Контакт

Економија

Исплатени близу 17,4 милиони денари за субвенци за откупена пченица од домашно производство

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на откупувачите на пченица од домашно производство исплати близу близу 17,4 милиони денари.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение појасни дека станува збор за исплата на субвенциите од дополнителната мерка за директните плаќања за откупена пченица од од домашно производство. Средствата за субвенции за откупувачите на домашното произведено лебно зрно, за сите кои исполнуваат услови за добивање на оваа финансиска поддршка се исплаќаат без селекција и во еден ден.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пред неколку дена исплати и 333 милиони денари за предадено млеко, за оризова арпа, како и за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Бабовски посочува дека од стапување на функцијата директор на АФПЗРР, до денеска, исплатени се вкупно 319,3 милиони евра. Дел од средствата кои се исплатени се и за стари наследени долгови за неисплатени субвенции од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016- та година.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и во наредниот период продолжува со неселективната исплата на средствата за субвенции. Во еден ден, за сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка се исплаќаат средствата за субвенции.

Економија

Царовска во Куманово: Покачувањето од 700 денари ќе влезе во основицата на пензиите

Објавено пред

Зголемувањето на пензиите во јануари 2020 година, социјалната пензија и други актуелни прашања беа тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, со пензионерите во Куманово. Министерката ги информираше пензионерите за претстојното покачување на пензиите во јануари 2020 година, кое ќе изнесува од 860 до 900 денари со пресметаните дополнителни усогласувања.

„Ова е најголемо покачување во последните 12 години. Покачувањето од 700 денари ќе влезе во основица и истото дополнително ќе се усогласи во текот на 2020 со трошоците на живот. Со новото законско решение конкретно, растот на пензиите ќе го следи покачувањето на минималната и на просечната плата во државата. Покачувањето се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата. Системското решение предвидува дополнително зголемување на пензиите освен според растот на БДП, да може да се зголемуваат и според растот на платите. Во години на раст на минимална плата над 15%, и на раст на просечна плата за 5%, ќе има можност за покачување и на пензиите за 5%“, рече Царовска на средбата во Куманово.

Илија Ивановски, заменик-директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, истакна дека пензиите се покачуваат во време кога дефицитот на Фондот за ПИО е намален за 10%, а приходите се зголемуваат.

Прикажи повеќе...

Економија

Бензините поевтинуваат

Објавено пред

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на  еуросупер БС-95 ќе изнесува 68 денари за литар, додека на еуросупер БС-98 ќе биде 70 денари за литар.

Цената на дизелот ќе остане 62 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар на 51 денар за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,004 денари на 33,344 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

„Самсунг“ префрла дел од производството на паметни телефони во Кина

Објавено пред

Мобилниот гигант „Самсунг“ планира да пренесе една петтина од производството на паметни телефони во Кина во првиот квартал од следната година.

„Самсунг“ се одлучи за овој потег делумно поради конкурентскиот притисок во класата на достапни паметни телефони, како и на оние од средната класа.

Големите кинески производители „Хуавеј“, „Опо“, „Ксаоми“ и „Виво“ стануваат популарни и во другите делови на светот надвор од Азија, а купувачи се главно млади луѓе кои на нови телефони трошат од 200 до 250 долари.

„Самсунг„ планира и нови прифатливи модели од својата популарна линија А паметни телефони, така што некои верзии ќе добијат и премиум карактеристики, како што е системот со повеќе камери.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија11 час

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија12 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија16 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија16 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија16 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија17 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет19 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет19 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија20 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија21 час

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија1 ден

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет1 ден

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа1 ден

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет1 ден

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија2 дена

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет2 дена

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет2 дена

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија2 дена

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион2 дена

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Досие