Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народната банка ‒ координатор на Националната коалиција за Кодексот за финансирање на жените претприемачи
Народната банка продолжува со активностите околу спроведување на Кодексот за финансирање на жените претприемачи. Кодексот се спроведува согласно Меморандумот за соработка потпишан со ЕБРД, а со вклученост на претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор. Станува збор за иницијатива на светско ниво на регулаторите, давателите на финансиски услуги и на другите учесници во финансискиот екосистем, насочена кон активности коишто треба да придонесат за полесен пристап до финансии на микро, малите и средните претпријатија во сопственост на жени.
Во рамките на активностите на Кодексот, во октомври 2025 година, Народната банка за првпат објави преглед на податоците за пристапот до кредити на претпријатијата во сопственост на жени (достапен на следнава врска: https://mkddashboard.fsturkey.com/mk ). Воедно, активно се работеше на формирање на Националната коалиција за примена на Кодексот во нашата земја. Покрај Народната банка, како национален координатор и обединител, во Националната коалиција учествуваат 19 институции, меѓу кои 6 банки, 2 штедилници и МБА. Од јавниот сектор, вклучени се Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво. Институциите коишто се дел од Националната коалиција се организирани во три работни групи посветени на деловното окружување, прибирањето податоци и на финансиските и нефинансиските услуги за претпријатијата во сопственост на жени, велат од Народната банка.
„Институциите членки на Националната коалиција неодамна го заокружија списокот со заложби за примена на Кодексот и го објавија на своите веб-страници, а Народната банка го објави интегрирано, во делот од својата веб-страница посветена на Кодексот за финансирање на жените претприемачи. Објавените списоци упатуваат на цврстата определба за ангажирање во активности за поддршка на женското претприемаштво во нашата земја, што е во прилог на јакнење на потенцијалот на економијата во целина.
Активностите на Народната банка и Националната коалиција во следниот период ќе бидат насочени кон натамошно проширување на Коалицијата со нови потписници, спроведување анкета за оцена на потребите, утврдување на националната дефиниција на претпријатијата во сопственост на жени за потребите на Кодексот, наоѓање системски решенија во доменот на податоците според родовата структура во сферата на финансиите, дефинирање на начинот на известување, како и редовни анализи на податоците“, се наведува во соопштението на Народната банка.
Економија
„120 млади инженерки од пет земји, една порака: Жените можат да водат сè“
120 млади девојки и студентки од пет земји во светот се приклучија на меѓународниот онлајн настан посветен на женското лидерство во енергетиката, инженерството и рударството.
Лидерството, знаењето и храброста на жените во стратешките индустрии беа во фокусот на онлајн настанот „Leading in Energy and Mining: The Professional Journey of Sanja Bozhi-novska“, кој ги обедини млади студентки, експерти и лидери од енергетскиот и инженерскиот сектор.
Настанот, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Limak Foundation, Women on Boards Adria (WOBA) и Global Engineer Girls (GEG), ги обедини младите жени од Северна Македонија, Турција, Косово, Шпанија и Мозамбик, со цел да ги инспирира да градат кариера во STEM областите и да преземат лидерски улоги во стратешките индустрии.
Во центарот на настанот беше инспиративната професионална приказна на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која со учесничките сподели искуства од својата кариера и визијата за развој на енергетскиот сектор во време на брзи технолошки и системски промени.
„Енергетските системи се трансформираат, а технологијата се развива побрзо од кога било. Токму затоа ни се потребни нови генерации инженери и лидери – а меѓу нив има сè повеќе млади жени кои со своето знаење и амбиција ќе ја обликуваат иднината на овој сектор,“ истакна министерката Божиновска.
Таа нагласи дека вистинското лидерство во енергетиката се гради преку преку знаење, одговорност и тимска работа.
„Вистинското лидерство е да бидете најподготвени, најдоследни и најпосветени на резултатот. Нема сектор премногу сложен, нема позиција премногу висока и нема предизвик премногу голем за жените кои се подготвени да водат. “ истакна Божиновска.
На настанот се обрати и Тања Михајловска Димитриевска, претставничка на Women on Boards Adria, која зборуваше за значењето на поголемата застапеност на жените во управувачките структури и процесите на донесување одлуки.
„Поголемото присуство на жени во управните одбори и лидерските позиции не е само прашање на еднаквост – тоа е предуслов за подобро управување, посилни институции и поодржлив економски развој.“
Настанот беше посветен и на студентките од програмата Global Engineer Girls, меѓународна иницијатива која поддржува млади жени во STEM областите преку стипендии, менторство, практикантска работа, професионална обука и можности за вработување.
Отворајќи го настанот, Еда Јегиналтaј Курт, Член на Одборот на Limak Foundation порача дека ваквите иницијативи имаат клучна улога во инспирирањето на новата генерација жени лидери.
„ Токму ваквите настани се создава простор младите жени да видат реални примери на лидерство и да слушнат автентични професионални приказни и да разберат дека нивните амбиции во овие сектори не само што се можни – туку се и неопходни.“
Организаторите порачаа дека ваквите настани создаваат простор за дијалог меѓу генерациите – помеѓу жените кои веќе носат одлуки и ги водат стратешките сектори, и младите жени кои допрва ќе ја обликуваат иднината на енергетиката, технологијата и одржливиот развој. Во пораката до студентките беше нагласено дека тие не се сами на својот професионален пат.
„Патот можеби нема секогаш да биде лесен, но е возможен – и не го одите сами.“ порачаа оргнизаторите.
Со оваа иницијатива се испраќа јасна порака дека иднината на енергетиката и инженерството е инклузивна, иновативна и сè повеќе предводена од жени лидери.
„Енергетиката и рударството ги движат економиите. Но лидерството – етичко, инклузивно и визионерско – е она што го движи вистинскиот напредок.“, истакна министерката Божиновска.
Економија
Мицкоски: Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“
Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“, најави премиерот, Христијан Мицкоски.
„Денеска заедно со градоначалникот на Штип сме во производниот погон на „АКТИВА Штип“. За мене навистина претставува задоволство што еве и ние како Влада сме на некој начин учествувале да овој производен капацитет добие поинаква физиономија, односно да сопствениците на „Актива Штип“, користејќи го оној заем за којшто зборувавме во минатото, вложат во нови поразводни капацитети, а тие нови производни капацитети имаат голема додадена вредност во македонската економија и во локалната економија, овде во Штип“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека овој навидум на почетоците мал семеен бизнис, денеска прераснува во гигант за македонски услови.
