Контакт

Економија

Ковачевски: Овие мерки не се за некој да седи по канцеларии, да си вари кафиња и да си чита весници

Објавено пред

Револтиран што за субвенционирана струја општините ги пријавувале и општинските згради, премиерот Димитар Ковачевски денеска објасни дека владините мерки за помош не се за некој да ужива, а друг да не може да сврзе крај со крај. Тој повика за субвенционирана струја да се пријавуваат училиштата и комунални претпријатија.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да упатам порака до општините, овие мерки не се за удопство ниту на државната администрација, ниту на општинската администрација. Овие мерки не се за некој да седи по канцеларии, да си вари кафиња, да си држи состаноци и да си чита весници. Овие мерки се за граѓаните. Овие мерки не се за некој во време на криза да ужива во удопство, а друг да не може да сврзе крај со крај. И затоа да си поднесат за комунални претпријатија, за снабдување со вода, за средни училишта, да се обезбеди сè она што е потребно за децата и за граѓаните. Во време на криза не се финансира удопство и изобилие, туку се финансира солидарност“, рече премиерот Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши денес извести дека од 474 јавни основни и средни училишта, за субвенционирана струја од 95 евра за мегават-час се пријавиле само 233 установи.

Од 70 комунални претпријатија за водоснабдување и пречистителни станици се пријавиле 50. Министерот Бектеши рече дека за субвенционирана струја се пријавило и Јавното сообраќајно претпријатие.

„Само во Град Скопје, освен ЈП ‘Водовод и канализација’ сакаат и ЈСП да се покрива од страна на државата. Ние сме кажале, овој буџет е на граѓаните и тој ќе се троши за граѓаните да не плаќаат поголеми сметки, а не за некому што не може да направи апликација во рок од две недели, па ние треба да му ги одземеме надлежностите како Влада“, рече министерот Бектеши.

За струја по 80 евра за мегават-час се пријавиле 235 компании од прехранбената индустрија, иако има околу 1.000.

Министерот Бектеши најави дека од 1 декември Државниот пазарен инспекторат ќе врши зачестени проверки дали компаниите ги намалиле цените за 10 отсто. Рече дека цените на производите треба да бидат намалени кај сите прехранбени компании оти сите имале можност да се пријават за субвенционирана струја. За оние кои нема да постапат по насоките од Министерството за економија, министерот Бектеши рече дека ќе се носат дополнителни мерки.

Економија

ЕСМ произведе 12.634 MWh електрична енергија, задоволена е потрошувачката на домаќинствата

Објавено пред

АД ЕСМ на 07.12.2022 година произведe 12.634 MWh електрична енергија и со своето производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

dobivaj vesti na viber

Во Термоелектраните произведени се 11.410 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.224 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 5.964 MWh електрична енергија, наменета за дополнителни снабдувања по владини одлуки за потребите на Електродистибуција, МЕПСО, капацитети од прехранбената индустрија, училишта, јавни претпријатија и други објекти од виталната инфраструктура во државата.

Прикажи повеќе...

Економија

Андонов: Енергетската транзиција е реалност, за една година изградени се 80 мегавати фотонапонски електрани

Објавено пред

Регионот треба да се стреми кон што побрза енергетската транзиција, истакна Виктор Андонов соработник за енергетика во Владата на Република Северна Македонија на регионалната експертска Конференција за енергетика и клима „Look Up“ која се одржува во Копаоник.

dobivaj vesti na viber

Андонов на панелот „Обновливи извори реалност или мит” потенцираше дека токму оваа европска енергетска криза придонесе за зголемени активности во нови инвестиции во обновливи извори на енергија.

„За само една година во Северна Македонија изградени се над 80 мегавати на сончеви електрани, а се очекува до крајот на 2023 во македонскиот енергетски систем да има инсталирано околу 300 мегавати од фотонапонски електрани. Обновливите извори веќе се реалност во Европа и европските земји засилено инвестираат во нив. Владата на Република Северна Македонија, ја прифати таа реалност и ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040, базирана на Европскиот зелен договор. Во Стратегијата предвидена е изградба над 1.500 мегавати на фотонапонски електрани, над 700 мегавати ветерни електрани и над 500 мегавати големи хидроелектрани” истакна Андонов.

Андонов во своето обраќање го потенцираше значењето на пумпно акумулационата хидроцентрала Чебрен, за успешна енергетска транзиција на земјата и регионот. Исто така, ги потенцираше и големите проекти од стратешки интерес, како што се најголемата фотонапонска електрана Стипион од француската компанија Akyo Energy, најголeмиот ветерен парк Вирови од германската компанија WPD, како и комбинираната гасна електрана која треба да се изгради во Скопје од Mytilineos од Грција. Сите овие проекти треба да придонесат за успешна енергетска транзиција на земјата и да бидеме пример во регионот.

Прикажи повеќе...

Економија

МТСП: Министерството во октомври со 47.4% заштеда на електрична енергија

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика во октомври 2022 година, со примена на мерките за заштеда на електрична енергија, евидентира помала потрошувачка од 47.4% во споредба со потрошувачката на електрична енергија истиот месец претходната година.

dobivaj vesti na viber

Податоците покажуваат дека во текот на октомври 2022 година се потрошени 6.776 kWh електрична енергија што е за 47.4% помалку споредено со истиот месец минатата година.

Министерството за труд и социјална политика и вработените во оваа институција продолжуваат со примената на воведените мерки и во наредниот период, коишто овозможуваат рационално користење на ресурсите, а притоа непречено одвивање на целокупниот работен процес.

Мерките што ги презема Министерството за труд и социјална политика се дел од пакетот што го усвои Владата за да се намали потрошувачката на електрична енергија во државните и јавните институции, со цел сигурност и безбедност во снабдувањето со електрична енергија во текот на зимата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион10 часа

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија11 часа

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија13 часа

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа14 часа

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија16 часа

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...

Свет16 часа

Погубен е демонстрант во Иран

Иран денеска погуби демонстрант осуден за прободување на припадник на безбедносните сили и блокирање улици за време на неодамнешните протести...

Европа16 часа

Десет лица загинаа во гранатирање на истокот на Украина

Најмалку десет лица загинаа во руско гранатирање на истокот на Украина, а многумина се ранети, изјави претседателот Володимир Зеленски. Зеленски...

Европа17 часа

Шолц: Правиме се што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО

Бранејќи ја поддршката на Германија за Украина, за која критичарите во Киев и на други места во Европа велат дека...

Свет1 ден

Уапсен претседателот на Перу, обвинет е за бунт и злоупотреба на власта

Перуанската полиција, на позадината на политичката криза во земјата, го приведе претседателот Педро Кастиљо, се вели во пораката на безбедносните...

Македонија1 ден

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката...

Европа1 ден

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се обиде да ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“,...

Македонија1 ден

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк –...

Македонија1 ден

(Интервју) Наќе Чулев: Немаме гаранција дека не нè прислушкуваат

Состојбата во безбедносниот сектор е крајно хаотична. Македонија стана логистичка база за поддршка во издавање документи, државјанства, банкарски сметки на...

Македонија1 ден

Ленин Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, но блокадите остануваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму...

Македонија2 дена

Повторно закани за бомби во скопските училишта

Поради закана за поставена бомба и утрово наставата е прекината во девет скопски средни училишта. Учениците се евакуирани, а на...

Економија2 дена

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се...

Македонија2 дена

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнаa чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиja неколку банкомати. Утрово полицијата...

Свет2 дена

Лукашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили. Државната новинска агенција Белта објави дека Белорусија преместува...

Свет2 дена

Во Германија уапсени 25 десничари и поранешни војници кои планирале државен удар

Во рации низ Германија уапсени се 25 луѓе осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата. Германските медиуми наведуваат...