Контакт

Економија

ИутеКредит купи 10 отсто од акциите на EnergBank Молдавија

Објавено пред

Естонската финтек компанија ИутеКредит ги купи првите 9,976% од акциите на молдавската EnergBank, што е првиот чекор на компанијата кон станување банка

При трансакцијата на молдавската берза се купени 199.519 акции по цена од 170,44 леи по акција, со вкупна вредност од 1,7 милиони евра. „ИутеКредит станува акционер во банката, а како што добро информирани извори веќе открија за молдавскиот печат, ние всушност добивме одобрение од молдавската централна банка за купување на EnergBank. Ќе продолжиме да работиме за да ја постигнеме посакуваната цел“, вели Тармо Силд, извршен директор на IuteCredit Europe.

Според Лилијан Гузун, извршен директор на ИутеКредит Молдавија, вклучувањето на ИутеКредит во EnergBank ќе ја поттикне дигитализацијата на банката преку носење на најдобрите практики од Балтикот и Скандинавија.

Силд смета дека во следните две години компанијата би можела да достигне еден милион клиенти и биланс на состојба од една милијарда евра, а дел од планот е и купувањето на банката. „ИутеКредит мора да стане лесно достапна и брза финтек необанка, парите треба да се движат многу слободно, непречено, како човековиот говор. Во исто време, нашето главно ветување е да понудиме извонредно искуство во личните финансии, така што одржувањето на човечкиот контакт е многу важно во време кога технологијата станува сè поголем дел од нашите животи“, изјави Силд. Покрај купувањето на банката, ИутеКредит планира да ги прошири сите услуги што компанијата ги нуди преку мобилните телефони и да понуди можности за инвестирање.

ИутеКредит во следните години има намера да се прошири и надвор од границите на своите сегашни основни пазари и да го прошири своето портфолио на услуги. „Повеќето од моменталните приходи доаѓаат од рати и кредити, но во иднина дигиталните плаќања би можеле да сочинуваат половина од портфолиото на компанијата“, рече Силд.

ИутеКредит, која е основана во 2008 година, е водечка европска компанија за лични финансии. Групацијата е специјализирана за потрошувачки кредити преку своите подружници кои се 100% во нејзина сопственост. ИутеКредит во моментов опслужува клиенти во Македонија, Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Мисијата на ИутеКредит е да создаде извонредно корисничко искуство во личните финансии преку надминување на очекувањата на клиентите.

Комерцијалната банка EnergBank S.A. работи на финансискиот пазар на Република Молдавија веќе 25 години. Во овој период, банката стана една од најдобрите средни финансиски институции во земјата, со вкупна актива од 2,96 милијарди леи (147 милиони евра) до 30.11.2021 година. Со својата широка мрежа од 45 филијали и агенции, банката обезбедува целосен опсег на услуги посветени најмногу на физички лица и мали и средни бизниси, нудејќи финансиски услуги низ целата земја.

 

 

(ПР текст)

Економија

Став на Кирил Лазаров за меѓувладината седница во Софија

Објавено пред

Македонско бугарската стопанска комора е еден од учесниците кои на оперативно ниво ќе бидат вклучени во процесот на враќање на дијалогот меѓу двете држави, вели претседателот на комората, Кирил Лазаров.

– Кој е вашиот коментар во врска со меѓувладината седница која денеска се одржува во Софија?

Меѓувладината седница е резултат и потврда на заложбите целиот процес да се одвива збрзано и преставува позитивна основа за враќање на довербата и дијалогот. Во светло на решавање на спорните прашања би рекол дека оваа седница е логична бидејќи после средбата на премиерите Петков и Ковачевски излегоа со заклучоци дека пристапуваат кон суштинско решавање на проблемот и ќе применат тактика на дефининирање на задачите на работните групи и реализирање на динамиката која е договорена. Тоа покажува дека повеќе нема да бидат работите ставани под тепих и оставени само на декларативни заложби и зборови туку дека се има искрена намера да се конкретизираат и реализираат сите отворени прашања, од економска, па се до културна платформа.

– Дали Вие или претставник на Комората е веќе дел од работните групи формирани од Владата?

Да, немаме дилеми, Владата формираше работни групи кои ќе бидат преставени од институциите на стратешкo ниво, а на оперативното ниво, секако дека како комора ќе бидеме вклучени како дел од процесот. Имаме најави за наше активно учество се со цел димензионирање на задачите во нашиот делокруг на работа и обврски кои гравитираат во економијата и инвестициите. Се ставаме во комплетна функција сите чинители на комората се со цел да дадеме активен придонес во дијалогот и задачите.

– Какви се очекувањата на Македонско бугарската стопанска комора од денешната седница? Имате ли чувство дека економијата како дел од фокусот во релациите Македонија – Бугарија, брзо ќе даде позитивни ефекти?

Нашите очекувања се потпираат на рационални и паргматични основи и се базираат низ призма на бројки и статистики. Една работа стана јасна целиот овој период, а тоа е кога имаме блиски, стабилни и пријателски односи со Бугарија, расте трговската размена, туристичката понуда, интересот за инвестирање односно економските односи во целина. Кога има економија има близина, има иднина и убави чувства еден кон друг. Во интервју некаде после Божиќ ја кажав статистиката и кога беше актуелна блокадата од Бугарија и таму се воочува дека таа стагнира, стагнација во економијата создава антагонизам меѓу народите. Затоа и фокусот меѓу релациите на двете држави треба да биде економијата, бидејќи само таа има сила да создаде позитивен ефект во односите и само економијата ќе го пробие патот за полесно изнаоѓање на политичкото решение.

– Дали го делите оптимизмот со министерот Бектеши дека многу лесно ќе се усогласат двете страни во делот на економијата, трговијата, транспортот и енергетиката?

Тоа е реален оптимизам, ние во овие сегменти немаме недоразбирања со Бугарија, туку имаме силен мотив. Бугарија има силен мотив да биде економски доминантно позиционирана во нашата држава, од нивна стратешка гледна точка, но и да ги подобри споствените економски перфоманси бидејќи според нивниот попис, Бугарија има изгубено над 900.000 млади работноспособни луѓе во последните 10 години, кој разбира економија знае колку тоа ќе се одрази на нивниот БДП, и ние имаме силен мотив бидејќи и ние сме кусок со работна сила заради миграциските движења. Ако и двете држави имаат реален мотив да соработуваат економски со проекти кои имаат регионален карактер како што е проектот за коридорот 8, тогаш многу лесно ќе се усолгласиме на темите кои имаат економска платформа.

– Со какви предлози треба да настапи македонската страна? Кои проблеми според вас се приоритетни за решавање?

Во политичкиот дел, Владата на Македонија ги поседува предлозите, црвените линии и резулуцијата во нашето Собрание за заштита на идентитетските и јазичните посебности на нашата држава. Предлозите кои се од економска природа се веќе јавно презентирани и позиционирани од нас како комора, и ќе ги повториме и во оваа прилика. Забрзување на изградбата на коридорот 8 и негово конечно завршување, проект за автопатско поврзување освен предвиденото експресно поврзување од Куманово до граничен премин Деве Баир Бугарија, гасното поврзување од Петрич кон нас преку интерконекторот. Бугарија да го забрза поврзувањето од нивна страна до грничен премин Клепало кај Берово, бидејќи од наша страна е завршен. И, во периодот што доаѓа, да дефинираме нови инвестиции како што налага новата светска економија, а тоа е инвестиции во обновливи извори на енергија, дигитализација и ИТ индустрија, стратешки земјоделски проекти, туризам и итн. За мене лично приоритет би било проектирање и брза изградба на автопат кон Бугарија. Железницата би била за 5 години од сега, а авионската линија за два месеци од сега. На среден и долг рок заради забрзана економска и туристичка размена со Бугарија потребна е изградба на еден убав европски автопат.Тоа ќе биде вистинско поврзување помеѓу народите и бизнисмените.

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Меморандум за промоција и инвестициска соработка на претпријатијата од Северна Македонија и Бугарија

Објавено пред

Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за иновации и раст на Република Бугарија, Даниел Лорер денеска во Софија во рамки на заедничката седница на македонската и бугарската Влада потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерството за економија на Република Бугарија.

Целта на овој Меморандум за разбирање е промовирање на трговската и инвестициската соработка помеѓу претпријатијата и особено малите и средни претрпијатија на двете земји.

Согласно Меморандумот, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерството за економија на Република Бугарија во наредниот период ќе воведуваат нови можности за трговска и инвестициска соработка и ќе ги поттикнуваат малите и средни претрпијатија (МСП) од двете земји да одржуваат различни форми на соработка.

Соработката согласно потпишаниот Меморандум ќе биде во делот на размена на информации во врска со политиките и мерките за промоција на МПС, размена на искуства во организирање и администрирање на активности за обезбедување на услуги за МПС, организирање на семинари, саеми изложби и други промотивни активности за зајакнување на меѓусебната размена и соработка помеѓу МПС од двете земји.

Прикажи повеќе...

Економија

200 НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Мајорел – Глобален водечки контакт центар доаѓа во Скопје

Објавено пред

Мајорел, водечки глобален провајдер на сеопфатни решенија за корисничкa поддршка, отвoра прва канцеларија во Скопје, дополнително проширувајќи го својот глобален географски печат. Новата компанија ќе отвори стотици нови работни места во регионот, потпирајќи се на висококвалификуваната работна сила во земјава, која зборува повеќе јазици, како и на образованите млади генерации во земјава.

За таа цел Томас Мекенброк, извршен директор на Мајорел, изјави:

„Со нетрпение очекуваме да го зголемиме присуството на Мајорел во Северна Македонија во текот на следните години. Гледаме голем потенцијал во овој регион, кој отсекогаш бил дел од нашите амбициозни планови за понатамошно проширување. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им посакам добредојде на сите нови членови на Мајорел семејството во тимот во Скопје и да им посакам успех додека заедно се впуштаме во оваа нова возбудлива авантура“.

Повеќејазичниот контакт-центар на компанијата е лоциран во срцето на Скопје, со одлични транспортни линкови, во модерен четирикатен канцелариски комплекс. Новата канцеларија на Мајорел има капацитет да прими 350+ вработени.

Тимот во Скопје ќе обезбедува услуги за корисничка поддршка на клиенти преку чет, телефон и електронска пошта за еден од нивните клиенти, глобален бренд од туристичката индустрија.

Комуникациските и јазичните вештини се главните квалификации што компанијата ги бара кај кандидатите и нуди дополнителни обуки за развој на своите вработени. Сите работни позиции се на веб-страницата на компанијата.

„Еден од клучните фактори во одлуката на Мајорел да влезе во Скопје, е квалификуваната работна сила со силни јазични вештини, особено со познавање на германски, англиски, италијански и турски јазик. Мајорел има за цел да постави нови стандарди на локалниот пазар на труд, обезбедувајќи извонредни пакети за вработување и работна средина која промовира безбедност, благосостојба, раст и можности за професионален развој на вработените“ – изјави Џос Доренбуш, менаџер за глобална експанзија во Мајорел.

ЗА МАЈОРЕЛ

Ние дизајнираме, градиме и испорачуваме целосна корисничка поддршка за дел од најценетите компании во светот, родени од дигиталната ера и вертикално брендирани. Нашиот сеопфатен глобален печат во 34 земји на пет континенти, со повеќе од 66.800 членови на тимот и 60 јазици, докажува дека можеме да испорачаме флексибилни решенија кои ја користат нашата уникатна експертиза во културолошка повеќеслојност, што е од суштинско значење за вистински извонредно корисничко искуство.

Имаме длабока експертиза во доменот на корисничка поддршка од Front до Back Office. Покрај тоа нудиме, Digital Consumer Engagement, CX консалтинг и иновативен пакет на сопствени дигитални решенија за разни индустрии. Ние сме глобален лидер во содржински сервиси, доверба и сигурност. Ние веруваме дека токму заради целата оваа разновиднот Мајорел може да направи огромна разлика во оваа индустрија.

Главното седиште на Мајорел е во Грузија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Возачот е виновен за автобуската несреќа на „Струма“, заклучи бугарското Обвинителство

Бугарското Обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион4 часа

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија6 часа

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет6 часа

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија7 часа

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Европа9 часа

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија10 часа

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија10 часа

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија11 час

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија12 часа

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија13 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија14 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија15 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија15 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет15 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет16 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет1 ден

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет1 ден

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија1 ден

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Досие