Контакт

Економија

Исклучени Блок 1 и Блок 3 во РЕК „Битола“

Објавено пред

Проблем во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК „Битола“ рано утрово предизвика испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем, известија од ЕСМ.

„Веднаш по инцидентот, преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК ‘Битола’ по што почнаа операции за враќање во функцијата на двата блока. Се очекува во претпладневните часови постројките да бидат повторно на мрежа и да испорачуваат електрична енергија“, велат од ЕСМ.

Поради сличен проблем во електропреносниот систем, во ноември 2021 година беше тешко оштетен трансформаторот на Блок 3 на РЕК „Битола“ и постројката беше надвор од функција повеќе од една година.

Овој пат, велат од ЕСМ, нема сериозни штети врз опремата на РЕК „Битола“, а стручни лица од РЕК „Битола’ и АД МЕПСО работат на утврдување на точните причини за денешниот инцидент.

Потребите на потрошувачите за електрична енергија во моментот се задоволуваат од домашните капацитети на АД ЕСМ, се додава во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет5 часа

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет5 часа

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион6 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија6 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника6 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава6 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника6 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава7 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт7 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...