Контакт

Економија

Манчевски: Северна Македонија нуди поволни услови за влез на трет мобилен оператор

Објавено пред

Северна Македонија нуди поволни услови за влез на трет мобилен оператор, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој во рамки на ITU Телеком, се обрати на тркалезна маса на тема: „Инвестирање во дигитална иднина во правец на гигабит-инфраструктура и општество“.

Настанот на едно место ги собра дел од заинтересираните оператори од повеќе земји од Европа кои имаа можност да ги слушнат условите за инвестирање во Северна Македонија.

Манчевски го претстави и пазарот во контекст на можностите за инвестирање на нов мобилен оператор. Тој заклучи дека ситуацијата упатува на тоа дека сè уште има неискористени делови од пазарот кои може да ги пополни дополнителен мобилен оператор.

„98,69 отсто од населението и на 75 проценти има сигнал 4G. Вкупниот број на активни претплатници на мобилни услуги изнесува 95 проценти (на припејд 46% , на постпејд 54%), бројот на претплатници на мобилен интернет изнесува 65 проценти, додека, пак, бројот на активни M2M SIM-картички изнесува 207 990. Вкупните приходи на пазарот за мобилни услуги во 2018 година изнесуваа 139 милиони евра. Според Индексот на ГСМА за мобилна поврзаност на Северна Македонија за 2019 година, инфраструктурата за мобилна мрежа достигна 66,99; подготвеноста за потрошувачи достигна 73,89; достапност на цените на уреди и услуги достигна 73,78“, рече Манчевски.

Министерот информираше дека како резултат на реформите, директните странски инвестиции (ДСИ) значително се зголемиле во 2018 година, при што изнесуваат рекордни 735 милиони евра и опфаќаат 5,8 проценти од БДП на земјата. Рече дека ИКТ е најбрзорастечкиот сектор, со кумулативна стапка на раст од 47 проценти во изминативе 5 години, при што опфаќа 4 отсто од БДП во земјата. Секторот за ИКТ има вработено над 18 илјади висококвалификувани работници, а дури 257 компании за ИКТ беа основани во 2017 година.

„Северна Македонија одржува макроекономска стабилност со инфлација од 0,9 проценти, а истовремено стимулира економски раст и развој. Со неодамнешните економски реформи на Владата се поддржува развој на бизниси и се привлекуваат приватни инвестиции, со што на компаниите им се обезбедуваат услови подготвени да влезат, да се еднакво конкурентни, и ефeктивно да излезат од пазарот. Поради овие заложби, се пласиравме на 10. место за леснотија во водењето бизнис од вкупно 190 земји, според извештајот на Светска банка „Водење бизнис“ за 2019 година.

Покрај министерот Манчевски, на сесијата се обратија и Јарослав Пондер, раководител на кабинетот на УМТ за Европа, Н.Е. Дорина Чинари, заменик-министер во Министерството за инфраструктура и енергетика, Је Муинг Ру, виш специјалист за дигитален развој на Светска банка, По-вен Лиу, виш економист на сектор во Европската инвестициска банка, Акос Бона, директор за меѓународни работи во фондацијата Дигитална иднина, Енрике Медина Мало, главен службеник за политика во Телефоника С.А, Габор Короши, директор во Теленор Унгарија.

Економија

Поскапуваат горивата

Објавено пред

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1,5, 2 и 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 2 денари на 69,5 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 се зголемува за 2,5 денари на 72 денари за литар.

Дизелот поскапува за 1,5 денар на 64 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемува за 1 денар на 53,50 денари за литар.

Мазутот ќе поскапи за 2,393 денари на 34,034 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

Skopje Wine Expo од 26 до 28 септември

Објавено пред

Традиционално, во Скопје ќе се одржи најголемиот македонски вински фестивал под покровителство на град Скопје. Од 26-28 септември на плоштадот „Мајка Тереза“ пред платото на МОБ, посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови.

На „Skopje Wine Expo” ќе настапат доајените на македонската музичка сцена- Ефто Пупиноски и Блага Петреска, дувачката сензација Брас Брадерс, српскиот поп бенд Тропико, Слаткаристика, најпознатиот бугарски продуцент Криско како и бугарскиот пејач Графа , групата Нокаут, македонскиот рок бенд кој постои речиси 3 децении- Ареа, Александра Јанева и Марко Логаут со специјалниот проект- Тоше Проески Трибјут, Либеро Бенд и Ксмет Оркестар со after work забави, Амон Мра, Дј Оки Доки, како и најдобриот real tribute на Бијело Дугме.Влезот како и секоја година е бесплатен за сите посетители.

Прикажи повеќе...

Економија

Цената на нафтата порасна за шест отсто

Објавено пред

Цената на нафтата на светските пазари се зголеми за околу шест проценти минатата недела.
Тоа е резултат на нападот со беспилотни летала врз најголемата нафтена постројка на Саудиска Арабија, при што производството беше намалено за повеќе од 5 милиони барели на ден, или пет проценти од глобалното производство.

На лондонскиот пазар цената на барел се зголеми за 6,7 проценти минатата недела на 64,30 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 5,9 проценти на 58,10 долари. Тоа е најголем неделен скок на цените од јануари годинава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Дуковски: Здравјето на Јовановски е влошено, неговата состојба е животно загрозувачкa

Адвокатот Сашо Дуковски вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не дал исказ, а од среда обвинителката Русковска ќе...

Македонија35 минути

Бојан Јовановски не дава исказ во Обвинителството без да ги види доказите

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, одбил да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска бидејќи не му биле презентирани доказите...

Економија1 час

Поскапуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1,5, 2 и 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија2 часа

Адвокатот на Мијалков побара специјален обвинител на предметот за масовното прислушување

Адвоктот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, пред почетокот на денешното судско рочиште за предметот за масовното...

Македонија3 часа

Осум вонпарламентарни партии со шест барања за Изборниот законик

Осум вонпарламентарни партии – Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица, МААК, Подем, Работничка земјоделска партија, ТМРО и ФРОДЕМ изнесуваат шест...

Македонија4 часа

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Премиерот Зоран Заев во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан...

Регион4 часа

Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија

Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста...

Македонија5 часа

Заев на Генералното собрание на ОН, планирана е и средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на...

Македонија5 часа

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан...

Свет5 часа

Јужна Кореја: 26 лица лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27...

Свет5 часа

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет16 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт19 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион22 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија1 ден

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион1 ден

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ1 ден

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа1 ден

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура2 дена

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Досие