Контакт

Економија

Кучи: Обезбедени 1,4 милиони денари финансиска поддршка за ХАЛАЛ

Објавено пред


 

Министерот за економија Дритон Кучи ги покани деловните субјекти да ги искористат парите наменети за поддршка на ХАЛАЛ системи обезбедени со буџет, на меѓународната конференција, организирана од Агенцијата за ХАЛАЛ стандард во Македонија.
Во рамки на конференцијата за потребите на интерните аудитори во компанииите кои спроведуваат ХАЛАЛ беше одржана и обука за ХАЛАЛ – Тајјиб производи.

Присутните го нагласија значењето на оваа конференција и на обуката одржана од страна на врвни меѓународни експерти, како од аспект на размена на искуства за можностите кои ги нуди воведувањето на ХАЛАЛ-системот, така и од аспект на подобрување на конкурентноста на компаниите и настап на нови пазари.

„Министерството за економија, препознавајќи го значењето од воведување на стандардите за квалитет за деловните субјекти, а со цел да обезбеди континуирана поддршка на економијата и компаниите, веќе петта година по ред ја реализира мерката – финансиска поддршка за ХАЛАЛ систем, во рамки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво. Од крајот на 2013 година, откако ИВЗ основа сопствена Агенцијата за ХАЛАЛ стандард во Македонија, која е единствена надлежна институција за воведување и сертификација на овој стандард кај нас, Министерството за економија им ги кофинансираше трошоците на вкупно 25 компании, со вкупно 5 милиони денари буџетски средства, а пред тоа, додека сертификацијата ја вршеше Агенцијата за сертификација од Тузла, ХАЛАЛ стандардот го воведоа 11 компании од Македонија, а 4 беа во процес на сертификација“, истакна Кучи, упатувајќи покана до деловните субјекти да ги искористат средствата обезбедени во годинешниот буџет во вредност од 1,4 милиони денари за оваа намена.

На обуката беа обработени темите за процедура за сертифицирање на ХАЛАЛ – Тајјиб Стандардот, за ХАЛАЛ сертификацијата и меѓународното опкружување, критичните контролни точки и ХАЛАЛ системот за обезбедување, ХАЛАЛ сертификацијата од аспект на исламското право и ХАЛАЛ колењето на добиток.

Агенцијата за спроведување на ХАЛАЛ стандардот во Македонија додели 74 сертификати за интерните аудитори во компанииите кои спроведуваат ХАЛАЛ, кои присуствуваа на оваа денешната обука, како дел од конференцијата./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Економија

Обезбедени 15 милиони евра преку ИПА за финансирање на земјоделството

Објавено пред

Од

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок на Секторската работна група во којашто членуваат претставници од МЗШВ, од Делегацијата на ЕУ, од надлежните институции во секторот земјоделство, странски донатори и невладини организации. На состанокот се разгледаа тековните проекти финансирани од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ, како и идната финансиска помош од ИПА 2019 која е во фаза на програмирање. Воедно, беа разгледани и областите во секторот земјоделство што ќе се финансираат преку ИПА 2019, за што веќе се обезбедени околу 15 милиони евра.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, посочи дека овој состанок е добра можност за дискусија за идните приоритетни политики за развој на земјоделството. „Развојот на земјоделството зависи од политиките и мерките што ќе ги имплементира Министерството во соработка со сите чинители од секторот земјоделство. Секторската работна група ќе служи како платформа за поставување на политиките и перспективите од заеднички интерес, со цел креирање ефикасни политики за развој на земјоделството. Работната група ќе се осврне на потребата за приспособување на земјоделската политика во земјата, врз основа на релевантни детални анализи, истовремено земајќи ги предвид неопходните прилагодувања поради процесот на приближување кон ЕУ“, порача Николовски.

Раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, порача дека ваквите средби придонесуваат за успешна реализација проектите што се финансираат од ЕУ затоа што во комуникација со јавниот сектор се добива прецизна информација што треба да се сработи и каде треба да се инвестира. Бертолини ја пофали работата на Секторската работна група на МЗШВ, како најдобра од сите три кои со кои ЕУ во моментов работи.

„Се гледа голема посветеност во реализацијата на проектите.На овој начин ќе може да има развој на национално и на регионално ниво, и регионите поделени на просечни и потпросечни да се донесат на ниво на израмнување со што би се подобрила конкурентноста помеѓу нив“, изјави Бертолини. Присутните го презентираа текот на проектите финансирани од ИПА, секоја во својата област, при тоа посочија во кои делови име е потребна поголема помош и финансиски средства.

Дел од крупните проекти кои ги спроведува МЗШВ со помош на ЕУ се проектите во делот на консолидација на земјоделското земјиште, руралниот развој, шумарството, Платежната агенција, храна и ветеринарство, заедничка организација на пазарот за земјоделски производи, системите за наводнување и фитосанитарната политика. Во следниот период Секторската работна група ќе се посвети на постојана координација и комуникација и запазување на динамиката на реализација на проектите.

Прикажи повеќе...

Економија

Новите банкноти од 10 и 50 денари со нов дизајн и поголема заштита

Објавено пред

Од

НБРМ го претстави на јавноста првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, коишто на 15 мај годинава влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари.Основната разлика помеѓу овие и книжните банкноти од истата апоенска вредност коишто се повлекуваат од оптек е токму материјалот што се користи како подлога за печатење ‒ хартијата изработена од памучни влакна се заменува со специјална подлога, супстрат изработен од биаксијално ориентиран полипропилен.

Поради постигнување компатибилност за печатарска изведба на супстратот за изработка, направено е соодветно приспособување на основниот дизајн на банкнотите. Меѓу другото, наместо водениот печат што го содржат книжните, полимерните банкноти ќе содржат транспарентен прозорец во кој се вградени препознатливи елементи од нивниот оригинален дизајн. Поконкретно, кај апоенот од 10 денари претставен е стилизиран цртеж на паун, додека кај апоенот од 50 денари има приказ на гравура на рановизантиска монета. Заштитниот конец кај полимерните банкноти ќе се гледа како испрекината линија, со јасно испишан текст „НБРМ“, додека кај книжните банкноти, тој е вткаен во хартијата и под дејство на светлина се гледа како непрекината линија со јасно испишан текст „НБРМ“.

Како заштитни знаци, овие полимерни банкноти, меѓу другото ќе содржат и микротекст видлив само со лупа, двоен пасер и скриена слика, а ќе имаат и УВ-својства.

На нив ќе има и ознака во вид на издигнати точки за распознавање на различните апоени од страна на лицата со оштетен вид. Од денот на пуштање во оптек на полимерните банкноти со апоенска вредност од 10 и 50 денари – 15 мај, книжните банкноти со истата апоенска вредност престануваат да бидат законско средство за плаќање.

Прикажи повеќе...

Економија

Од 1 мај во УЈП само со закажување

Објавено пред

Од

Само со претходно закажан термин, даночните обврзници и сметководители на подрачјето на Скопје и неговата околина од 1 мај ќе можат да ги користат услугите на УЈП – Регионална дирекција Скопје.

„Услугата ‘закажи средба’ овозможува секоја странка да закаже термин за средба со даночен агент во УЈП – Регионална дирекција Скопје во време кое нему му одговара, според расположливите термини, а со цел консултација од даночната сфера, и тоа: добивање општи информации за рокови, начини за пријавување и плаќање даноци; отворање  бизнис и регистрација на даночен обврзник; консултации за издадени даночни документи; утврдување на даноци; постапки за наплата на долгови; правни прашања и консултација за други специфични прашања“, соопшти УЈП.

Закажувањето термин за средба може да се врши преку Инфо-центарот на УЈП 0800 33 000 или 02/3253 200 или он-лајн преку веб-страницата на Контакт-центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk . Странката, односно даночниот обврзник или сметководителот што закажал средба во УЈП – Регионална дирекција Скопје, а не е во можност да присуствува на закажаниот термин, потребно е средбата да ја откаже или да ја презакаже за друг достапен термин преку Инфо-центарот или он-лајн.

Од УЈП велат дека воведувањето на системот „закажи средба“ е со цел подобрување на даночните услуги, намалување на времето на чекање, намалување на метежите на даночните шалтери, навремена услуга и точен одговор за даночните обврзници.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

На Преспанското Езеро се продаваат вили „Јелена Карлеуша“ и „Лепа Брена“

Битолчанец ги спои српските ѕвезди Јелена Карлеуша и Лепа Брена. Капм-приколките опшиени со лимени тараби во автокампот „Крани“ ги крстил...

Македонија1 час

Димитров в среда ќе се сретне со Коѕијас и Нимиц во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, в среда (25 април) во Виена во...

Македонија3 часа

Извештајот за СЈО ќе се разгледува в среда

Седницата за Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одложи поради координацијата на политичките партии, по барање на...

Македонија4 часа

Мендух Тачи и Сашо Мијалков утре седнуваат на обвинителна клупа за „Титаник 2“

Утре почнува судењето за Мендух Тачи, Сашо Мијалков и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска...

Македонија5 часа

Советот на јавни обвинители ќе ги интервјуира кандидатите за шефовските позиции на организиран криминал и скопското обвинителство

Советот на јавни обвинители оваа и следната недела ќе ги интервјуира кандидатите за обвинители и кандидатите за шефовите на скопското...

Македонија5 часа

(Видео) Пуштен во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица

На свечена церемонија денеска напладне е пуштена во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица, последниот дел од Коридорот 10...

Македонија5 часа

(Видео) Скопје ќе зајми полицајци од други градови

По акцијата за контрола за присуство на алкохол кај возачите викендов во Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави...

Македонија6 часа

Тајна средба на Димитров и Коѕијас во Виена?

Изминатите неколку денови грчките медиуми шпекулираат за нова тајна средба во Виена помеѓу министрите за надворешни работи на Грција и...

Топ6 часа

Почина мотоциклистот од сообраќајката кај Битола

Мотоциклистот кој вчера учествуваше во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен починал во Клиничката болница Битола. МВР соопшти дека се работи...

Македонија8 часа

Извештајот на СЈО денеска на собраниската комисија за политички системи

Новиот шестмесечен извештај на специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември до 15 март денеска ќе се најде на...

Економија8 часа

СДСМ е фатен во милионски криминал со државни пари во ЕЛЕМ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ преку договор склучен во четири очи е фатен во милионски криминал со државни пари во АД ЕЛЕМ.СВ-Инвест и РЕК...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Кого го штити Заев за случајот „Монструм“?

„Семејствата на монструозно егзекутираните момчиња кај Смилковско Езеро мора да добијат правда. Момчињата беа жртви на брутална ликвидација, терористички акт...

Македонија1 ден

Владата ги објави националните стратегии за спречување екстремизам и борба против тероризмот

Владата ги објави националната стратегија за спречување на насилен екстремизам (2018-2022) и националната стратегија за борба против тероризам (2018-2022) заедно...

Свет1 ден

Над 50 загинати во Кабул, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот

Во бомбашкиот напад во Кабул расте бројот на загинати. Според најновите информации, загинале 52 лица, меѓу кои 21 жена и...

Економија1 ден

Без безбедносни сертификати се пушта автопатот Демир Капија-Смоквица, вели Груевски

Екс-премиерот и актуелен пратеник Никола Груевски обвинува дека власта го пушта во употреба автопатот Демир Капија -Смоквица без соодветните безбедносни...

Македонија1 ден

Единствена Македонија: По секоја цена ќе ја спроведеме намерата на народот за стратешки сојуз со Русија

Марионетската власт во Македонија и нивните странски газди мора да се во паника штом започнаа да го плашат народот со...

Македонија1 ден

Колариќ: Дали Шилегов има однапред договорена милионска зделка за набавка на автобуси?

Од опозициската партија реагираат дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов досега потпишал два меморандуми за пробно користење на автобус на...

Македонија1 ден

Приведени четворица скопјани кои ограбувале бензиски пумпи, маркети и аптеки

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35), Ш.Е.(50) и М.Е. (36), сите од Скопје, и против едно...

Регион1 ден

Вулин: На Хрватска ѝ смета тоа што Србија ја зборува вистината

На властите во Хрватска им смета тоа што Србија ја зборува вистината и им сметаат Србите кои ја зборуваат вистината,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа семејствата на убиените момчиња кај Смилковско

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат премиерот Зоран Заев дека не го исполнил тоа што го ветил, а тоа, како...

Досие