Економија
Исплатени директните плаќања за одгледувачите на говеда и пчелни семејства

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализира исплатата за директните плаќања за обележани говеда и директните плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства.
Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделските стопанства, кои одгледуваат говеда, односно земјоделските стопанства што поседуваат минимум 20 пчелни семејства.
8.016 одгледувачи на говеда добиваат финансиска поддршка во вредност од 288 милиони денари.
185 милиони денари се исплатени кон 5.099 баратели, кои поседуваат пчелни семејства.
„Во текот на изминатата недела се реализираат повеќе исплати, кои го опфаќаат сточарскиот и живинарскиот сектор. Исплатени се субвенциите за говеда, овци, кози, маторици, пчели, бројлери и амортизирани несилки. Вкупната финансиска поддршка која е исплатена изнесува 1 милијарда и 170 милиони денари. Од почетокот на годината, вклучувајќи ги и исплатите за растителното производство, исплатената поддршка за само еден месец изнесува 2,7 милијарди денари. Со овие сериозни средства ја покажуваме посветеноста на Владата, Министерството и АФПЗРР за задржување и зголемување на земјоделското и сточарското производство“, посочува директорот Бачовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Credissimo и оваа година донираше 60.000 денари за лицата со Даунов синдром

Credissimo уште еднаш ја покажа својата посветеност и грижливост како општествено одговорна компанија и по втор пат донираше финансиски средства во вредност од 60.000 ден. на Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.
По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, компанијата ги вклучи своите следбеници од Facebook и Instagram и заедно со нивната помош и хуманост собраа средства во висина од 60.000 ден.. На нивните профили на социјалните мрежи беше објавен пост со кој ги повикаа своите следбеници да се приклучат во хуманитарната акција, пишувајќи уникатен коментар со срциња во различни бои, а за секој коментар Credissimo донираше по 50 денари. Оваа донација е од големо значење за Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ од Струмица и ќе помогне за уште подобра грижа за лицата со Даунов синдром.
„Од име на сите членови на Здружението „Вера“ од Струмица, од срце им се заблагодаруваме на Credissimo за донацијата, со ова ја помагаат нашата работа и нашата единствена цел да се испрати една убава порака дека овие лица се тука меѓу сите нас. Благодарноста што ја чувствуваме кон нив како компанија за ова хумано и несебично дело е голема. Се надеваме дека нивниот пример за општествено одговорна фирма ќе го следат и други фирми и претпријатија“. – изјави Анче Туфекчиева.
Постојат забавни и интерактивни начини со кои може да се направи хуманитарно дело кое ќе предизвика насмевка и ќе разбуди безброј емоции, а Credissimo уште еднаш покажа дека овие начини функционираат и имаат успешен епилог. Преземањето на чекор напред во грижата и прифаќањето на различностите е темелот за подобра иднина за целото општество.
ПР-Текст
Економија
Битиќи: Странските компании и Владата имаат стабилно партнерство за работа и развој

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и економскиот тим на Владата на РСМ, остварија редовна квартална работна средбa со Асоцијацијата на странските компании со технолошко напредно производство, на која дискутираа разни предлози и решенија што би влијаеле за подобрување на условите за водење бизнис во државата.
На средбата беа разгледани клучните иницијативи и предлози во врска со прашањата за енергетика и инфраструктура во делот на олеснување на процедурите за поставување фотоволтаици во големите производствени компании.
Другите теми на состанокот беа царина, даноци, државна помош, пазар на труд и грижа на инвеститори.
Дел од барањата на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство се однесуваа на усогласување на царинските стапки до ниво на ЕУ, за дополнителни тарифни ознаки за суровини и репроматеријали, продолжување на примената на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, превод на меѓународни стандарди за финансиско известување и ред други теми што би ги подобриле условите за водење бизнис во државата.
„Секогаш со внимание ги слушам забелешките на инвеститорите и сум отворен за забелешки за тоа како да ги подобриме условите за работењето на компаниите. Нашите напори одат во правец на поддржување на економијата од обновливи извори на енергија, што е многу значајно за нас како Влада“, рече вицепремиерот Битиќи.
Присутните претставници од Асоцијацијата на странските компании го изразија нивното задоволство од соработката со државните институции, а што е во интерес на економијата и граѓаните на Северна Македонија во целина.
Економија
Андонов: Државите што направија стратешка транзиција полесно ја поминаа енергетската криза

Соработникот за енергетика во канцеларијата на претседателот на Владата, Виктор Андонов, учествуваше на четвртиот самит за енергетика „СЕТ Требиње 2023“ во Требиње, Бoсна и Херцеговина, кој се одржа со слоганот „Енергетска стабилност на Западен Балкан“ и на кој учество зедоа 720 учесници од целиот регион, меѓу кои беа и креатори на регионални енергетски политики и иницијативи.
Андонов имаше свое обраќање на првата панел-дискусија со наслов „Забрзување на регионалниот одржлив план и транзиција кон чиста енергија“, на која зборуваше за националната стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, како и за енергетските политики што ги спроведува Владата на Република Северна Македонија.
„Кризата нѐ научи да размислуваме и да дејствуваме постепено, чекор по чекор да ја правиме транзицијата, да не брзаме. Се прават анализи за влијанието на новиот механизам на Европската комисија CBAM (Carbon Border adjustment mechanism) врз домашната економија.
Преку зголемување на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан успешно можеме заеднички да се справиме со предизвиците што ни доаѓаат“, рече соработникот за енергетика, Виктор Андонов, на панел-дискусијата посветена на забрзување на регионалниот одржлив план и транзиција кон чиста енергија во Требиње, Босна и Херцеговина.