Контакт

Економија

Македонија и Грција ќе се поврзат со гасоводна мрежа долга 120 километри

Објавено пред

Од Владата информираат дека периодов се утврдуваат временската рамка и деталите за реализација на траса за гасно поврзување меѓу Македонија и Грција со интерконектор. За оваа цел се вршат консултации меѓу работна група составена од членови на државното акционерско друштво, Македонски енергетски ресурси (МЕР) и грчката компанија за управување на систем за пренос на природен гас во Грција (ДЕСФА).

„Согласно мерките за градење доверба помеѓу Република Македонија и Република Грција и интензивирање на билатералната соработка иницирана од премиерите на двете земји, експертите се согласија дека Проектот е добро решение за Македонија и Грција и отвора можности за продлабочување на соработката во енергетиката но и поттикнување на регионалната енергетска соработка на Балканот“, се наведува во владиното соопштение.

Со овој проект планирано е да се изградат околу 120 километри гасоводна мрежа, (околу шеесет километри на македонска и шеесет километри на грчка страна), а Македонија почнува иницијатива за развој на нови гасни коридори во Југоисточна Европа.

„Реализацијата на овој проект е од особено значење за Република Македонија бидејќи се создаваат услови за приклучување на земјата кон проектот ТАП како и користење на течниот природен гас (ТПС) од резервоарите во Грција. Со тоа ќе се овозможи транзитирање на природниот гас низ Македонија кој понатаму може да се користи и од потрошувачите на останатите земји во регионот“, нагласуваат од Владата.

Следува изработка на физибилити студија која ќе ги опфати техничките и економските аспекти на гасното поврзување и ќе понуди конкретни решенија за потребната инфраструктура на територијата на двете држави. За почеток, предвидено е гасоводната линија да има технички проектни перформанси од 2 до 3 милијарди кубни метри гас. Со цел годинава да се отпочне реализацијата на проектот, Република Македонија и Република Грција заедно ќе аплицираат за финансиски средства во меѓународните институции.

Економија

Кина ги прекина трговските преговори со САД

Објавено пред

Од

Кина ги прекина трговските преговори со Соединетите Американски Држави, по новата рунда увозни царини меѓу двете земји.

Повикувајќи се на официјален став на Кина, весникот „Вол стрит журнал“ наведе дека ваквата тактика на САД нема да ја стимулира соработката со кинеската страна и Пекинг ќе се придржува до својот став да избегнува преговори под притисок.

Кина остави можност за почеток на нови преговори со Вашингттон следниот месец.

Денеска Државниот совет на Кина наведе дека Вашингтон со своите изјави и постапки си противречи самиот на себе.  Советот истакна дека постапките на САД нанеле сериозна штета врз трговските и економските односи помеѓу двете земји, на коишто долги години напорно работеле владите и народите на Кина и САД.

Пред една недела американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека од денеска воведува царина по стапка од 10 проценти на стоката од Кина во вредност од 200 милијарди долари, а од 1 јануари царината ќе порасне на 25 проценти.

Кина одговори дека од денеска воведува исти увозни давачки за повеќе од 5 200 американски производи, во вредност од 60 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев на трибина со Стопанската комора: Со членството во ЕУ и НАТО, економијата забрзано ќе се развива

Објавено пред

Од

Претседателот на Владата, Зоран Заев  учествуваше на трибината „Перспективите на македонската економија од членството во ЕУ И НАТО“ во организација на Стопанската комора на Македонија, којашто се одржа во кругот на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона Жабени, општина Битола.

„Податоците покажуваат дека од политиките на градење пријателство, на отворање перспективи кон големите пазари, отворање надеж и охрабрување за инвестиции, странските и домашните вложувања веќе се зголемуваат во Македонија. 327 милиони евра се странските директни инвестиции во првото полугодие во Македонија во споредба со лани, кога беа 105 милиони евра. Тоа е податок што покажува дека Македонија станува попријатно место, доволно мотивирачко овде да се создава профит, а очекувањето на државата е преку ваквите инвестиции странски или домашни да расте БДП“, потенцираше Заев.

Во однос на економските придобивки кои се очекуваат во иднина од воспоставеното пријателство со Република Грција, Заев рече дека преку комплетирање на изградбата на пругата Битола – Кременица, битолскиот регион инфраструктурно ќе се поврзе со Грција и како резултат на тоа се очекува да расте соработката на економски план помеѓу двете земји и да се продлабочуваат бизнис-релациите помеѓу граѓаните од двете земји.

„Она што е наша надеж е дека со отворањето на преговорите со ЕУ ќе имаме пристап до нови фондови. Паралелата што ја правиме помеѓу земји членки на ЕУ и земји кандидати како нас покажува десет пати повисоко користење или овозможување европски фондови. Ако Македонија за 2007-2014 имала на располагање 680 милиони евра, Хрватска имала за тој период кога била земја кандидат 850 милиони евра. Еве Хрватска денеска е земја членка и има 10 милијарди и 500 милиони евра фондови за користење за една програма во период од шест, седум години“, рече премиерот.

На трибината присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој истакна дека Владата оваа година во буџетот издвои рекордни средства, односно преку 30 милиони евра за поддршка на стопанството.

Овие средства пред сè се насочени кон поддршка на компаниите преку мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, среднорочната програма на работа на Фондот за иновации и технолошки развој, како и за мерките за вработување на Агенцијата за вработување.

„Владата издвојува средства за поддршка на конкурентноста на македонските компании. Слушнавме дека само околу 6% од компаниите се извозно ориентирани, а ние сакаме да го поттикнеме технолошкиот развој и иновации во компаниите за да бидат поконкурентни на меѓународните пазари. Како држава одвојуваме средства за развој, но во влез во ЕУ и НАТО компаниите добиваат шанса да црпат финансиска поддршка од фондовите на ЕУ. Еве на пример, за технолошки развој, компаниите во Бугарија имаат на располагање околу 400 милиони евра. Воедно се добива шанса да се конкурира на меѓународни тендери. Секако, треба да се испорача квалитет, но тоа е шанса за компаниите. Видете, нашиот идентитет е гарантиран, сега на македонскиот народ му треба економски раст и развој, а Владата секако работи на нови вработувања, на повисок стандард и со тоа на посилна економија. Растот на БДП во вториот квартал од 3,1% е добар чекор напред, бидејќи е креиран од реалната економија, од стопанството“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Прикажи повеќе...

Компании

„Порше“ престанува со производство на дизел-автомобили

Објавено пред

Производителот на автомобили „Порше“ најави во неделата дека ќе се фокусира на електрични и хибрид-возила и дека повеќе нема да произведува дизел-мотори.

Минатата година само 12 проценти од глобалната продажба на „Порше“ беше од дизел-автомобили. Според портпаролот на компанијата, „Порше“ не нуди дизел-автомобили од февруари бидејќи побарувачката за нив се намалува, додека, пак, онаа за електрични возила брзо расте.

„Како резултат на ваквата промена, компанијата одлучи во иднина да не нуди возила со дизел-мотори“, изјавија од компанијата.

„Порше“ исто така го претстави и моделот „тајкан“, првиот целосно електричен модел од оваа компанија, кој ќе се натпреварува со „Тесла“ на пазарот на електрични возила.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија12 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија12 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија13 часа

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Македонија14 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија15 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет16 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија16 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ17 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести17 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа17 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет17 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија1 ден

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура1 ден

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија2 дена

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија2 дена

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија2 дена

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија2 дена

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија2 дена

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ2 дена

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Досие