Контакт

Економија

Левицата: Дали претставниците на работодавците се формирани спротивно на законот?

Објавено пред

Од Левицата реагираат дека Организацијата на работодавците на Македонија (ОРМ), застапувана од Ангел Димитров, за која, како што велат, ги штити интересите на олигарсите и капиталистите, во континуитет ги кочи сите законски измени во полза на работниците злоупотребувајќи ја позицијата за влијание во Економско-социјалниот совет.

„Според инсајдерските информации на Левицата, токму Ангел Димитров од ОРМ е причината за одложување на имплементацијата за предлогот недела – неработен ден (за кој Владата даде рок од две недели за изготвување решение и кој досега требаше да е донесен, а сега наместо да се применува од јули 2021, се пролонгира за 2022). За штитениците на Димитров очигледно проблем е и покачувањето на минималната плата и обезбедување многубројни подобри услови за работа на работниците во Македонија. Тој од својата позиција во преговори со синдикатите ја користи функцијата во ЕСС да дејствува спротивно на интересите на половина милион работници од приватниот сектор“, потенцираат од оваа партија.

Oд таму сметаат дека Организацијата на работодавците, која ги застапува интересите на крупниот капитал, дејствува спротивно на сите прописи и без легитимитет е ставена во позиција да ги оштетува работниците од цела Македонија.

„ОРМ, спротивно на Законот за работните односи, е основана од физички лица наместо од работодавци. Ова доведува до заклучок дека нивното учество во Економско-социјалниот совет е противправно и од оваа причина треба веднаш да им биде поништена репрезентативноста бидејќи таа им е доделена спротивно на законот“, стои во писмената реакција од партијата Левицата.

„Левицата најостро го осудува ваквото експлоатациско и газдинско-феудално однесување на Ангел Димитров и на нелегитимната Организација на работодавците на Македонија и јавно ја повикуваме министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, како претседател на Економско-социјалниот совет, да ги преземе сите потребни дејства за заштита на интересите на работниците, кои во моментот се загрозени од страна на организација што е регистрирана како обично здружение на граѓани, спротивно на законот“, додаваат од Левицата.

Економија

Мицкоски: Поради неспособноста на Владата ќе има пак поскапување на струјата, под итно да го намалат ДДВ од 18% на 5%

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува повторно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, поради како што вели слабото работење на енергетските компании во државата. Тој обасни дека пред се станува збор за ЕВН и МЕПСО.

„ Мислам дека неминовно е да имаме зголемување на цената на електричната енергија и во насока на тоа во годината која што е кризна јас би сакал да ги советувам властите да ја намалат основицата, односно да го намалат данокот на додадена вредност наместо 18% да биде 5%, со тоа да го ублажат ценовниот шок кој што ќе следи со евентуалното зголемување на електричната енергија. Ние како пратеничка група, размислуваме да предложиме еден таков закон за Парламентот, за тоа што цениме дека на тој начин ќе бидат растеретени сметките за електрична енергија на граѓаните, но истовремено ќе бидат и растеретени и од бизнис заедницата“, појасни Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев од Атина: Американска компанија, која е активна во Грција, ќе инвестира и во Северна Македонија

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, одржа средба со претседателот на Грчко-американската комора, Николаос Бакацелос, и со претставници на компании членки на Комората.

На средбата премиерот Заев бил информиран дека американска компанија за рециклирање пластика е заинтересирана за отворање фабрика во Северна Македонија. Оваа американска компанија веќе 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање, појаснуваат од кабинетот на Заев.

Компаниите изразиле интерес за заеднички вложувања и за инвестиции во енергетиката, обновливите извори, како и во циркуларната економија во насока на спроведување на зелената агенда, како и во агросекторот.

Премиерот Заев истакна дека Северна Македонија посветено работи на унапредување на економската регионална соработка за што говорат и податоците за солидна трговска размена со земјите од регионот, како и заедничките проекти во полето на енергетиката.

Премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи ги поканија компаниите во земјата да дојдат да ги искористат можностите за инвестирање, како и за заеднички вложувања со националните компании.

На состанокот се дискутира и за придобивките од влезот на Северна Македонија во НАТО, што за инвеститорите е јасен и позитивен сигнал бидејќи ги зголемува предвидливоста и сигурноста на деловниот амбиент за нови инвестициски вложувања.

Презентирајќи ги можностите за инвестиции, премиерот Заев додаде дека позитивните исчекори што Северна Македонија ги прави за придвижување на интеграциските процеси на земјата се уште еден силен импулс за отворање на економските перспективи, а еден од начините за остварување на таа цел е токму зголемувањето на регионалната соработка.

На средбата беа истакнати позитивните трендови во земјата, кои даваат сигнал на стабилизирање на економијата, зајакнување на довербата кај инвеститорите како резултат на позитивните движења во економијата, раст на извозот, индустриското производство, внатрешниот промет, како и раст на просечната плата.

Прикажи повеќе...

Економија

„Ризико СМАРТ“ – нов производ на „Триглав осигурување живот“

Објавено пред

Триглав Осигурување Живот ад Скопје, воведе нов производ – Ризико СМАРТ, кој носи инклузивност со покривање на повеќе ризици а наменет е за сите оние кои сакаат целосно да го заштитат своето семејство при настанување на штетен настан по животот на корисникот на полисата.

Овој производ, наменет за лица од 18 до 65 години, го карактеризира флексибилност во поглед на траењето и начините на плаќање, а се согласно потребите на осигуреникот.

Корисници на кредит или лица кои сакаат да уживаат во сигурна иднина на своето семејство или друг корисник на осигурувањето, е вистинската таргет група за која е наменет овој вид на осигурување.

Производот Ризико СМАРТ како и останатите производи од палетата на Триглав Осигурување Живот е со целосно осигурително покритие во случај на смрт од Ковид-19.

За повеќе информации зинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02 5102-201 или на електронската пошта [email protected]

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа2 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет2 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет2 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет3 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија12 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија18 часа

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет19 часа

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија19 часа

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет23 часа

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет24 часа

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет1 ден

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет1 ден

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Свет2 дена

Нетанјаху до Бајден: Израел не сака да повредува лица кои не се вклучени во борбата со Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопшти на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел „прави се за да избегне повреда...

Македонија2 дена

13 починати и 112 нови случаи на Ковид-19 од 4.196 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Свет2 дена

(Видео) Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“ и светски агенции

Израел во воздушен напад уништи зграда во која се сместени канцелариите на катарската телевизија „Ал-Џезира“, како и на светските новински...

Македонија2 дена

Заев: Законот за дивоградбите ќе се врати во Собрание, мора да ги спасиме домовите на сиромашните

Премиерот Заев вели дека не се откажува од носењето на Законот за легализација на дивоградбите. Откако претседателот Стево Пендаровски не...

Македонија2 дена

Родителите против дигитализација: Преку референдум ќе ги спасиме нашите деца

Oдборот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска одржа протест пред Министерството за образование, противејќи се на...

Македонија2 дена

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко...

Македонија2 дена

МНР ги советува македонските граѓани да не патуваат во Израел

Министерството за надворешни работи, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат...

Досие