Економија
Малите продавачи го молат Безос да се воздржи од „Црниот петок“

Малите продавачи од САД би биле најсреќни ако за време на корона-кризата големите трговци, како „Амазон“, одлучат да го прескокнат овој „Црн петок“ и да им ја препуштат шансата за профит.
Француската влада им нареди на големите трговци на интернет да го одложат намалувањето планирано за „Црниот петок“ за да не бидат во нееднаква положба со оние што не може да работат поради строгите мерки за сузбивање на пандемијата, пишува „Телеграф бизнис“.
„Би било прекрасно ако Џеф Безос земе слободен ден и ни остави дел од колачот нам, на помалите продавачи. Мислам дека луѓето не може да разберат колку е сега тешко за нас“, вели сопственик на бутик.
Сепак, „Амазон“ објаснува дека 1,7 милион мали и средни компании работат за нив, што сочинува околу 60 проценти од целата продажба на оваа платформа.
Илјадници мали бизниси веќе се затворени од почетокот на битката со пандемијата бидејќи за нивното опстојување не беше доволно, дури ни со државната помош. Од оние што продолжуваат да работат, околу 20 проценти не се сигурни дека ќе може да закрепнат од ударот што им го нанесе глобалната борба против вирусот.
Ако малите трговци нудат попусти, како оние што ги нуди „Амазон“ за „Црниот петок“, многу од нив ќе бидат на нула во најдобар случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Народна банка: Структурата на меѓународната инвестициска позиција на македонската економија е поволна

Народната банка ја објави анализата „Меѓународната инвестициска позиција на земјите од регионот, со посебен фокус на македонската економија“ на Дијана Јаневска-Стефанова. Во анализата акцентот е ставен на големината и структурните карактeристики на меѓународната инвестициска позиција (МИП), којашто претставува разлика помеѓу финансиските побарувања коишто земјата ги има од странство (остатокот од светот) и финансиските обврски кон странство. Притоа, се укажува на сѐ поголемото значење на овој показател, во периодот по глобалната финансиска криза, поради што тој е вклучен и во анализите на одржливоста и ранливоста на надворешниот сектор на меѓународните финансиски институции и на останатите носители на политиките.
Во анализата е даден кус осврт на МИП на земјите од регионот, во периодот пред и по глобалната економска криза од 2008/9 година. Кај сите земји во регионот МИП има негативна вредност, што значи дека сите економии имаат поголеми обврски кон странство отколку побарувања, што е и за очекување имајќи ја предвид фазата на економски развој и потребата од надворешно финансирање на економиите во форма на странски директни инвестиции, заеми и слично.
Динамичката анализа покажува проширување на негативната позиција во периодот пред глобалната криза, додека во посткризниот период главно се забележува подобрување. Структурно гледано, пред кризата се забележува дека најголема улога за промената на МИП имаат директните инвестиции, а ефект имаат и тековите коишто создаваат долг. Во посткризниот период, директните инвестиции и натаму растат, но побавно, додека тековите коишто создаваат долг се помали, поради процесот на раздолжување, карактеристичен за овој период.
Од аспект на одржливоста на екстерната позиција, според еден од ретките нумерички показатели за МИП од Процедурата за нерамнотежи на Европската комисија (МИП одредница – 35% од БДП), повеќето анализирани земји се наоѓаат над оваа препорачана граница. Имајќи ги предвид недостатоците при формирањето единствен нумерички показател за земји со различно ниво на развој, Меѓународниот монетарен фонд во своите редовни извештаи квалитативно ја проценува екстерната позиција на секоја земја.
„Имено, за целосна слика, покрај висината, треба да се земе предвид и структурната поставеност на МИП по инструменти, којашто во нашиот случај е поволна поради високото учество на директните инвестиции од околу 90%. Во согласност со наведеното, оцените на ММФ за македонската економија не упатуваат на поголеми ранливости во надворешниот сектор.“ – се заклучува во анализата.
Економија
МТСП: Пензионерите во јануари ќе добијат зголемување на пензијата од 134 до 185 денари

Пензионерите со јануарската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кои во второто полугодие од 2020 година во однос на првото полугодие истата годинa изнесуваат 1,2 %, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од таму наведуваат дека зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 185 денари на ниво на просечна пензија и 134 денари на ниво на најниска пензија.
Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата.
Почнувајќи од 2019 година, покрај редовното усогласување, се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку домашниот бруто-производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4 %.
Покрај овие два начина на усогласување, од 2020 година, врз основа на одлука од страна на Владата, може да се изврши уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година повеќе од 15 % и пораст на просечната плата во претходната година повеќе од 5 %.
Економија
Почеток на нова инвестиција во ИТ-секторот, чешката групација „Арикома“ го презема „Сеавус“

Формалниот почеток на новата чешка инвестиција во ИТ-секторот во земјава ќе биде објавен денеска.
Станува збор за инвестицијата во компанијата „Сеавус“, која е купена од нaјголемиот ИКТ-холдинг во Чешка, Групацијата Арикома.
По тој повод, во 14 часот, ќе се одржи прес-конференција, на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев и чешкиот амбасадор Мирослав Томан, како и директорот за ИТ-инвестиции во Групацијата Арикома, Михал Томанек, и Игор Лештар, управен директор на Групацијата Сеавус.
Лештар неодамна во интервју изрази увереност дека заедно со силен стратешки партнер како „Арикома“, „Сеавус“ ќе ги забрза иновациите и уште повеќе ќе ги зајакне позициите.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира