Контакт

Економија

(Видео) Ковачевски: Мицкоски ќе влезе во историјата на ЕЛЕМ кој како директор купил струја по највисока цена

Објавено пред

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на прес-конференција ги презентира, како што рече, фактите за неодговорното и недомаќинското работење на Христијан Мицкоски како поранешен генерален директор на АД ЕЛЕМ, сега АД ЕСМ.

dobivaj vesti na viber

„Христијан Мицкоски ќе влезе во историјата на оваа државна компанија како директор што купил увозна струја по астрономски високи цени. Мицкоски во јануари 2017 година увезе струја по цена и до 240 евра за MWh. Во периодот од 8 до 23 јануари 2017 година тој како директор купил скапа увозна струја во вредност од 360 милиони денари или 5.600.000 евра. Пари на компанијата, пари на државата, пари на граѓаните. Средства кои, доколку се работело како што треба, немало да се потрошат за скап увоз на струја.

Според Ковачевски, доколку компанијата била подготвена за грејната сезона, немало да има увоз. Само во јануари биле набавени 58.992 MWh електрична енергија, од кои најниската цена е 52,85 е/MWh, а највисоката 240 е/MWh.

„И, затоа, се поставуваат неколку прашања, на кои одговор може да деде само лично Христијан Мицкоски:
1. Зошто Христијан Мицкоски во 2017 година дозволил да нема евтино домашно производство и наместо тоа, да купува скапа увозна струја?
2. Зошто купувал ден за ден, што е модел за највисоки цени? Зошто не набавил плански за подолг период, со што би се постигнало намалување и упросечување на цените? Дали така ќе се избегнеше цената од 240 евра?
3. Дали со своето неодговорно раководење свесно ја оневозможил компанијата да произведе сопствена евтина енергија, со што ја загрозил стабилноста на електроенергетскиот систем, а исто така предизвикал сериозна материјална штета?

Ова се прашања на кои само Христијан Мицкоски може да одговори“, рече Ковачевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Британија се откажува од даночните намалувања за најбогатите

Објавено пред

Британскиот министер за финансии, Кваси Квартенг, најави дека владата се откажува од намалувањето на даноците за најбогатите и рече дека покажува оти ги разбира и ги слуша своите граѓани и дека нема намера да поднесе оставка, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Нема да ја укинеме даночната стапка од 45 проценти. Разбравме, послушавме“, објави Квартенг во изјавата на „Твитер“. Финансискиот план што владата на премиерката Лиз Трас го усвои пред десет дена предизвика шок на финансиските пазари и ја потона фунтата.

„Ова ќе ни овозможи да се фокусираме на спроведувањето на главните елементи од нашиот план за раст. Пред сè, на ограничување на цените на енергијата“, рече министерот, како што пренесува агенцијата АФП.

Лиз Трас, која стана премиер на почетокот на септември, и нејзиниот министер за финансии Кваси Квартенг на 23 септември објавија голем план за помош на енергетскиот сектор за домаќинствата заедно со големи даночни намалувања.

Тие најавија и други даночни намалувања, но нивната одлука да ги намалат даноците за најбогатите беше особено нападната поради што беа критикувани за фаворизирање на богатите во време на зголемени трошоци во Обединетото Кралство.

Банката на Англија итно интервенира минатата недела со програма од 65 милијарди фунти за стабилизирање на девизниот курс, што се закануваше со колапс на пензиските фондови. На прашањето на Би-би-си дали размислува за оставка, министерот за финансии категорично ја отфрли таквата можност.

Прикажи повеќе...

Економија

Утре почнува 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Објавено пред

Народната банка на Македонија и Централната банка на Холандија по четиринаесетти пат ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, со што продолжува традицијата за отворена и плодна дискусија за предизвиците и можностите коишто ги носи глобалниот бран на дигитализацијата за финансиските услуги. Годинава, 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура на тема: „Просперитетна иднина на дигиталните плаќања“, ќе се одржи во виртуелен формат, на 4 и 5 октомври 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Новите технологии за плаќањата предводени од финтек-компаниите, коишто нудат широк опсег на платежни производи и услуги, ќе бидат главните теми на меѓународната конференција, на која носителите на политиките и експертите ќе ги споделат мислењата за потребата од отвореност на системите на банките и засилената автентикација на клиентите, како и за важноста на безбедноста на дигиталниот простор. На овој меѓународен настан којшто започнува утре ќе ѝ се посвети внимание и на потребата и очекуваните придобивки од воведувањето на дигиталните валути на централните банки.

Воведно обраќање на Конференцијата ќе имаат гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерката на Народната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ и директорката на Секторот за плаќање и пазарна инфраструктура во Банката на Холандија, Инге ван Дијк, a ќе учествуваат претставници на Европската централна банка и централните банки на земјите од Европската Унија, централните банки на земјите од регионот, Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија, Банката за меѓународни порамнувања, амбасадите во Република Северна Македонија, домашните регулатори, домашниот банкарски сектор, како и домашните и странските небанкарски институции коишто се засегнати страни во доменот на платежните услуги.

Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура низ годините прерасна во платформа за размена на знаења и искуства за актуелни теми од областа на плаќањата и промовирањето нови идеи. Народната банка презема бројни активности за поддршка на модернизација на постојната платежна инфраструктура преку примена на нови алатки на технолошкиот развој, при што посветува особено внимание на следењето на новитетите и на поттикнувањето на развојот на платежните услуги кај нас, се посочува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Објавено пред

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот од прекини во снабдувањето оваа зима.

dobivaj vesti na viber

За да се одржи снабдувањето со гас на соодветно ниво до крајот на грејната сезона, побарувачката ќе треба да се намали за 9 до 13 проценти во однос на просекот од изминатите пет години, се наведува во извештајот на ИЕА за пазарот на гас.

Со низок прилив на течен природен гас, ова ќе обезбеди капацитетите за складирање гас да останат полни меѓу 25 и 30 проценти, се вели во извештајот.

Без намалена потрошувачка на гас и во случај на целосен прекин на руските испораки од ноември, нивото на складирање би можело да падне на нешто помалку од пет проценти, доколку во тоа време се испорачува само мала количина на ЛНГ на ЕУ. Ова би го зголемило ризикот од прекини во снабдувањето во случај на последователен студен бран, оценуваат познавачите.

Според анализата на ИЕА, со значителен прилив на ЛНГ, складиштето би било нешто под 20 отсто капацитет.

„Руската инвазија на Украина и наглото намалување на испораките на природен гас во Европа предизвикуваат значителна штета на потрошувачите, бизнисите и цели економии, не само во Европа, туку и во економиите во развој и во развој“, вели директорот на ИЕА за енергетски пазари и безбедност Кеисуке Садамори.

„Изгледите за пазарот на гас и понатаму остануваат заматени, не само поради непромисленото и непредвидливо однесување на Русија што ја уништи нејзината репутација како сигурен снабдувач. Но, сите индикации се дека пазарите ќе останат многу тесни на почетокот на 2023 година“, вели тој.

Се очекува годинава глобалната потрошувачка на природен гас да се намали за 0,8 отсто. Во Европа побарувачката ќе се намали за рекордни десет проценти, додека во Азија и Пацификот ќе остане непроменета, пренесуваат медиумите.

Следната година се очекува глобалната потрошувачка на гас да се зголеми за 0,4 отсто, иако самите изгледи остануваат главно неизвесни, особено во однос на идните акции на Русија и притисокот од постојано високите цени на енергијата врз економијата, објави ИЕА.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Захарова: Блинкен отворено и без двоумење кажа дека имале мотиви да го уништат гасоводот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен отворено изјави дека САД и НАТО имаат мотиви да ги нападнат гасоводите Северен тек 1...

Свет49 минути

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет51 минута

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија2 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија2 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет4 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет4 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет4 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа4 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет4 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет5 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...

Регион14 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ16 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет19 часа

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија21 час

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија24 часа

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија1 ден

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија1 ден

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион1 ден

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...