Контакт

Економија

Македонија ќе почне преговори за економска соработка со БиХ

Објавено пред

Препознавајќи ја потребата од зајакнување на економската соработка помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, при тоа зачувувајќи ги принципите на еднаквост, заемна корист и недискриминација, Владата го прифати предлогот на Министерството за економија за поведување постапка за водење преговори за склучување на Договорот за економска соработка меѓу двете земји.

Целта на договорот е да ја поттикне и да ја унапреди економската соработка во области од заеднички интерес на Република Македонија и на Босна и Херцеговина, а со тоа да се одржи економскиот развој на двете земји, како и да се подобри економската ефикасност и благосостојба на потрошувачите.

Економија

„Епл“ и официјално ја презеде „Шазам“

Објавено пред

Од

„Епл“ деновиве го доврши преземањето на „Шазам“.

За преземање на апликацијата и тимот на „Шазам“, „Епл“ издвои 400 милиони долари.  Процесот не беше довршен сѐ досега, бидејќи се чекаше на службено одобрување на регулаторот на Европската Унија.

Одобрувањето конечно стигна месецов, па сега „Шазам“ и официјално е во рацете на „Епл“.

Голем број актуелни корисници на апликацијата се загрижени за иднината на самата платформа под водство на „Епл“. По тој повод од компанијата ги смирија корисниците објавувајќи податок како „Шазам“ планираат да ја претворат во апликација без реклами, која ќе биде достапна како за „ИОС“ , така и за „Андроид“ уредите.

Според „Епл“, апликацијата Шазам во цел свет е спуштена повеќе од милијарда пати и секој ден се употребува повеќе од 20 милиони пати.

Прикажи повеќе...

Економија

Франција ги намалува даноците за компаниите и домаќинствата

Објавено пред

Од

Француската влада планира следната година да ги намали даноците за 24,8 милијарди евра, со тоа настојувајќи да ја поттикне економијата и да создаде што повеќе работни места.

Францускиот министер за буџет, Гералд Дарманин го претстави планот за буџет за следната година, на основа на проектираниот економски раст од 1,7 отсто.

Даноците за домаќинствата, како што е најавено, ќе се намалат за шест милијарди евра, а за компаниите за 18, 8 милијарди евра.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Кина ги прекина трговските преговори со САД

Објавено пред

Од

Кина ги прекина трговските преговори со Соединетите Американски Држави, по новата рунда увозни царини меѓу двете земји.

Повикувајќи се на официјален став на Кина, весникот „Вол стрит журнал“ наведе дека ваквата тактика на САД нема да ја стимулира соработката со кинеската страна и Пекинг ќе се придржува до својот став да избегнува преговори под притисок.

Кина остави можност за почеток на нови преговори со Вашингттон следниот месец.

Денеска Државниот совет на Кина наведе дека Вашингтон со своите изјави и постапки си противречи самиот на себе.  Советот истакна дека постапките на САД нанеле сериозна штета врз трговските и економските односи помеѓу двете земји, на коишто долги години напорно работеле владите и народите на Кина и САД.

Пред една недела американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека од денеска воведува царина по стапка од 10 проценти на стоката од Кина во вредност од 200 милијарди долари, а од 1 јануари царината ќе порасне на 25 проценти.

Кина одговори дека од денеска воведува исти увозни давачки за повеќе од 5 200 американски производи, во вредност од 60 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не не’ напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) “Лево од мене, слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион35 минути

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија1 час

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат...

Свет2 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет2 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ2 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет6 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт14 часа

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија20 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија21 час

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија21 час

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија21 час

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Виница Виница
Македонија22 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија23 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет1 ден

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија1 ден

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ1 ден

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести1 ден

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа1 ден

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет1 ден

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Досие