Контакт

Економија

Кирил Лазаров е единствен предлог за претседател на Македонско-бугарската стопанска комора

Објавено пред

Кирил Лазаров, сопственикот и управител на „НИКОБ обезбедување“, е единствениот предлог на членовите на Управиот одбор за претседател на Македонско-бугарската стопанска комора.

Новиот претседател на Комората ќе се избира в четврок на годишното собрание, во чии рамки ќе бидат конституирани работните тела.

На настанот ќе присуствуваат и премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, а обраќање до присустните, во согласност со агендата, ќе имаат и актуелниот претседател на Комората, Зоре Темелковски, како и министерот без ресор, Зоран Шапуриќ, и амбасадорот на Република Бугаријаво во Македонија, Иван Петков.

Целта на Македонско-бугарската стопанска комора е промовирањето на бизнисот на компаниите. По формирањето во 2011 година, Македонско-бугарската стопанска комора веќе седум години работи на унапредување на економските релации помеѓу компаниите во двете земји.

Економија

Ангеловска: Преку национална стратегија ќе ги подобруваме условите за живот на младите во земјава

Објавено пред

Преку Национална стратегија за развој на човечки капитал и низа мерки, ќе се работи на долгорочно подобрување на искористувањето на човечкиот потенцијал, како и на задржување на младите во земјава. Преку континуирано вложување во здравството, образованието и социјалната грижа и мерки како дуалното образование, ќе се подобрува продуктивноста и респонзивноста на младите на пазарот на труд. Ова го посочи министерката за финансии Нина Ангеловска на дебата за буџетот за 2020 година на Македонската телевизија, заедно со премиерот Зоран Заев и уредниците на националните телевизии.

Ангеловска рече дека индексот на човечки капитал на Светска банка покажува дека денешните деца, согласно условите кои ги добиваат во земјава, во иднина ќе испорачаат само 53% од својата продуктивност. Министерката за финансии посочи дека ова е нешто на што треба да се работи долгорочно за да се смени, а за да се направи тоа треба да се почне уште денес.

„Потребни се вложувања во здравството, образованието и социјалната грижа, што е и фокусот во буџетот за 2020 година. Со креирање на Национална стратегија за човечки капитал ќе имаме таргет дека во следните неколку години да го кренеме овој индекс. Тоа е еден сериозен чекор на национално ниво за да мапираме и видиме што понатаму“, рече Ангеловска.

Таа посочи дека со повеќе мерки се таргетираат младите. Ја посочи важноста на дуалното образование, односно практиканството, преку кое младите стекнуваат вештини кои ќе им овозможат побрзо да одговорат на потребите на пазарот на труд. Таа истакна дека ако има отворени 160 илјади работни места, а има голема невработеност кај младите, тоа покажува дека понудата не одговара на побарувачката на вештини на пазарот на труд.

Прикажи повеќе...

Економија

Се зголемува прагот за задолжителна регистрација за ДДВ на 2.000.000 денари

Објавено пред

Зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари предвидуваат измените на Законот за данокот на додадената вредност, кои денеска поминаа на владина седница. Предлог-законот сега треба да биде доставен на усвојување во Собранието на државата.

Од Владата појаснуват дека со предложениот закон се врши зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари и се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување фискална сметка, чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена во согласност со Законот за регистрирање на готовинските плаќања.

Со оваа новина во законот се укинува сметкопотврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6.000 денари, со што, како што велат од Владата, во голема мера се заштедуваат време, хартија и административна постапка.

Истовремено, предложениот закон има цел да овозможи ослободување од плаќање данок на додадена вредност на добрата што се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на НАТО.

Прикажи повеќе...

Економија

Народната банка отвори „Порта за иновации“ за поддршка на финтек-секторот

Објавено пред

Народната банка отвори „Порта за иновации“  – платформа за комуникација со финтек-секторот. Основна цел на овој проект е да се поддржи и да се поттикне развојот на иновации во областа на финансиските услуги и производи.

Сите компании коишто развиваат или применуваат иновации во финансиската сфера и притоа користат нови технологии отсега ќе можат директно и непосредно да ѝ се обратат на Народната банка за сите прашања и дилеми коишто се поврзани со регулативата што го засега финтек-секторот, како и за сите свои предлози во оваа сфера, на е-адресата: [email protected]

Секое прашање и секој предлог пристигнат преку Портата за иновации одделно ќе се разгледува од посветен тим на експерти од Народната банка, по што ќе биде даден одговор. Доколку има потреба од поопсежна дискусија за информации доставени преку Портата за иновации, тимот на Народната банка е подготвен да остварува и одделни работни средби со претставници на финтек-секторот, информираат од Народната банка.

Народната банка ќе настојува преку Портата за иновации да им овозможи на финтек-компаниите да соработуваат со неа како финансиски регулатор. Притоа, покрај давањето насоки и објаснувањето на постојните регулаторни барања, Народната банка преку комуникацијата остварена во рамки на оваа платформа, постојано ќе ја разгледува потребата за евентуална промена на регулативата и за намалување на регулаторните ограничувања за влез на нови иновативни бизнис-решенија, односно проекти, без да се наруши интегритетот на финансискиот сектор и без активности насочени кон прекумерно преземање ризици.

Преку Портата за иновации заинтересираните компании, покрај со Народната банка, ќе можат да комуницираат и со другите регулатори на финансискиот систем.

Со воведувањето на оваа платформа, Народната банка ги следи трендовите коишто произлегуваат од иницијативите што ги преземаат финансиските регулатори во рамките на Европската Унија, насочени кон создавање окружување на поблиска соработка помеѓу регулаторите, постоечките финансиски институции и финтек-секторот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 час

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија12 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа13 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија15 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет18 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија18 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија20 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ20 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија21 час

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија22 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ22 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата23 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија24 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа24 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет2 дена

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија2 дена

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија2 дена

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија2 дена

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија2 дена

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Досие