Контакт

Економија

Македонското млекопроизводство презентирано пред бизнисмените во Чешка

Објавено пред

Во рамки на официјалната посета на Република Чешка, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министер, одговорен за ЕУ и меѓународна соработка на Република Чешка, Јири Шир, присуствуваа на Б2Б средбите помеѓу македонски и чешки компании од областа на млекопроизводството.

Министерот Николовски во своето обраќање потенцираше дека овие средби претставуваат одлична можност за размена на информации и искуства кои се потребни при донесување одлуки и се почеток на идна соработка. При тоа, Николовски ги презентираше мерките кои МЗШВ ги презема за развој на млечната индустрија, со посебен акцент на мерките од ИПАРД 2 програмата и Програмата за рурален развој.

„Нашата посета на Република Чешка доаѓа во вистинско време, бидејќи развојот на сточарството, вклучително и на млекопроизводството, е од посебен интерес во креирањето на политиките на Владата на РСМ и на Министерството за земјоделство, шумарство и вододостопанство. Индустријата за млеко и млечни производи е еден од најважните сегменти во агро-индустрискиот комплекс. Во годинешната Програма за рурален развој значително ја зголемивме финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток и за оваа намена одвојуваме близу 1,5 милиони евра. Оваа мерка е важна за подобрување на генетскиот потенцијал, што крајно ќе влијае и врз квалитетот на финалниот производ, а предвидени се и други мерки со кои ќе се поддржи овој сектор. Секако на располагање се и мерките од ИПАРД 2 програмата, кои нудат можност за инвестиции во изградба или реконструкција на млекарници, фарми, набавка на опрема и друго“, посочи Николовски.

Токму мерката за набавка на приплоден добиток од Програмата за рурален развој, беше во фокусот на Б2Б, а целта беше да се идентификуваат можни добавувачи на стелни јуници од Чешка, со цел да се прошири понудата за македонските фармери за набавка на приплоден добиток и поефикасна искористеност на мерката. Во тој контекст, македонските и чешките компании разменија информации и контакти, и истите ќе им бидат презентирани на македонските фармери кои конкурираа на повикот.

На средбата присуствуваа шест македонски и десет чешки компании од млечната индустрија, кои што разменија искуства во областа на млечната индустрија, а разговараа и за можностите за заеднички настап на трети пазари. Чешка забележува значителен напредок во млечната индустрија поради што нејзините искуства се добредојдени за македонските компании од овој сектор. Во текот на денешниот ден, министерот Николовски присуствуваше и на отворањето на Националниот саем за сточарство што се одржува во Брно, Чешка, на кој што компании од цел свет ги презентираат своите производи и достигнувања во областа на сточарството.

Економија

Продажбата на нови куќи во САД опадна за 12,8 проценти

Објавено пред

Продажбата на нови куќи и станови во Соединетите американски држави (САД) во јули падна за 12,8 проценти, што е еден од главните показатели за состојбата со американската економија.
        
Причината за падот на продажбата се високите цени и намалената понуда, што ги одбива потенцијалните купувачи. Претставници на Министерството за трговија соопштија дека продажбата на нови куќи и станови по сезонски прилагодена стапка за период од 12 месеци изнесува 635.000 единици, што е намалување во однос на годишната стапка од 728 илјади.
        
Досега годинава продажбата вкупно пораснала само за 4,1 процент.Недостигот на расположиви куќи, предизвикан од забавената изградба, ги крена цените и ја намали продажбата.

Прикажи повеќе...

Економија

Пилотите на „Бритиш ервејз“ најавуваат штрајк и откажување на летови во септември

Објавено пред

Пилотите на „Бритиш ервејс“ најавуваат штрајк и откажување на летови во септември. Според светските медиуми, можно е откажување на летовите во најмалку пет денови по ред, бидејќи пилотите најавија дека ќе штрајкуваат на 9, 10 и 27 септември.

Штрајкое резултат на неисполнувањето на нивните барања околу нивните платите.

Според Би-Би-Си, иако првите денови на штрајкот ќе бидат 9 и 10 септември, на некои патници кои имаат летови од 8 до 12 септември им било кажано дека летовите им се откажани и дека тие резервирале нови билети или побарале поврат на средства.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Гасот доаѓа сѐ поблиску, завршени 70 проценти од работите на кракот Неготино – Прилеп – Битола

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на МЕР, Бајрам Реџепи и градоначалниците на општините Новаци и Битола, Љубе Кузманоски и Наташа Петровска беа на увидот во напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола во Општина Новаци.

Во изјавата за медиумите, премиерот Заев потсети дека пред точно 5 месеци, во март, на Плетвар во општина Прилеп, владина делегација беше на увид во напредокот на кракот од магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола, на делницата кај превојот Плетвар, кога директорот на МЕР, Бајрам Реџепи информираше дека се завршени 36 проценти од градежно машинските работи на овој магистрален гасовод.

„Денеска, заклучно со јули 2019 година се завршени нешто повеќе од 70 проценти од градежните и машинските работи на овој крак. За само 5 месеци се завршени 34 проценти, што претставува исклучителен прогрес. Изградбата која започна во февруари 2017 година треба да заврши до февруари 2020 година, со што практично се исполнува планот за реализација на овој дел од големиот проект за гасификација на Република Северна Македонија“, потенцираше премиерот Заев.

Тој дополни дека на магистралниот гасовод Неготино – Штип се изведуваат завршните работи, а магистралата Скопје – Тетово – Гостивар се очекува да биде завршена до крајот на следната година.

„Гасот доаѓа се поблиску до индустријата и до граѓаните, со што се отвораат можностите да влеземе во фазата за определување оператори на секундарната мрежа кои ќе треба да го обезбедат преносот и приклучокот на гасот до домаќинствата и до индустриските капацитети по конкурентни цени“, нагласи Заев и додаде дека гасификацијата на земјата ќе донесе намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот.

„Оваа изјава има посебно значење искажана во близината на РЕК Битола. Во таа насока треба да се прифати фактот дека Главната мерно регулациона станица Битола е со најголеми капацитет на овој крак со 28 илјади кубни метри гас. Ова го нагласувам бидејќи еден дел од овој гас ќе биде наменет за транзиција на работата на РЕК од производство на електрична енергија од јаглен во процес во кој гасот ќе стане новиот енергенс за производство на електрична енергија“, истакна премиерот Заев.

Премиерот Заев во изјавата за медиумите на настанот организиран за увид во напредокот на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола, информираше и за претстојните, нови мерки од Планот за намалување на загаденоста на воздухот.

„Од претстојната грејна сезона, најавуваме дека ќе овозможиме бесплатна замена во домаќинствата на печките кои користат огревно дрво и фосилни горива со високоефикасни инвертори. Трошоците за користење на инверторите за домаќинствата се значително пониски од други начини на греење, вклучувајќи го и огревното дрво, топлинскиот комфор е далеку поголем, а како дополнителна вредност е можноста за ладење во летниот период. Но, клучно е дека на овој начин заеднички ќе си го заштитиме воздухот кој сите го дишеме и кој не препознава ни партија, ни политика, ни каква било припадност“, нагласи премиерот Заев, и дополни дека граѓаните сега имаат поволности и да се вратат назад на системите за централно греење, кое веќе е со намалена цена заради повластената ставка на ДДВ кој паѓа од 18 на само 5 отсто, и информираше за текот на процесот кој се реализира со германската KVW банка на проектот на топловодната мрежа од РЕК Битола кон градот Битола.

На увидот во напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола во Општина Новаци, министерот за транспорт и врски, Сугарески истакна дека ова е еден најстожерните проекти на оваа влада и дека во најскоро време гасот ќе биде достапен до сите корисници.

„Придобивките кои што ќе ги имаат граѓаните и компаниите ги потенцираме во неколку наврати, ќе има намалување на трошоците во делот на семејствата но сакам да потенцирам дека и компаниите кои ќе го користат овој енергенс ќе ги намалат своите трошоци и ќе се поконкурентни со своите производи“, рече Сугарески.

Директорот на МЕР Бајрам Реџепи од своја страна соопшти дека според утврдениот план, до крајот на оваа година ќе биде остварено повеќе од 90 проценти од реализацијата на оваа делница и дека во втората половина на наредна година оваа делница ќе биде оперативна и спремна за опслужување за пренос на природен гас.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 минути

Пожар во селото Опеница, чадот се шири накај Охрид

Пожар од вчера попладне го зафати селото Опеница, кое се наоѓа на 8 километри од Охрид, а силниот чад се...

Европа1 час

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион1 час

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт1 час

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија2 часа

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт2 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет14 часа

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија16 часа

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија17 часа

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет17 часа

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа18 часа

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија21 час

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион21 час

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија23 часа

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Македонија1 ден

Германски државјанин што се барал со потерница, живеел со лажен идентитет на Попова Шапка

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава....

Македонија1 ден

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир...

Македонија1 ден

Владејачката партија најавува за 5 отсто повисоки плати во образованието од септември

Платите во основното, средното и високото образование, како и кај јавните високообразовани установи растат за 5 отсто, почнувајќи од исплатата...

Македонија1 ден

До вторник во попладневните часови ќе врне дожд

Од денеска до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролозите најавуваат услови...

Свет2 дена

Домородец од Амазонија: Ќе ја дадам последната капка крв за да ја спасам шумата

Додека пожарите беснеат во Амазонија, припадниците на бразилското племе Мура ветија дека ќе се борат за својата земја. Најголемата шума...

Македонија2 дена

(Видео) УЈП во затворот го извести Јовановски за финансиската контрола на неговата невладина

Инспектори на УЈП влегоа во затворот во Шуто Оризари за да го известат притворениот Бојан Јовановски, претседател на невладината Меѓународен...

Досие