Контакт

Економија

Македонскиот BtoBet меѓу трите најдобри ИТ-компании за софтвер за спортско обложување и онлајн казино во светот

Објавено пред

Иновативните софтверски решенија за спортско обложување и врвната експертиза е она што на македонската ИТ-компанија BtoBet ѝ обезбеди конкурентска предност и можност да застане рамо до рамо со водечките светски компании од iGaming индустријата. Оттука, домашниот провајдер на софтвер за спортско обложување BtoBet, чиј центар за технолошки развој е со седиште во Северна Македонија, станува една од трите најдобри ИТ-компании за софтвер за спортско обложување и онлајн казино во светот.

Компанијата, инаку, е основана во 2014 г. и во овие седум години станува еден од глобалните лидери во индустријата за развој на софтвер за електронско спортско обложување и онлајн казино, успешно функционирајќи и соработувајќи со голем број партнери и клиенти од целиот свет, преку своите претставништва во Северна Македонија, Италија и Гибралтар. Целосниот развоен процес се спроведува во канцелариите во Скопје, Битола и Охрид, од страна на искусен тим од близу 80 ИТ-експерти и висококвалификувани професионалци од повеќе различни области.

За главен продукт на компанијата се смета платформата Neuron, базирана на напредна технологија, која успешно ги задоволува растечките барања на спортските обложувалници и онлајн казината ширум светот, обезбедувајќи им уникатна вредност – технолошка флексибилност, брз раст и ограничување на ризикот во висококонкурентната iGaming средина.

По неколку години самостојно функционирање, минатата година BtoBet ѝ се приклучи на реномираната групација Aspire Global, лидер во глобалната iGaming индустрија која котира на шведската берза, склучувајќи зделка вредна 20 милиони евра. Ова партнерство се покажа како важен чекор во стратегиите за раст на двете компании, отворајќи нови можности за освојување на европскиот и пазарот во Северна Америка, а преку кое BtoBet ја задржа својата лидерска позиција на пазарот во Африка и Латинска Америка.

По аквизицијата, од Aspire Global истакнаа дека консолидирањето со BtoBet било клучно во обезбедувањето предност на групацијата во однос на конкурентите, што го потврдува и досега најголемиот раст на приходите, забележан во вториот квартал годинава, со што групацијата е чекор поблиску до остварување на своите финансиски цели за 2021 година.

Како дел од својата развојна стратегија, BtoBet континуирано склучува нови партнерства со етаблирани компании од индустријата, благодарение на своите производи и услуги кои се целосно усогласени со регулираните пазари на светско ниво.

Покрај бројните признанија, BtoBet е добитник на престижните SBC и CEEGC награди во индустријата.

(ПР текст)

Економија

Бесими со бизнис заедницата: Двојно зголемување на економскиот раст со Планот за финансирање забрзан раст

Објавено пред

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствари средби со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ. Средбите се дел од континуираниот дијалог што Министерството за финансии ги има со бизнис секторот во насока на размена на мислења и преземање мерки за создавање подобри деловни услови и забрзан раст.

Денеска на средбите беа презентирани препораките што произлегоа од Конференцијата што ја организираше Министерството за финансии во рамки на Економскиот и финансиски форум, а кои треба да бидат усвоени од Владата и се дел од Планот за финансирање на економското заздравување и забрзување на економскиот раст кој е во завршна фаза на подготовка во Министерството за финансии и кој, исто така, беше дискутиран на средбите.

-Во насока на заложбите за фискална консолидација, а воедно и заложбите за двојно зголемување на економскиот раст и постигнување повисоки годишни стапки на раст на БДП од околу 5%, во Министерството за финансии е подготвен Планот за финансирањето на економското заздравување и забрзување на економскиот раст . Овој план дава одговор за нови начини за пристап до капитал за финансирање на заздравувањето и забрзувањето на економскиот раст, преку проекти во јавниот и приватниот сектор, рече министерот за финансии пред стопанствениците.

Тој додаде дека целта на планот е да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, а притоа да се остане на зацртаниот курс постепено да се намалува фискалниот дефицит, а со тоа и да се задржи долгот на стабилно ниво.

-Главната поента на овој план е преку креирање и користење нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање да се создаде позитивен мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од 4 милијарди евра за периодот 2022-2026 година, финансирани од буџетот, ИПА фондовите и меѓународните финансиски институции, да се мобилизираат повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор. Со тоа, ќе се зголемат и вкупните инвестиции и ќе се забрза растот на бруто-домашниот производ и отворањето нови работни места, потенцира министерот.

Планот се состои во креирање развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантни фондови, развојни и проектни обврзници, фондови за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и претпријатија со висока општествена одговорност. Се планираат јавно-приватни партнерства, концесии и други инструменти за финансирање јавни капитални проекти, но и на приватниот сектор.

Планот за финансирање на заздравување и забрзаниот раст предвидува поддршка на проекти во јавниот и приватниот сектор кои ќе значат подобрување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, односно ќе опфаќаат области од животната средина, дигитализацијата, иновации, човечки капитал и општествена инклузивност. Имплементатори ќе бидат Развојната банка, Фондот за иновации и технолошки развој, Дирекцијата за

технолошко-индустриски зони и други институции со вклученост на комерцијалните банки и инвестициските фондови.

-Целта и очекуваните резултати од Планот за финансирање на економското заздравување и забрзан раст е финансирање на заздравување на економијата погодена од КОВИД-19 и поддршка на забрзан и одржлив раст, а притоа одржување на фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор, како дополнување на финансиските средства издвоени од буџетот. Очекувани резултати на среден рок од Планот се: двојно зголемување на економскиот раст од просечна стапка на раст од 2,5% во изминатата декада на стапки на раст од 5%; зголемување на инвестициите во јавната инфраструктура, како и зголемување на инвестициите кај приватниот сектор преку механизам на мултипликација на финансиите со приватни покрај јавните извори на финансирање; одржување фискална стабилност во рамките на Мастришките правила за јавен долг и буџетски дефицит. Следствено, инвестициите и забрзаната динамика на раст ќе придонесат кон зголемување на работните места и подобрување на стандардот и квалитетот на живот на граѓаните, потенцира министерот Бесими на средбите со бизнис заедницата, напоменувајќи дека за годинава проектираниот раст на БДП е 4,1 %, но оти движењата во економијата и постигнатиот раст на БДП во вториот квартал од 13,1 отсто упатуваат на тоа дека може да се надмине проекцијата. Во наредните години се очекува интензивирање на економскиот раст, односно во 2022 година враќање на преткризното ниво и натамошно постепено забрзување.

Покрај планот за забрзан раст се финализираат и Предлог-мерки за фискална консолидација и за поддршка на растот и развојот и новата Програма за економски реформи.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев-Олчак: Северна Македонија има одлична бизнис клима и можност за развој на компаниите ориентирани кон иновации

Објавено пред

Северна Македонија е земја со одлична деловна клима каде компаниите имаат можност за долгорочно планирање и развој на инвестициите, е заклучокот од состанокот на премиерот Зоран Заев со главниот извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“, Јацек Олчак.

Ова е прва посета на Олчак во Северна Македонија, каде оваа мултинационална компанија има партнерски однос со „Тутунски Комбинат“ – Прилеп во заедничка компанија.

На средбата присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министрите за финансии, Фатмир Бесими, за земјоделство Арјанит Хоџа и за здравство Венко Филипче, како и раководството на „Тутунски Комбинат“ – Прилеп.

Заев истакна дека оваа прва официјална посета на генералниот извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“ е само потврда дека глобалните компании ја препознаваат Северна Македонија како сигурен партнер за своите инвестиции. Додаде дека, бизнис климата во земјава овозможува фер услови за сите компании што сакаат да вложуваат и вработуваат млади луѓе.

На средбата премиерот Заев, рече дека токму инвестицијата на „Филип Морис“ и стратешкото партнерство со „Тутунски Комбинат“ – Прилеп, покажува како посветените компании имаат резултати кога во земјата има услови за развој.

Главниот извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“, Јацек Олчак истакна дека „Филип Морис Интернешанал“ е задоволен од тоа како се одвива соработката со Владата и раководството на „Тутунски Комбинат“ – Прилеп. На средбата се разговараше за процесот на трансформација на „Филип Морис Интернешанал“ во глобални рамки каде во 2016 година, компанијата изјави дека се преориентира кон производство на помалку штетни алтернативи.

Олчак истакна дека „Тутунскиот Комбинат“ – Прилеп и Северна Македонија може да имаат улога во овој процес на трансформација и притоа додаде дека компанијата има храбра визија за свет без тутунски чад и дека со проактивност можни се големи промени и можен е развој.

Олчак додаде дека последната иницијатива за отварање на Центарот за грижа за корисници во земјава покажува ширење на дејностите на самата компанија каде се потребни млади и едуцирани кадри. Центарот започна со работа во Скопје и оттука ќе се води грижа за корисниците на новите иновативни производи на компанијата во Северна Македонија, но и на 4 други земји во регионот, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Во изминатите години „Филип Морис Интернешанал“ заедно со „Тутунски Комбинат“ – Прилеп успеаја да креираат ефикасна и профитабилна заедничка компанија којашто постави нови стандарди и во Северна Македонија.

Од страната на Филип Морис, покрај главниот извршен директор беа присутни и Марко Мариоти, претседател за Источна Европа во рамки на Филип Морис, Александар Јаковљевиќ, генерален директор на ЈИЕ, Иван Костиќ, генерален директор на „Филип Морис Тутунски Комбинат“ – Прилеп (ФМТКП) ДОО Скопје, како и други високи претставници на компанијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев на „Преспански јаболкобер 2021“: Ние знаеме да го цениме трудот на овоштарите

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска во Ресен го означи почетокот на манифестацијата „Преспански јаболкобер 2021“, со што почна годинешната берба на јаболката во Преспа.

„Владата и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги креираат сите неопходни политики за поддршка на земјоделството, па така и за стимулирање и развој на овоштарството. Тоа го правиме во континуитет во двата мандата на оваа Влада. Во 2018 година 20 отсто ги зголемивме субвенциите за одржување овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на 3 денари за килограм“, истакна Заев.

„Оваа Влада нема да ги остави земјоделците и овоштарите и секогаш ќе биде во дослух со нивните потреби и реални очекувања. Ние знаеме да го цениме и вреднуваме нивниот труд и придонес за нашата економија. Затоа носиме одлуки што секогаш ќе бидат на страната на земјоделците и овоштарите“, потенцира премиерот.

Посочи дека оваа година и покрај корона-кризата и глобалната економска криза, државата ги исплати субвенциите за овоштарство во износ од речиси 9,5 милиони евра, а реализацијата на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година бележи висок степен на реализација од почетокот на годината.

„Оваа година почна проектот со Светската банка – проектот за модернизација на земјоделството, кој е со вкупна вредност од 46 милиони евра и содржи огромна развојна компонента за земјоделството, со сериозен позитивен импакт врз вкупната домашна економија“, нагласи Заев.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, истакна дека Министерството и Владата континуирано го поддржуваат овоштарството и како една од мерките, покрај зголемените субвенции, се и картичките за зелена нафта.

„Конкретно во Ресен се доставени речиси 2.000 картички. Дополнителни придобивки овоштарите имаат и од воведувањето на мерките за мотивација на младите земјоделци и руралните жени, а од особено значење е и усогласувањето на нашата правна регулатива со европската. Конкретно во делот на здравјето на растенијата, што подразбира и намалена употреба на агрохемиски средства, односно помалку пестициди, токму Ресен е пример на успешна интегрална заштита на јаболката и сѐ помала употреба на производите за заштита на растенијата, која во последните 10 години е намалена 30 %“, рече Хоџа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија11 час

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа14 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија14 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија14 часа

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија15 часа

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа15 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет18 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија20 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија20 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ1 ден

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион1 ден

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија1 ден

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија2 дена

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа2 дена

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија2 дена

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа3 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Досие