Контакт

Економија

Коронавирусот ја загрозува автоиндустријата, во Вухан се произведуваат најмногу автоделови

Објавено пред

Глобалната автомобилска индустрија се соочува со стрес-тест поради епидемијата на коронавирусот во Кина, која го нарушува производството на автоделови, од системот на пренос до управување. Произведувачите на делови низ Кина го прекинаа производството до оваа недела, а во случајот со провинцијата Хубеи, во која е епицентарот на епидемијата, фабриките ќе останат затворени до 13 февруари или подоцна.

Поради тоа фабриките за автомобили се наоѓаат во криза, како во Кина, најголемиот светски пазар, така и на други места. „Хјундаи мотор“ е првиот глобален произведувач на автомобили кој го прекина производството надвор од Кина, поради недостиг на делови, што е последица на вирусот, пишува „Блумберг“.

Недостигот на делови е нов голем проблем за оваа индустрија, која веќе се бори со опаѓање на побарувачката и зголемените трошоци за електрични и автономни возила. Произведувачите на автомобили ќе укинат повеќе од 80.000 работни места во следните години, покажуваат податоците кои ги објави „Блумберг њуз“.

Вухан, градот кој е жариште на коронавирусот, е еден од најважните упоришта на автоиндустријата во Кина, заедно со Шангај, Гуангжу и Чанчун, каде глобалните произведувачи со партнерите произведуваат автомобили и делови.

Стотина добавувачи имаат фабрики во Хубеи, вклучително и повеќе од половина од 20 глобални произведувачи на делови како што се „Роберт Бош“, „Валео“ и „Фридрихшафен“, наведува „Чајна аутомотив технолоџи и рсрч центар“.

„Џенерал моторс“, „Фолксваген“ и „Тојота моторс“ спаѓаат во компаниите кои ги затворија своите кинески погони .

Економија

Групацијата„ Иутекредит“ со зголемена исплата на кредити за 86%

Објавено пред

Меѓународната фин-тек компанија „Иутекредит“, со потекло од Естонија, ја зголеми исплатата на кредити за 86% во рок од една година, на 152 милиони евра. „Иутекредит“ со своето претставништво во Македонија користи иновативни технички решенија за примање апликации за кредит, кои овозможуваат нивно брзо процесирање и проценка на ризикот.

Според извршниот директор на групацијата „Иутекредит“, Тармо Силд, речиси сите финансиски показатели значително се зголемиле во рок од една година. Покрај тоа што заемите издадени во пет различни земји се зголемени од 82 на 152 милиони евра, приходите од камати се зголемени за речиси 108%, што е за повеќе од двојно, од 22,6 на 47,0 милиони евра. Исто така, заработката на компанијата пред оданочување и амортизација (EBITDA) се зголеми за 56,2% на 20,2 милиони евра, додека, пак, нето-добивката на „Иутекредит“ за истиот период е зголемена на 8,4 милиони евра.

„Овој раст е предводен од паметна технологија и високото ниво на услуга што им се нуди на клиентите. Хај-тек компаниите денес не прават чуда. Клучот за успехот е во можноста да се одржи човечката димензија на услугата кон клиентите, дури и кога значителен дел од работата е автоматизиран“, објасни Силд. „Како естонска компанија, се потпираме на успешната приказна на ‘е-Естонија’, која доста ни помага“.

За 2020 година „Иутекредит“ има за цел да издаде кредити во износ до 210 милиони евра на над 300 илјади клиенти. Тоа би значело вкупниот приход да изнесува најмалку 70 милиони евра. „За да ги добиеме овие резултати, ќе придонесеме за зголемување на надлежностите на нашите тимови, со цел да ги анализираме податоците и да ги искористиме сите можности на нашата техничка платформа. Исто така, ние веруваме во исклучителниот однос што го имаме со клиентите кои се навраќаат кај нас, поради придобивките и искуството што го добиваат “, објасни Силд.
„Друг важен развој за нас како групација е фактот дека бизнисот на ‘Иутекредит’ стана оперативен на два нови пазари, Бугарија и Босна и Херцеговина, на кои очекуваме брз раст во текот на следниот период. Покрај тоа, иновативноста на нашите продукти не придонесува само за брзи и лесни апликации за кредит, туку и за комплетно нови придобивки за нашите клиенти. Особено сме горди што сме првата финансиска небанкарска компанија во Македонија што нуди платежни картички од брендот Мастеркард “, дополнува Силд.

„Иутекредит“ е меѓународна фин-тек компанија за микро-кредитирање со потекло од Естонија, која се фокусира најмногу на кредити на рати, вклучувајќи и кредити за автомобили. Просечниот период на кредит е 18 месеци. Денес, „Иутекредит“ стана водечка компанија за микро-кредити во Европа со биланс на состојба од 100 милиони евра и повеќе од 200 000 активни клиенти. Компанијата се финансира преку јавно тргувани обврзници кои котираат на берзата во Франкфурт.

„Иутекредит“ во Македонија е присутна во шест градови и опслужува приближно 50 000 локални клиенти. Компанијата има повеќе познати трговски партнери во малопродажба како што се компаниите Нептун, Сетек и други.

Покрај Македонија, „Иутекредит“ работи и во Молдавија, Албанија, Бугарија и Босна и Херцеговина. Портфолиото на деловни партнери на „Иутекредит“ вклучува државни поштенски услуги, меѓународни телеоператори Оринџ, Водафон, Дојче Телеком, големи продавници за електроника, итн.

Прикажи повеќе...

Економија

„Алкалоид“, резултати од работењето за периодот јануари-декември 2019 година

Објавено пред

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 13%, раст на консолидираната нето-добивка од 18%, инвестиции во износ од над 1 милијарда денари и 218 нови вработувања во периодот јануари – декември 2019

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-декември 2019 година продажбите достигнуваат 8.428.009.344 денари, што е за 12% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 11.102.808.123 денари, што е за 13% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби по региони и земји

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 8%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 17%. Од вкупните консолидирани продажби, 35% се остварени на домашен пазар, додека 65% се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 9% и на останатите пазари се остварени 3% од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во САД со продажби од 268.202.851 денари, што е 2 пати повеќе од лани, Русија со продажби од 742.189.553 денари, што претставува раст од 91%, Германија со остварени 75.689.421 денари и раст од 57% и Велика Британија со продажби од 315.923.440 денари, што претставува раст од 56% споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Романија раст од 42%, Украина раст од 35%, Бугарија раст од 16%, Косово раст од 16%, Црна Гора раст од 9%, Србија раст од 7%, Словенија раст од 7%, Хрватска 5% итн.

Продажби по групи на производи

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација, и тоа 86%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ-препаратите со 22%, кардиолошките препарати со 15%, антибиотиците со 15%, невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 14% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 2%, Козметика со 8% и Билкарство учествува со 4%.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.774.492.371 денари, бележи зголемување од околу 20%, додека единечната нето-добивка изнесува 1.007.811.167 денари и е зголемена за 19%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), достигна 1.857.857.478 денари и бележи раст од 19%, додека нето консолидираната добивка во износ од 1.015.259.965 денари е зголемена за 18%.

На ниво на групација нето профитната маржа за 2019 година изнесува 9,1%, оперативната маржа е 10,8%, додека ЕБИТДА маржата изнесува 16,7%.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2019 година изнесуваат 1.091.631.671 денари. Вложувањата главно се наменети за проширување на производните капацитети.

Во 2019 година почнаа инвестициите во новите производни одделенија што ќе се простираат на површина од 7.000 м² и кои како и останатите, ќе се изведуваат во согласност со строгите барања за Добра производствена практика (GMP). Ова ќе овозможи зголемување на капацитетите за производство за најмалку 50%, односно од сегашниот капацитет од речиси 2 милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од 3 милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми. Вкупниот износ на инвестицијата е проценет на 11 милиони евра. Комплетирањето на оваа инвестиција, планирано за првата половина од 2020 година, ќе создаде услови за реализирање на околу 200 нови вработувања во сегментот Фармација.

Со цел подобрување на енергетската ефикасност и намалување на штетни емисии во воздухот, во 2019 година започна реализација на проектот за гасификација на локалитетот Алкалоид – Ѓорче Петров. Проектот е вреден над 1 милион евра, а неговата финализација е предвидена во текот на 2020 година.

Вработени

Во периодот јануари – декември 2019 година во Алкалоид се реализирани 218 нови вработувања во РС Македонија. Со тоа на крајот на декември 2019 година во Алкалоид АД Скопје работат 1.653 вработени, додека во друштвата и претставништвата во земјата и во странство има вкупно 574 вработени или вкупно 2.227 вработени во групацијата.

Со одлука на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2019 година, одобрен е и исплатен, регрес за користење на годишен одмор на вработените во компанијата, во висина од 27.709 денари бруто, односно 24.938 денари нето, додека во август 2019 година, одобрено е зголемување на нето-платата на вработените за 5,2% почнувајќи од 01.09.2019 година со што просечната исплатена нето-плата за декември 2019 година достигна 46.686,00 денари.

Податоци за акциите

Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидни акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – декември 2019 година се движеше од 8.200,00 денари до 11.901,00 денари или просечно 9.508,11 денари за една акција, што претставува раст од 18% во споредба со просечната цена во истиот период од 2018 година. Пазарната капитализација на компанијата во 2019 година надмина 17 милијарди денари.

Бизнис-план

Остварените продажби и остварениот профит за 2019 година го надминаа бизнис-планот за 2019 година донесен со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на 27.12.2018.

Бизнис-планот за 2020 година донесен со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на 27.12.2019 година предвидува инвестирање на околу 14% од консолидираните приходи од продажби во материјални и нематеријални средства, раст од најмалку 7% на консолидираните продажби во однос на 2019 година, како и раст од најмалку 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на проекциите за 2019 година.

(ПР текст)

 

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го модернизираме РЕК Битола и ќе изградиме нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш работела за добро на граѓаните на Република Македонија.В МРО-ДПМНЕ по 12 април кога ќе дојде на власт ќе реализира проекти кои ќе го подобрат стандардот на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која подразбира целосна модернизација на РЕК Битола и продолжување на векот на траење. Овој сложен проект опфаќа набавка на нова опрема за потребите на РЕК Битола, зголемување на нејзините капацитети и модернизација на работата, како и примена на целосни, без исклучок и без компромис, екостандарди за намалување загадувањето на животната средина и целосно еколошко работење на комбинатот“, соопшти партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова  што подразбира нова термоелектрична централа во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди, што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова подразбира 1.000 силно платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица и Берово, и останати места околу. За целиот регион тоа ќе донесе нова додадена вредност, средства од 20-тина милиони евра годишно и враќање на животот во овој крај. ВМРО-ДПМНЕ по 12 април ќе донесе обнова на Република Македонија со реални проекти и реални ветувања. Обнова што ќе значи повеќе за секој граѓанин во Република Македонија“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Филипче предлага да се забранат сите јавни собири за најмалку седум дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, дал предлог Владата да ги ограничи масовните јавни собири како превенција од вирусот во пресрет...

Регион2 часа

Во Грција потврден четвртиот случај на коронавирус

Гркинка која неодамна се вратила дома од северна Италија стана четвртиот случај на коронавирус во Грција. Нејзината состојба е стабилна...

Топ2 часа

Скопјанец украл паричници од факултет и приватна болница, па со картичките пазарел во маркети

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 40-годишен скопјанец кој крадел паричници, а потоа правел трансакции во маркети. Како што јавија од...

Македонија2 часа

Обвинителството нема да покрене постапка за продажбата на МРП-вакцините

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по...

Свет3 часа

Итна седница на НАТО поради нападот на турската војска во Сирија

Членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ќе одржат вонредна седница по повикот на Турција поради нападот врз нејзините сили во Сирија,...

Свет3 часа

Вo Иран 26 лица починаа од коронавирус, порасна и бројот на заразени во Италија

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната...

Свет3 часа

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик, изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане...

Европа13 часа

Канада веќе нема да ангажира тимови за обезбедување на Меган и Хари

Канада веќе нема да врши безбедносни услуги за британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската влада, откако двојката...

Европа14 часа

Рочиштето за екстрадиција на Асанж во САД одложено за мај

Британскиот суд денеска го одложи разгледувањето на барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж за 18 мај, а кого САД го...

Регион15 часа

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа17 часа

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија17 часа

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија20 часа

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија22 часа

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија22 часа

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија23 часа

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија23 часа

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија24 часа

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија1 ден

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ1 ден

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Досие