Контакт

Економија

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 2,75 отсто

Објавено пред

На 11 септември 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По намалувањето на каматната стапка во август годинава, на оваа седница Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,75 отсто. На седницата исто така беше одлучено понудата на благајнички записи за аукцијата што ќе се одржи на 12 септември 2018 година, да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари. Општо земено, и на оваа седница Комитетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и стабилни очекувања на економските субјекти, видливи преку поволните движења на девизниот пазар и растот на депозитната база на банките.

Споредбата на последните макроекономски показатели за домашната економија со нивната проектирана динамика од априлскиот циклус проекции упатува на одредени отстапувања во одделни сегменти од економијата. Во согласност со објавените проценети податоци, по слабиот раст во првиот квартал, во второто тримесечје растот на БДП значително забрза на 3,1 отсто, што сепак е нешто пониско остварување во споредба со проекцијата. За третиот квартал, при ограничен обем расположливи податоци, засега не може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата, но сепак најголемиот дел од податоците упатува на продолжување на поповолните движења во економијата и во овој квартал од годината.

Во однос на инфлациските движења, во периодот јануари – август, просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 1,5 отсто, што претставува надолно отстапување во однос на априлската проекција. Во услови на послаби остварувања, но и нагорна ревизија на надворешните влезни претпоставки кај проекцијата на инфлацијата, се оценува дека ризиците за проектираната стапка на инфлација за 2018 година се урамнотежени.

Последните податоци за девизните резерви покажуваат раст во однос на крајот на претходната година за што во голем дел придонесуваат и интервенциите со нето-откуп на девизи од страна на НБРМ. Растот кај девизните резерви е нешто повисок од очекуваниот со априлската проекција, а анализата на показателите за адекватноста на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се одржуваат во сигурната зона. Расположливите показатели од надворешниот сектор засега се ограничени. Податоците за надворешнотрговската размена за периодот јануари – јули главно укажуваат на движења во согласност со априлската проекција, а расположливите податоци за менувачкиот пазар покажуваат повисоки нето-приливи. Во однос на остварувањата во билансот на плаќања, податоците за второто тримесечје упатуваат на подобри остварувања и кај тековните и кај финансиските трансакции во однос на априлската проекција.

Прелиминарните монетарни податоци за август 2018 година покажуваат задржување на континуитетот на раст и на депозитите и на кредитите. Депозитната база и во август продолжи да расте со забрзана месечна динамика за што најголем придонес имаат корпоративните депозити при истовремено зголемено штедење и на домаќинствата. На кредитниот пазар месечниот раст и натаму е воден од секторот домаќинства. На годишна основа растот на депозитите и на кредитите во август го надминува проектираниот годишен раст за третиот квартал од годината.

Во периодот помеѓу двете месечни седници на Комитетот, денарските ликвидни средства на банките и натаму се зголемуваат, пред сè, поради натамошните интервенции на НБРМ за откуп на девизи. Присуството на НБРМ на девизниот пазар за откуп на вишокот девизни средства во најголем дел е поврзано со континуирано солидните остварувања на девизниот пазар, каде што втор месец по ред банките во трансакциите со клиентите на нето-основа откупуваат девизи. Овие движења се одраз на релативно подобрата понуда на девизи од корпоративниот сектор, но и на сезонски повисоката понуда од менувачниците, карактеристична за овој период од годината. Пазарните движења во комбинација со високата девизна ликвидност на банките, која имаше нагорен тренд под влијание на растот на девизните средства, доведоа до секојдневни интервенции на НБРМ со банките поддржувачки, при што од почетокот на оваа година, заклучно со 11 септември 2018 година, се откупени 234,1 милион евра.

Поволната денарска ликвидносна позиција кај повеќето од банките и во август придонесе за намалена активност на пазарите на пари, а банките пласираа дел од вишокот денарски средства во расположливите депозити преку ноќ кај НБРМ.

На меѓународните пазари во август беше забележана засилена променливост во услови на заострување на трговските односи на глобален план и депрецијација на валутите на одделни земји во развој. Следствено, при потрага на инвеститорите по безбедни инструменти, американскиот долар забележа умерен раст на вредноста, а приносите на државните обврзници во еврозоната и во САД се намалија. Исто така, на европските пазари се проширија распоните помеѓу приносите на државните обврзници на периферните економии и на јадрото на еврозоната, главно при загриженост за фискалната состојба на Италија. Во однос на поставеноста на монетарните политики на глобално влијателните централни банки, во записникот од јулскиот состанок на ФЕД – централната банка на САД, беше посочено на поволните изгледи за американската економија, така што пазарните учесници речиси во целост очекуваа зголемување на таргетот за распонот за каматните стапки на состанокот на ФЕД во септември. Според записникот од состанокот на Европската централна банка одржан во јули, беше потврден ставот дека каматните стапки ќе останат на тековното ниво до летото 2019 година.

Општо гледано, на седницата беше заклучено дека од намалувањето на каматната стапка во август па досега поголеми промени во трендовите кај показателите клучни за монетарната политика не се забележани. Последните макроекономски показатели и оцени кај одредени сегменти упатуваат на извесни отстапувања во однос на проектираната динамика, кои засега не предизвикуваат поголеми промени во согледувањата за амбиентот во кој се спроведува монетарната политика. На седницата беше заклучено дека и натаму постојат ризици и од домашното и од надворешното окружување, при што НБРМ и натаму внимателно ќе ги следи сите економски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Економија

Тевдовски: Мораме да одиме напред за младите да останат овде

Објавено пред

Од

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, се сретна со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, при што двајцата соговорници констатираа дека приоритет на Владата и локалната власт е економскиот напредок.

„Веќе гледаме раст на платите. Новите работни места што ќе се отворат со влезот на Македонија во НАТО и ЕУ ќе прават притисок платите забрзано да растат. Со тоа ќе се подобри стандардот. Мораме да одиме напред за младите да останат овде. Тоа е најважно“, истакнал министерот на средбата и додал дека обезбедни се 70 милиони евра за изградба на локални патишта, како и дека до крајот на годината ќе заврши изградбата на пругата Битола-Кременица.

Тевдовски и Петровска дискутирале и за проблемите со долговите на општините.

„Имаме софтвер за евиденција на обврските преку кои треба да се стави ред во општините. Општините беа оставени во огромни долгови. Тоа мора да го решиме за да бидат ликвидни“, истакнал министерот за финансии.

За време на посетата на Битола, министерот за финансии остварил средба и со стопанственици од градот под Пелистер.

„Од октомври можете да аплицирате со проекти во банките за 100 милиони евра од евтината кредитна линија обезбедена преку ЕИБ“, им порачал Тевдовски на присутните и ги повика да инвестираат бидејќи, како што истакна, Владата е тука да биде нивен партнер и да ги поддржи.

Прикажи повеќе...

Економија

Меѓуминистерска група ќе ги координира регионалните инвестиции

Објавено пред

Од

Владата на денешната седница ja разгледа и усвои информацијата за потребата од воспоставување меѓуминистерска работна група за координација на регионалната инвестициска реформска агенда за Западен Балкан како заклучок од  иницијативата т.н. берлински процес.

Меѓуминистерската работна група, меѓу другото, ќе го координира влезот на инвестиции и нивноѕо воспоставување, заштита на инвестиции и задржување и привлекување инвестиции и промоција преку развој на регионална иницијатива за промоција на потенцијалите за инвестирање во земјите од регионот.

Прикажи повеќе...

Економија

Британската влада со поддршка на стратегијата за развој на енергетиката во земјата

Објавено пред

Од

На денешната седница Владата го разгледа и прифати усогласениот текст на меморандумот за соработка со британската влада.

Притоа Владата го овласти вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, да го потпише меморандумот за соработка во име на Владата на Република Македонија за реализација на проектот „Изработка на стратегија за развој на енергетиката на Република Македонија до 2040 година“.

Прикажи повеќе...

Најново

Daily news1 час

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција кој треба да се одржи...

Македонија19 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура20 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ21 час

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија22 часа

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија23 часа

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет23 часа

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа1 ден

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија2 дена

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Регион2 дена

Тачи: До договор со Србија преку мирна корекција на границите

Заокружувањето на разговорите и постигнувањето конечен договор помеѓу Косово и Србија е неопходно да се случи во брзо време, а...

Свет2 дена

(Видео) Тајфунот од Филипините се пресели во Кина – евакуирани над два милиони луѓе

Над два милиона луѓе се евакуирани во кинеската јужна провинција Гуангдонг пред пристигнувањето на тајфунот Мангхут. Претходно овој тајфун со...

Вести3 дена

Свештеници во Германија злоставувале 3 677 деца

Главниот германски надбискуп рече дека е шокиран од извештајот за сексуално злоставување во Германија во кој се наведува дека околу...

Досие