Контакт

Економија

„Контролата на броилата предуслов за доверба во енергетскиот систем“ – Божиновска во посета на лабораторијата на „Електродистрибуција“

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети акредитираната лабораторија за проверка на броила на електрична енергија при Електродистрибуција, која повеќе од една деценија служи за контролата на мерењето и исправноста на броилата.

Посетата следи по реализираната 13-та редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација на Република Македонија и Бирото за метрологија при Министерството за енергетика, кои годинава повторно потврдија дека Телото за инспекција на броила целосно ги исполнува барањата на меѓународниот стандард МКС ЕN ISO/IEC 17020.

Тимот на Електродистрибуција пред министерката детално ја презентираше технологијата, постапките и безбедносните протоколи што се применуваат во процесот на метролошко тестирање на броилата. Министерката Божиновска ја разгледа современата опрема, меѓу која и седум испитни станици произведени од германската компанија ЕМХ, и се запозна со инженерите и стручниот кадар кој секојдневно обезбедува прецизно, сигурно и транспарентно тестирање на броилата што ги користат потрошувачите низ целата држава.

„Прецизното испитување на броилата е клучен сегмент во создавање доверба кај потрошувачите, бидејќи секој граѓанин треба да биде сигурен дека плаќа за реално потрошена енергија. Резултатите од последната надзорна оценка потврдуваат дека Телото за инспекција на броила на електродистрибуција целосно ги исполнува барањата,“ изјави министерката Божиновска.

Министерката додаде дека Министерството за енергетика ќе продолжи со редовни обиколки и контроли на ваквите институции, со цел лично да се увери во точноста, транспарентноста и квалитетот на процесите што се од најголемо значење за граѓаните.

„Ваквите лаборатории мора да бидат модерни, сертифицирани и кредибилни, за граѓаните да знаат дека постои место каде можат да ја проверат исправноста и точноста на своето броило. Тоа е прашање на фер однос, доверба и јавен интерес,“ порача Божиновска.

Во посетата на лабораторијата заедно со министерката Божиновска присуствуваше и директорот на Бирото за метрологија, Седат Рушани. Од Министерството информираат дека и во Бирото за метрологија ќе биде ставена во функција современата опрема за државна контрола и верификација на броилата, која повеќе години бил неискористена. Со ова, граѓаните ќе добијат можност за независна државна проверка на исправноста на своите броила, директно во институција под надлежност на државата, што ќе придонесе за зголемена транспарентност, доверба и правичност во мерењето и наплатата на потрошената енергија.

Од страна на менаџерскиот тим на Електродистрибуција пак беше нагласено дека компанијата континуирано инвестира во развој на технологијата и во обука на стручниот кадар, со цел да ја задржи високата прецизност и објективност во испитувањето на броилата.

Најново

Забава3 минути

Холивудскиот актер ослабе 90 килограми, многумина не го препознаа на фотографијата

Додека многу познати личности се потпираат на лекови за слабеење, холивудскиот актер Џон Гудман постигна трансформација на телото на сосема...

Забава12 минути

Луис Хамилтон објави фотографии со Ким Кардашијан и покажа како го поминуваат летото

Луис Хамилтон објави серија фотографии со Ким Кардашијан и покажа досега невидени моменти од нивната врска. Возачот на Формула 1...

Македонија19 минути

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден...

Македонија21 минута

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8...

Македонија28 минути

ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на Табановце е тешка провокација

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на...

Топ34 минути

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Полицијата приведе едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско „На...

Црна хроника40 минути

Двајца фатени под сомнение дека подметнувале пожари во Македонија

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор....

Црна хроника47 минути

Полицаец удрил лице со врзани раце во Градски парк, пријавен за малтретирање

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава...

Црна хроника50 минути

Осумгодишно девојче тешко повредено откако во него удрил „јагуар“ во Гостивар

Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот. „На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР...