Економија
Комерцијална банка тринаесети пат наградена од ЕБРД
Европската банка за обнова и развој по тринаесетти пат ја награди Комерцијална банка, како најактивен учесник во EBRD TFP – Trade Facilitation Program – програма за унапредување на меѓународната трговија во глобални рамки. Наградата ќе биде и свечено доделена на ЕБОР Бизнис Форумот на 26-та годишна средба на Одборот на гувернери во Кипар на 09.05.2017 година.
Наградата се доделува еднаш годишно и се однесува на обемот и квалитетот на издадени акредитиви и гаранции со цел поддршка на надворешната трговија. Преку оваа програма вработените имаа можност да ги сертифицираат своите специфични знаења со полагање на испити (7 модули) од областа на меѓународната трговија и пракса. Воедно, тимот од Секторот за односи со странство постигна одлични резултати, признанија и промоција во својата фела.
Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува една од најтранспарентните и најреномирани банки во Република Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Тутунот се откупува по цена од 375 денари, инспекторатот на терен
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, заедно со инспекторите од ДИЗ, беа во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион.
За време на остварената контрола беше констатирано дека откупот тече во нормални услови и интензитет. Тутунот од прва класа се откупува по цена од 375 денари, додека кај едена компанија откупувач е постигната цена од 400 денари по килограм.
Директорот Анакиев посети неколку пунктови од вкупно пријавени 287 на територијата на државата. Во текот на извршените контроли е утврдено дека се пријавени 305 ваги.
Воедно, од Државниот Инспекторат на Земјоделство информираа дека од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485,24кг 1 класа тутун, 13.485,59кг втора класа и 556,81кг трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550,44кг, додека просечната откупна цена изнесува 376,00 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57% од откупените количини кон тутунарите.
Инспекторите на ДИЗ остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот.
Економија
Мицкоски: 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз и субвенции од 18.000 денари од хектар за 2024 година
По интензивните средби кои ги имавме заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски периодов се пронајде решение за откупот на оризопроизводителите, објави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи.
„Се донесе одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Плус на ова оризопроизводителите ќе добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година.
Ова е конкретна и многу добредојдена поддршка за земјоделците. На овој начин ги решаваме проблемите и се бориме за подобар стандард на сите!“, додаде Мицкоски.
Економија
Дурмиши – Месец: Продолжува плодната соработка помеѓу Северна Македонија и Словенија за унапредување на пазарот на труд
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари билатерална средба со Лука Месец, потпретседателот на владата и министерот за труд, семејство, социјални прашања и еднакви можности на Република Словенија.
Министерот Дурмиши на почетокот на средбата ја нотираше одличната билатерална соработка која ја имаат Северна Македонија и Словенија која во континуитет е пријателска и без отворени прашања, базирана на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка како на политички така и на економски план.
„Во рамки на економската соработка меѓу Северна Македонија и Словенија ми е задоволство да кажам дека во изминатиот период не се регистрирани поголеми потешкотии или отворени прашања во однос на условите во кои се одвиваше трговската размена. Сега со новата реорганизација Министерството за економија и труд е фокусирано на поддрршка на домашните и странските компании и поддршка на пазарот на труд во земјата, односно е институција во која се спојува бизнисот и работниците. Министерствотот за економија и труд пред шест месеци ги превзема надлежностите во делот на политиките за вработување и пазар на труд како нова надлежност“, кажа министерот Дурмиши.
Двајцата министери разговараа за продлабочување на соработката помеѓу двете земји во процесот на ревизија на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кој ја регулира работата на Агенцијата за вработување, но и правата по основ на осигурување во случај на невработеност која е започната во 2021 година како можност за добивање експертска поддршка од Словенија за финализирање на овој процес.
„Со оглед на природната миграција во балканските земји, особено кон оние кои се во ЕУ, имаме интерес и за склучување на билатерален договор со Словенија за посредување за вработување, што би се одвивало помеѓу двете национални агенции за вработување,словенечката и македонската. Целта ни е да се овозможи поедноставена процедура на вработување помеѓу двете земји, со истовремена заштита на работниците и нивните права при врешењето на привремената работа“, кажа министерот Дурмиши.
Двајцата министери се договорија за продолжување на соработката во областа на трудовото право и политиките за вработување со цел да бидеме во тек со движењата на пазарот на труд, по угледот на современите економии.