Економија
Костадинов: Зголемен повратот на ДДВ кон компаниите, раст на индустријата во декември

Навремените и ефикасни економски мерки што ги презедоа Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев дадоа резултати во ублажување на последиците од корона-кризата врз економијата. Ова го истакна портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов, на прес-конференција.
„И покрај тоа што 2020 беше година на економска и здравствена криза, во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите. За цела 2020 година извршен е поврат на речиси 34 % од наплатениот бруто-данок на додадена вредност. За споредба, во 2019 година извршен е поврат од 32 %, во 2018 од 31 %, во 2017 од 28 %, а во 2016 година 26 %. Уште еден охрабрувачки податок е растот на индустриското производство во декември 2020 година. Според официјалните податоци, индустриското производство во декември е зголемено 2,5 отсто и е прв месец од почетокот на пандемијата во кој индустријата бележи раст“, рече Костадинов.
Како што посочи, СДСМ ќе продолжи со сериозни и ефикасни економски политики, што ќе овозможат рестарт на економијата и враќање на стапките на раст пред корона-кризата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Насмевнете се, претстои цела недела за уживање во Скопје Сити Мол!

„Изгледаш прекрасно денес!“, „Насмевни се, денов ќе биде супер“, „Ти можеш сѐ што ќе посакаш“ се само дел од пораките кои деновиве се појавија на билборди низ Скопје. Пораките поставени со цел да ги насмевнат и орасположат пред сѐ минувачките, се најава за големата недела на жените која од 1 до 8 март ќе се одржува во Скопје Сити Мол.
„Оваа година за празникот на жената комуникацијата ја насочуваме кон охрабрување на жените, кон покажување на нашата благодарност за тоа што се, за нивната голема вредност за нас како бренд.“ изјавија од Скопје Сити Мол.
Токму затоа во периодот од 1 до 8 март подготвивме вистинско празнично шопинг уживање!
Во периодот пред и за 8 ми март како и секоја година продавниците подготвија бројни специјални понуди, од Скопје Сити Мол подароци и изненадувања за дамите кои ќе го посетат молот како и супер забавно фоткање со Инстаграм рамки, но тоа не е се, има и саем на книга за сите љубителки на пишаниот збор.
Силните жени секогаш се тука да им помогнат на оние на кои им е потребна поддршка, па затоа во склоп на неделата на жените склучивме соработка со Интервентен женски фонд преку кои сите посетителки на неделата на жената ќе можат да направат својат донација и да им помогнат на жените жртви на насилство.
Одберете го вашиот начин како најдобро да ги прославите жените оваа недела. Доколку вашата замисла вклучува шопинг, ве очекуваме на вистинско празнично уживање во Скопје Сити Мол!
При посета на омилениот Скопје Сити Мол, потребно е да носите заштитна маска, одржувате безбедно растојание и да ги почитувате правилата и знаците поставени кај нас. Заштити се себе и тие околу тебе.
Скопје сити Мол – Сѐ што сакам!
ПР-текст
Економија
Битиќи: Законот за финансиска поддршка, олеснување за компаниите

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески и на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Јован Деспотовски, и други членови, расправаа за измени во дел од Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
„Со овој Закон се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонијa и претставува шема на помош согласно прописите за контрола на државна помош“, стои во соопштението од кабинетот на Битиќи.
Од таму информираат, дека со измените во Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како мерка од петтиот пакет, ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
„Планираните измени и дополни се прават, за да се излезе во пресрет на стопанството и на граѓаните, со што Владата уште еднаш го покажува својот отворен и партнерски пристап во креирањето на новата развојна економија на Северна Македонија, за побрз и одржлив економски раст“, велат надлежните.
Економија
За да спречи перење пари, Кипар ќе ја испитува сопственоста врз компаниите

Кипар планира да воспостави регистар на сопственици на илјадници компании во наредните месеци, со што ќе ги расветли нетранспарентните зделки на компаниите, што го доведоа до лош глас, пишуваат светските агенции.
Деталите за илјадниците компании регистрирани на медитеранскиот остров ќе почнат да се собираат од 16 март за да бидат внесени во новиот регистар.
Според најновите информации, воспоставувањето на регистарот го налагаат регулативите на ЕУ против перење пари, а неговите поборници велат дека тоа може да претставува пресвртна точка за Кипар, особено за оние што сакаа да го скријат своето богатство зад компаниите привлечени од ниските даночни стапки.
„Ние ќе им дадеме на компаниите шест месеци да ги соберат сите детали за да влезат во новиот систем“, рече Антонија Фаита-Ставриде, висок функционер во Министерството за енергетика, трговија и индустрија, координатор на проектот.
Кипар долго време се обидуваше да се ослободи од имиџот на земја чија влада добива пари од инвеститори без никакви прашања.
Доходовната шема за добивање пасош во замена за инвестиции беше ненадејно укината минатата година по извештаите за можна корупција, потсетува „Ројтерс“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер