Контакт

Економија

Македонскиот енергетски форум 2019: Сите да учествуваат за подигнување на свесноста за енергетската ефикасност

Објавено пред

Во организација на Владата, АД Електрани на Северна Македонија, Амбасадата на САД и ЗИП Институтот се одржува вториот по ред Македонски енергетски форум 2019 на тема „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ на кој врвни експерти, претставници на компании и од извршната власт дебатираат за важни теми од областа на енергетиката.

На петтиот панел од првиот ден на Македонскиот енергетски форум се зборуваше на тема „Енергетска ефикасност како главен фактор за намалување на потрошувачката на енергија по 2030“ на која дебатираа Методија Миноски, директор на Одделот за управување со животна средина Прокредит банка, Виолета Коагалничеану, директор на Одделот за инфраструктура и енергетска ефикасност, Европска енергетска заедница, Ана Стојиловска, претставник на Централноевропскиот универзитет од Будимпешта, Гонзало Бариос, виш експерт за зелено финансирање, ИПЦГ мбх, Германија, Ивица Јакимовски, директор на Голден арт и претседател на Градежна комора и Ана Чоловиќ, извршен директор на „Екосвест“.

„Да се зборува за свесност за енергетска ефикасност треба да се зборува за свесност на многу теми поврзани со оваа. Енергетската ефикасност делува на повеќе области. ‘Екосвест’ работи долгорочно на оваа тема. Резултатите од наше истражување покажува дека 55 % од граѓаните мислат дека можат да влијаат за заштита на животната средина. Тоа значи дека кај граѓаните постои свесност дека од нив зависат многу работи“, рече Ана Чоловиќ, извршен директор на „Екосвест“.

На овој панел-дискусија панелистите дебатираа за можностите и начините на кој различните општествени чинители можат да влијаат за да се подигне свесноста за енергетската ефикасност и да се мотивираат граѓаните на акција.

„Енергетската сиромаштија се лоцира во домаќинствата. Тие се важни во енергетската транзиција. Енергетската сиромаштија е не можност на домаќинствата да ги задоволат своите енергетски потреби. Под тоа се подразбира проблеми со плаќање сметки за електрична енергија. Енергетската сиромаштија е резултат на повеќе фактори. Енергетската ефикасност е одлична алатка за намалување на енергетската сиромаштија“, порача Ана Стојиловска, претставник од Централноевропскиот универзитет.

Економија

Основан Македонско – швајцарски бизнис клуб

Објавено пред

Oфицијално е формиран Македонско – швајцарски бизнис клуб со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Со свои обраќања пред присутните компании членови основачи на бизнис клубот, претседателот на Сојузот, Данела Арсовска и заменик амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан, го означија почетокот на работа на Македонско – Швајцарски бизнис клуб и дадоа посебен акцент на заложбите, целите и придобивките од формирањето на клубот. За претседател на бизнис клубот избранa е Јасминка Талеска, директор на швајцарската компанија „Новартис“.

Арсовска истакна дека бизнис клубот се формира како резултат на детектирана потреба и потенцијал за зголемување на деловната соработка и на бројот на компании од Швајцарија кои работат во нашата земја.

„Постои голем потенцијал за натамошно унапредување на можностите за соработка меѓу компаниите од двете земји. Целта на формирањето е пред се да ја зголемиме соработката. Обединувајќи ги компаниите кои се со швајцарски капитал и компаниите од Сојузот кои имаат интерес за соработка, веруваме дека ќе делуваме кон зголемување на трговската размена која според статистичките податоци минатата година изнесуваше 105 милиони евра, со остварен извоз од 40 милиони евра и увоз од 65 милиони евра“, истакна Арсовска.
Заменик амбасадорот на Швајцарија, Томаџан истакна дека Амбасадата ќе се залага во својот домен за јакнење на соработката меѓу двете земји, со особен акцент на зголемување на трговската и економска соработка.

„Задоволство е што на денешниот настан се присустни компании од Швајцарија и компании заинтересирани да остварат деловна соработка со Швајцарија да се здружат и да формираат деловен клуб. Ова е знак дека билатералните економски односи се добри. Убедени сме во потенцијалот за зголемена трговија и инвестиции меѓу нашите две држави. Во таа насока, новиот деловен клуб ќе има корисна улога“, изјави Тoмаџан.

Претседателот на бизнис клубот, Јасминка Талеска, рече дека од оваа соработка односно формирањето на бизнис клубот ќе произлезе единствено успех.

„Креирањето на македонско швајцарскиот бизнис клуб, покрај тоа што ќе отвори безброј врати и можности за членовите, ќе придонесе и за вмрежување на илјадници компании, изградба и зајакнување на односи, взаемна промоција на истите и многу други придобивки. Како пазар да претставуваме цел, за влез и работа на компаниите од Швајцарија е примарна цел и од истата ќе имаат бенефит двете страни“, изјави Талеска.

Во моментов над 40 компании се со 100 процентен швајцарски капитал или дистрибуираат проиводи или услуги од Швајцарија на македонскиот пазар.

Прикажи повеќе...

Економија

Анѓушев, Царовска и Адеми во Берн по швајцарски искуства за учење преку работа

Објавено пред

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и министерот за образование и наука, Арбр Адеми, на покана на Владата на Швајцарија, ја започнаа работната посета во Берн, поврзана со швајцарските искуства за стручно образование и обука.

Работната посета на Швајцарија владината делегација ја започна со средба со Швајцарскиот федерален институт за стручно образование и обука (SFIVET- Swiss Federal Institut for Vocational Education and Training) и средба со Државниот секретаријат за истражување и иновации во образованието (SERI- State Secretariat for Education, Research and Innovation).

На средбите беше презентиран швајцарскиот систем за учење преку работа, кој се спроведува преку 15 години.

Анѓушев рече дека Северна Македонија има намера да го прилагоди системот за учење преку работа на свои потреби и дека швајцарското искуство ќе биде од особено значење со оглед на тоа дека оваа активност во Швајцарија се спроведува речиси две децении.

„Швајцарскиот модел за учење преку работа е многу успешен и се имплементира речиси 2 децении. За нас ќе биде од голема корист да ги согледаме сите аспекти како тој се применува. Осознавме дека овој процес е личен избор на секој од учениците и дека постои голем интерес кај самите ученици. Нашите планови се системот за образование да го развиеме за потребите на стопанството, да им дадеме квалитетно стручно образование на младите луѓе со што ќе обезбедат квалитетни работни места. Разбираме дека ќе биде потребно време, но овој процес мора да отпочне бидејќи нема развој на економијата без соодветен развој на човечкиот капитал“, потенцира Анѓушев.

Царовска нагласи дека со Законот за практиканство се овозможува поголема вклученост на млади луѓе во работата на компаниите, но и дека се работи на нов Закон за работни односи со кој ќе се овозможи поголема вклученост на младите лица од средното образование, во производствените активности на компаниите.

Адеми посочи дека се прават интензивни подготовки за измена на законите со коишто ќе се овозможи практична работа на учениците од средното образование за коешто би биле платени, но и засилување на капацитетите на средните технички училишта и техничките универзитети.

Прикажи повеќе...

Економија

Рекордно производство на гас во Русија

Објавено пред

Производството на гас во Руската Федерација во 2018 година е зголемено речиси пет проценти во однос на претходната година, на 725 милијарди кубни метри, што е рекордно производство во последните 18 години, покажуваат податоците на руското Министерство за природа.

„Што се однесува до производството, првото место го делиме со САД“, рекол министерот за природа, Дмитриј Кобилкин.

Резервите на гас од сите категории во Руската Федерација се проценуваат на 73 илјади милијарди кубни метри.

Прикажи повеќе...

Најново

Метју Палмер Метју Палмер
Регион32 минути

Палмер: Следната косовска влада треба да биде спремна да ги укине царините

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер изјави дека следната косовска влада мора да биде...

Македонија38 минути

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија59 минути

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт14 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија17 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија17 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија19 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија21 час

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија22 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ22 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет23 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет1 ден

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет1 ден

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет2 дена

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт2 дена

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион2 дена

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија2 дена

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија2 дена

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Досие