Кризниот штаб на Општина Охрид кој бара решение како да се изгасне пожарот кој се...

Топ19 часа

Ресенчанец со фалц диплома станал полицаец, се запишал на факултет и го унапредиле во инспектор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од село Асамати, Ресенско, поради „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од...

Свет19 часа

Трамп размислува да ја повика Русија на следниот Самит Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот...

Свет20 часа

НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите кои ги уништуваат ,,белите дробови” на светот

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува...

Европа21 час

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион22 часа

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт22 часа

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија22 часа

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт22 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет1 ден

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија2 дена

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија2 дена

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет2 дена

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа2 дена

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија2 дена

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион2 дена

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Досие