Контакт

Економија

Изложба на детски цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот во НЛБ Банка

Објавено пред

Во НЛБ Банка на 30 октомври свечено беше отворена изложбата на детски цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот. Изложбата ја отворија Антонио Аргир, кој е претседател на Управниот одбор на банката, и македонската уметница Јана Манева-Чупоска.


„Како поддржувач на уметноста и науката, НЛБ Банка, по повод НЛБ-месецот на штедење, традиционално, по седми пат, организира изложба на детски цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот. Цртежите се собираа преку организирани забавно-едукативни посети на повеќе училишта и градинки во Македонија и во самите експозитури на банката. Почетокот на активностите за собирање на цртежите беше означен со НЛБ-ден, на 25 септември, кој беше организиран во НЛБ-галеријата на банката. Децата во период од 1 месец, односно до 25 октомври, имаа можност да донесат цртежи кои беа објавувани и на посебна веб-страница, на која исто така имаше и гласање за најдобар цртеж“, наведуваат од НЛБ Банка.


Како што посочија од НЛБ Банка, за време на месецот на штедење беа собрани околу 1 800 цртежи, а цртежите биле разгледувани од комисија составена од македонски уметници, односно од Јана Манева Чупоска, Сергеј Андреевски, Свето Манев и Анѓел Димовски –Чауш, кои ги издвоиле најдобрите цртежи.

„Покрај наградените цртежи од страна на стручната комисија, награди беа доделени и на цртежите кои освоија најголем број гласови преку веб-страницата на банката. Најдобрите цртежи на отвoрањето на изложбата беа наградени со парична награда и пофалници, а притоа беа доделени и благодарници на сите училишта и градинки кои учествуваа во активностите за месецот на штедење“, се посочува во соопштението на НЛБ Банка.

Од НБЛ Банка велат дека оваа година акцијата има и хуманитарен карактер, односно дека банката ќе донира по 200 денари за секој пристигнат цртеж, средствата ќе бидат донирани на Специјална олимпијада Македонија кои НЛБ Банка ги поддржува веќе неколку години, а собраните средства ќе бидат наменети за учество на Летните специјални олимписки игри во Абу Даби 2019  година, посочуваат од банката.

Изложбата ќе биде отворена до 25 ноември, секој работен ден од 8:00 до 20:00 часот.

 

Економија

Продолжува реализацијата на проектот „Купи куќа, купи стан“

Објавено пред

Градежната комора на Македонија го поддржува проектoт „Купи куќа, купи стан“ од самиот почеток на неговата промоција и смета дека со новите услови дополнително ќе се влијае на  стимулирање на продажба на нови станови за млади луѓе.

Дополнително, се поддржува порастот на градежниот сектор во делот високоградба преку градење нови станбени единици, задржување на постојните и генерирање нови вработувања, а сето тоа ќе влијае врз пораст на целокупната економија, беше истакнато на денешната прес-конференција во Сојузот на стопанските комори на Македонија.

Претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јаќимовски, истакна дека со овој проект бенифити имаат и компаниите преку зголемената продажба на изградени висококвалитетни и енергетски ефикасни станови, младите луѓе што со многу поволни услови ќе може да дојдат до нов стан, локалните самоуправи, но и централната власт.

„Градежната комора на Македонија, која е единствената комора што го обединува градежниот сектор, го поддржува проектот ‘Купи куќа, купи стан’ бидејќи тој е во заеднички интерес на сите, а пред сè на граѓаните кои полесно ќе се одлучат да инвестираат во својата иднина и да останат да живеат и работат во Македонија. Покрај тоа, овој проект ќе придонесе и за развој на руралните општини, каде што цената за изградба на објекти во високоградба за квадратен метар е значително пониска во однос на централното градско подрачје. Тоа ќе придонесе и за развој на другите стопански гранки во нашата земја, како и со директни инвестиции за развој на општините“, истакна Јаќимовски.

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот „Купи куќа, купи стан“, кој е поставен на веб-страницата на Министерството. Од таму велат дека за неполни три месеци по стапувањето во сила на новите услови, интересот кај граѓаните е голем, а причина за тоа се намалените каматни стапки, новиот модел „Купи стан за млади“, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Просечната плата во јуни е поголема 4,1 отсто

Објавено пред

Продолжува трендот на раст на платите што е уште една потврда дека економијата е стабилна и поставена на здрави основи. Вака СДСМ ги коментира офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, според кои просечната плата во јуни 2019 година изнесува 25.205 денари, што е 4,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.

Ова воедно претставува пораст на просечната плата за 1.002 денара за период од една година.

„Трендот на раст на платите продолжува и понатаму. Се отвори спиралата на раст на платите откако претходно имавме раст на минималната плата од 9.000 на 12.500, но и покачување на платите во повеќе сектори, предвидено со буџетот за 2019 година.

Истовремено, преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, раст на платите имаме и во приватниот сектор.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува посветено да работи на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните“, велат од СДСМ преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Економија

Намалено ДДВ кај одредени лекови и кај топлинската енергија

Објавено пред

Владата денеска усвои предлог-одлука со која се намалуваат цените на одреден број лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина и се пропишува повластена даночна стапка од 5% за топлинска енергија за греење.

Од владината прес-служба информираат дека станува збор за предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија7 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион8 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија9 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија10 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија10 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија11 час

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија13 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија14 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ17 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион18 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет18 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија19 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион19 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија20 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech1 ден

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија2 дена

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија2 дена

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија2 дена

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија2 дена

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Досие