Економија
Канада: Ќе им помогнеме на земјите кои ќе престанат да користат руска нафта

Канада соопшти дека може да обезбеди повеќе нафта, гас и ураниум за да помогне во решавањето на глобалната енергетска криза предизвикана од руската инвазија на Украина.
Цените на енергијата драстично скокнаа бидејќи голем број земји се обидуваат да ја намалат зависноста од рускиот гас и нафта.
Канадскиот министер за природни ресурси, Џонатан Вилкинсон, рече дека многу земји „ветиле помош, исто како и Канада, со дополнително производство на нафта и гас“. Канада, четвртиот најголем производител на нафта, вети дека ќе пријави дополнителни 200.000 барели нафта.
Најголемата канадска компанија за нафтоводи, „Енбриџ“, соопшти за Би-Би-Си дека е „подготвена да стори сé што е можно за да ја зголеми енергетската безбедност на Северна Америка и Европа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Сијарто: Унгарија нема да гласа за воведување ембарго на руската нафта

Министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија нема да гласа за воведување ембарго на руската нафта.
Тој рече дека најавите се дека со воведувањето на шестиот пакет санкции против Русија ќе се затворат транзитните патишта за енергија, заканата насочена против суверенитетот и безбедното снабдување со енергија на Унгарија.
– Тоа е против нашите национални интереси, затворањето на секој транзит на нафта и гас го поткопува единството на ЕУ и Европа и безбедноста на Европа. Ние Унгарците и Србите ќе обезбедиме непречен транзит на енергијата. „Сакам да ве уверам дека Унгарија дотогаш нема да гласа за ембаргото за увоз на руска нафта, што беше предложено во Брисел“, изјави денеска Сијарто по средбата со српскиот министер за финансии Синиша Мали.
Затоа што, како што нагласи, тоа го загрозува снабдувањето со нафта на Унгарија.
– ЕУ треба да даде решение за нашиот проблем и потоа да разговараме за можни санкции, рече Сијарто и додаде дека затоа не можеме да очекуваме ваква одлука да биде донесена во Брисел оваа недела.
– Следната недела нема да зборуваме за тоа на состанокот на Европскиот совет, нагласи Сијарто, пренесе Телефраф.
Економија
СДСМ: Со одговорните политики, ребалансот на Буџетот е со заштеда од 200 милиони евра за поголеми плати и пензии

Одговорните политики на СДСМ се рефлектираат преку ребаланост на Буџетот, со кој заштедата од 200 милиони евра од непродуктивните трошоци, ќе се пренамени за ублажување на последиците од најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека она што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.
Со СДСМ и во време на криза растат платите и пензиите. Просечната плата се искачи над 500 евра, минималната плата се зголеми двојно, на 18.000 денари, платите во образованието рекордно се зголемија за 15%, следува рекордно зголемување на пензиите и нова методологија за постојан раст.
СДСМ продолжува со вистинска грижа за економијата и за сите категории на граѓаните, се вели во соопштението.
Економија
Лагард: Криптовалутите не вредат ништо

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ниту дeнар.
„ Мојата многу скромна проценка е дека тоа не вреди ништо“, изјави Лагард за криптовалутите во интервју за холандската емисија „College Tour“.
„Тоа не се заснова на ништо“, додаде таа. „ Нема основни средства што би дејствувале како сидро на безбедноста“.
Лагард ги повика глобалните креатори на политики да воведат правила за заштита на неискусните инвеститори кои инвестираат во дигитални средства. Криптовалутите, особено биткоинот, изгубија повеќе од половина од својата рекордна вредност во ноември 2021 година.
„ Загрижена сум за оние луѓе кои мислат дека на крајот ќе бидат наградени, кои не ги разбираат ризиците, кои сето тоа ќе го изгубат и кои ќе бидат страшно разочарани, поради што верувам дека треба да се регулира“ рече Лагард.
Скептицизмот на поранешната шефица на Меѓународниот монетарен фонд кон криптовалутите не е нов. Таа претходно изрази загриженост поради влијанието на дигиталните валути врз животната средина, како и нивната потенцијална употреба во перење пари и избегнување санкции.
Претседателката на Европската централна банка денеска ги отфрли шпекулациите дека еврозоната се движи кон рецесија.