Контакт

Економија

Кина ги прекина трговските преговори со САД

Објавено пред

Кина ги прекина трговските преговори со Соединетите Американски Држави, по новата рунда увозни царини меѓу двете земји.

Повикувајќи се на официјален став на Кина, весникот „Вол стрит журнал“ наведе дека ваквата тактика на САД нема да ја стимулира соработката со кинеската страна и Пекинг ќе се придржува до својот став да избегнува преговори под притисок.

Кина остави можност за почеток на нови преговори со Вашингттон следниот месец.

Денеска Државниот совет на Кина наведе дека Вашингтон со своите изјави и постапки си противречи самиот на себе.  Советот истакна дека постапките на САД нанеле сериозна штета врз трговските и економските односи помеѓу двете земји, на коишто долги години напорно работеле владите и народите на Кина и САД.

Пред една недела американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека од денеска воведува царина по стапка од 10 проценти на стоката од Кина во вредност од 200 милијарди долари, а од 1 јануари царината ќе порасне на 25 проценти.

Кина одговори дека од денеска воведува исти увозни давачки за повеќе од 5 200 американски производи, во вредност од 60 милијарди долари.

Економија

Европа не ѝ го одобри буџетот на Италија, тензиите растат

Објавено пред

Европската комисија го отфрли предлогот за државниот буџет на Италија за следната година, што е прва ваква одлука досега.

Образложението е дека планираните расходи ги кршат ветувањата за намалување на јавниот долг и не се во согласност со прописите.

„Комисијата денеска за прв пат е приморана да бара ревизија на предлог буџетот на членка на еврозоната, но не гледаме алтернатива“, изјави нејзиниот потпретседател, Валдис Домбровскис.

Европската комсија побара италијанската влада во рок од три недели да поднесе нов предлог буџет, што дополнително ја зголемува тензијата меѓу Рим и Брисел.

Владата на Италија тврди дека зголемувањето на трошоците е неопходно за да ја покрене економијата, но ЕУ и голем број лидери сметаат дека финансиската стабилност на Европа би била загрозена ако Италија не успее да го заузда долгот.

Битката околу италијанскиот буџет траеше со недели. Економијата на Италија по големина е трета во еврозоната.

Прикажи повеќе...

Економија

„Имаме добри услови за бизнис“, Анѓушев ги повика инвеститорите во Македонија

Објавено пред

Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за здравство Венко Филипче, учествуваше на активности во рамките на Светскиот инвестициски форум, кој се одржува во Женева.

Говорејќи на панелот, Анѓушев истакна дека во изминатиот период, преку разговори со стопанствениците е дојдено до заклучок дека за успех на бизнисот приоритет број еден е стабилност на земјата, како и владеење на правото, а дури на трето место стопанствениците ја поставуваат државната помош, односно субвенциите од државата.

„За обезбедување на стабилноста на земјата, како и високо ниво на владеење на правото, мала земја како Република Македонија, мора биде дел од поголем безбедносен систем. Тоа за нас значи да станеме дел од Европската Унија и НАТО“, подвлече вицепремиерот.

Тој додаде дека за поттикнување на инвестициските активности во земјата Владата го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој претставува транспарентна програма за поддршка на стопанството, со јасни критериуми и услови, еднакви за сите инвеститори.

Вицепремиерот нагласи дека инвеститорите сега не мора да преговараат со членови на Владата или други лица за да добијат поддршка од државата. Доколку ги задоволуваат критериумите и условите пропишани во Законот, тие може да очекуваат поддршка од Владата за поврат на дел од направените инвестиции.

Тој додаде дека доколку сакаме побрз економски развој, со оглед на тоа дека Македонија е земја со ограничени природни ресурси, мора да се фокусираме на развој на индустријата.

„Владата нема надлежност да се меша во приватните бизниси, нејзина задача е да го подобрува бизнис опкружувањето во земјата, а македонската Влада го прави токму тоа, нагласи Анѓушев и потенцираше дека во фокусот на Владата се реализација на капитални инфраструктурни проекти на пан европските коридори 8 и 10, со кои ќе се подобри безбедноста и брзината на превоз на стоки во регионот. Тој ги повика инвеститорите да ја посетат Македонија, да се уверат во добрите услови за водење бизнис во земјата и своите наредни инвестиции да ги реализираат токму во нашата земја.

 

Прикажи повеќе...

Економија

„БМВ“ повлекува 1,6 милиони возила поради опасност од пожар

Објавено пред

Поради истекување течности, автомобилската компанија „БМВ“ повлекува 1,6 милиони возила од пазарот низ светот, бидејќи постои опасност од пожар, соопшти компанијата.

Како што објаснуваат оттаму, во одделни дизел возила течноста за ладење може да истече од модулот за рециркулација на издувните гасови, поради што течноста би можела да дојде до жешки делови од системот и да се запали.

Германската компанија претходно повлече околу 480.000 возила од Азија и Европа, бидејќи во Јужна Кореја биле пријавени пожари, а засега немало повредени.

Повлекувањето се однесува на моделите од 2010 и 2017 година, а како што се наведува купувачите на проблематичните автомобили ќе бидат контактирани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Ајде да донесеме закон за амнестија за да нема селективна правда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 23 Октомври од говорницата побара да биде донесен закон за амнестија за...

Македонија5 часа

Сашо Мијалков е исклучен од партијата

По предлогот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дисциплинската комисија на општинскиот комитет Центар го исклучи Сашо Мијалков од партијата. „Се...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ слави без Груевски, исклучените членови и разрешените функционери

Ниту еден од исклучените партиски членови и разрешените функционери не пристигна во Македонскиот народен театар, каде вечерва ВМРО-ДПМНЕ одржува свеченост,...

Македонија9 часа

Јанчев: Барам јавно извинување и од Христијан Мицковски и од Александар Николовски или ќе ги тужам за клевета

На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија11 час

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија11 час

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет12 часа

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет12 часа

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија13 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет14 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет14 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија1 ден

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија1 ден

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија1 ден

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија1 ден

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија1 ден

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија1 ден

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија1 ден

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија1 ден

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Досие