Контакт

Економија

Кире Наумов и Фарук Исмаили реизбрани за членови на Управниот одбор на Развојна банка

Објавено пред

Досегашните членови на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје се реименувани за истите позиции со мандат од шест години сметано од 19.11.2021 година.

Народна банка на Република Северна Македонија издаде решение со кое се издава претходна согласност за реименување на Кире Наумов за главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија и реименување на Фарук Исмаили за главен оперативен директор на банката. Членовите на Управниот одбор, претходно, довербата за мандат ја добија од членовите на Надзорниот одбор на банката, согласно Законот за банки.

Членовите на Управниот одбор на Развојна банка ги почнаа своите мандати во ноември и декември 2019 година и управуваа со државната банка изминативе две години. Развојна банка активно учествуваше во имплементацијата на економските сетови мерки донесени од Владата во справување со негативните ефекти предизвикани од пандемијата од Ковид-19.

Во 2020 и 2021 година Развојна банка пласираше кредити кон приватниот сектор во вкупен износ од 132 милиони евра, од кои 46 милиони евра во форма на бескаматни кредити и го потпиша шестиот финансиски договор со ЕИБ за 2021/2022 година во вкупен износ од 100 милиони евра. Со подобрување на условите кај осигурувањето и факторингот, се зголеми значително обемот на осигурани и откупени побарувања по основ на факторинг кои заклучно со септември 2021 година, во однос на цела 2019 година, се зголемија за 73% и за 20%, респективно.

Од посебна важност за банката беше нејзината докапитализација која се направи во 2020 година, со која се овозможи директно проширување на портфолиото производи на банката. Сега, Развојна банка на компаниите кои вршат извоз може да им понуди и царинска гаранција. Од неодамна, преку промена во Законот за Развојна банка на Северна Македонија, се организираше Гарантен фонд во рамки на банката, со што се воспостави државната кредитно-гарантна шема од која корист имаат микро, мали, средни компании, како и големи компании кои вршат извоз, информираат надлежните.

Целта на Управниот одбор, како што се појаснува, е и понатаму да продолжи и да ја развива државната банка како динамична, финансиски силна институција, специјализирана во финансиска поддршка на малите и средни претпријатија и поширока поддршка на извозот.

Економија

Бугарија има најниска минимална плата во ЕУ од 332 евра, Луксембург е лидер со 2.257 евра

Објавено пред

Најниската минимална плата во Европската Унија на 1 јануари годинава била во Бугарија и изнесувала 332 евра, а највисока имал Луксембург со 2.257 евра, објави Агенцијата за статистика на Европската Унија – Евростат.

По Бугарија, следуваат Летонија со 500 евра, Романија – 515, Унгарија – 542, Хрватска – 624, Словачка – 646, Чешка – 652, Естонија – 654, Полска – 655, Литванија – 730, Грција – 774, Малта – 792 и Португалија – 823 евра.

Во осум земји минималната плата е повеќе од 1.000 евра. Во Словенија изнесува 1.074, Шпанија – 1.126, Франција – 1.603, Германија – 1.621, Белгија – 1.658, Холандија – 1.725, Ирска – 1.775 и Луксембург – 2.257 евра.

Од земјите што не се членки на ЕУ, Црна Гора има најголема плата мерена според куповната моќ, и таа изнесува 888 евра. Во Турција е 810 евра, во Северна Македонија – 800 евра, во Србија – 790 евра и во Албанија – 401 евро, покажале резултатите на Евростат.

Шесте членки на Европската Унија – Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска немаат законски пропишана минимална плата, но таа е одредена со колективни договори.

Прикажи повеќе...

Економија

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари, одлучи Владата

Објавено пред

Владата, на денешната 8. седница, донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи, како што се: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и од 3,5 %, свежо месо и сувомесни производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини, соопштија владините служби.

„Со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени што се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на големо и во трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст (акциски попуст/снижување/распродажба) што важеле на 1 декември 2021 година. Оваа интервентна мерка на пазарот, која почна да се применува од 6 декември 2021 година, ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година“, е неведено во владиното соопштение.

На оваа седница Владата ја донесе Програмата за економски реформи (ПЕР 2022 – 2024), во која се идентификувани клучните предизвици што треба да ги зајакнат конкурентноста и растот на економијата.

Со усвоената Програма, следниот тригодишен период фокусот ќе биде ставен на зајакнување на човечкиот капитал за инклузивен развој, поттикнување зелена транзиција, како и подобрување на конкурентноста на домашните претпријатија, нивна интеграција во глобалните вредносни синџири и формализација на економијата.

Новина во Програмата на економските реформи 2022-2024 се реформите во животната средина во делот на зелената транзиција, а кои се однесуваат на справување со цврстиот отпад и отпадните води. Еден од клучните предизвици се енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши: Замрзнувањето на цените на основните прехранбени производи да продолжи до крајот на февруари

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот фејсбук-профил информира дека е доставен предлог до Владата мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да биде продолжена до крајот на февруари 2022 година.

„Министерството за економија достави одлука до Владата, со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година“, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

Владата на 4 декември 2021 година донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, како леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 %, свежо месо и сувомесни производи, сирење и урда, а потоа листата на производи беше проширена и со јајца, ориз и тестенини.

Исклучени се цените на привремените попусти што важеле на 1 декември 2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Сали: Второто полугодие ќе почне со физичко присуство

Второто полугодие во училиштата ќе почне со физичко присуство, изјави министерот за здравство, Беким Сали, и според него, епидемиолошката состојба...

Економија4 часа

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари, одлучи Владата

Владата, на денешната 8. седница, донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи,...

Македонија5 часа

26 починати лица, регистрирани 1.908 новозаразени од коронавирус

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Свет6 часа

НАТО не планира да испрати воени трупи во Украина

НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина, изјави првиот човек на алијансата, Јенс Столтенберг. Практично, тоа значи дека...

Свет6 часа

Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го користат украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ги зголемат...

Регион7 часа

Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање пред парламентот рече дека македонските Бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија....

Македонија7 часа

Милошоски до Османи: Зошто не кажете што содржи нон-пејперот што сте го испратиле во Софија во декември?

Министерот Османи зборува да изградиме заеднички позиции, зборува за зрелост, почит и меѓусебна доверба, но како ние да имаме доверба...

Топ8 часа

„Ауди“ со деветмина мигранти излетало од патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во полициската станица Валандово утрово било пријавено дека на регионалниот пат Р 1401 Валандово – Струмица возило „ауди“, со скопски...

Свет9 часа

(Видео) Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина

Тензиите меѓу Украина и Русија растат со месеци откако Кремљ почна да собира војници во близина на границите на Украина....

Македонија10 часа

На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје вчера за првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад...

Свет12 часа

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет13 часа

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет13 часа

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет1 ден

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија1 ден

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ1 ден

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа1 ден

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија1 ден

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 ден

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Досие