Контакт

Економија

Медведев: Економските санкции против Русија може да се толкуваат како објава на економска војна

Објавено пред

Засилувањето на економските санкции против Русија може да се толкува како објава за економска војна поради што е неопходно да се одговори со сите методи – економски и политички, изјави рускиот премиер, Дмитриј Медведев.

„Како и да размислувале нашите западни партнери, во смисла дека сме лоши или спроведуваме лоша политика, поентата е една, а тоа е дека се ограничува нашата економија, што значи дека мерките се одразуваат на нашата валута“, изјави Медведев.

Тој рече дека ова не е првпат Русија да се соочи со санкции, како и дека слични работи своевремено се случувале и во Советскиот Сојуз.

„Нашата земја во последните 100 години живееше во услови на постојан сакционен притисок. Тоа се прави со цел Русија да се отстрани од списокот на моќни конкуренти на меѓународниот пазар“, оцени Медведев.

Рускиот премиер наведе и дека Америка спроведува нелојална конкуренција, а тоа пред сѐ се однесува на извозот на гас во Европа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Годинава трговската размена со Германија се очекува да достигне 4 милијарди евра

Објавено пред

Од

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, се сретна со делегација од германското Министерство за економија и енергетика, Стопанската комора на Германија и Источниот комитет – здружение на источна Европа на германското стопанство, предводена од Хелге Толксдорф, раководител на секторот за проширување на ЕУ, Југоисточна Европа и Турција во Сојузното министерство за економија.

Толксдорф посочи дека голем број компании се заинтересирани за инвестиции во Македонија и дека гледа можност за уште подобра и поинтезивна економска соработка меѓу двете земји.

„Според индикативните податоци во првата половина од годината, доколку продолжи со ова темпо, трговската размена помеѓу двете земји би можела да достигне до 4 милијарди евра. Интересот на германските компании за инвестиции во Македонија е голем, а во тоа се уверив и лично неодамна на бизнис-форумот што се организира во Франкфурт“, потенцира Толксдорф.

На средбата стана збор и за формирање мешовито тело помеѓу двете земји преку кое би се поттикнувала, координирала и интензивирала соработката во поглед на привлекување нови инвестиции, но и за реализација на проекти поддржани од германската влада и германските банки.

Претставникот на делегацијата на германското стопанство во Република Македонија, Патрик Мертенс, нагласи дека проектот за дуално образование, кој се спроведува со поддршка на македонската Влада, веќе од септември започнува со практична имплементација со отворање по една паралелка во стручните средни училишта во Охрид и Кичево за потребите на германските компании што работат во Македонија. Овој проект, според вицепремиерот Анѓушев, треба да биде основа за реформата во образованието за да се продуцират едуцирани кадри соодветни на потребите на технолошкиот развој на индустријата во Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Повеќе од 300.000 мигранти досега се вработиле во Германија

Објавено пред

Од

Повеќе од 300.000 мигранти досега се интегрирале на пазарот на труд во Германија. „Според најновите статистички податоци, околу 300.000 мигранти се вработиле, што е речиси 100.000 повеќе во однос на истиот период лани. Тоа е повеќе од очекуваното“, соопштиле властите.

Уште 480.000 мигранти се во активна потрага за вработување. Познавањето на германскиот јазик останува најважен критериум во просецот на интеграција на пазарот на труд. Покрај ова, најголеми шанси за вработување имаат младите бегалци.

Во ударните мигрантски бранови од 2015 до 2017 година во Германија пристигнале приближно 1,4 милион бегалци. На германскиот пазар на трудот во овој момент му недостигаат околу милион работници.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Арсовски: Ново задолжување од 6,6 милиони евра

Објавено пред

Од

Министерството за финансии и СДСМ денеска на јавна аукција на државни записи ги задолжуваат граѓаните со нови 6,6 милиони евра, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Само во август ова е второ милионско задолжување. На почетокот на август СДСМ преку Министерството за финансии се задолжи со нови 36,6 милиони евра, а најавени беа дека ќе се задолжат со 32,5 милиона евра. Значи, само во август досега СДСМ ги задолжува граѓаните со повеќе од 43 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните кои гледаме дека не се инвестираат во ништо, гледаме дека сите проекти се во застој, а капиталните инвестиции се со поразителни бројки и со срамни резултати“, рече Арсовски.

Тој додаде дека од почетокот на годината досега Владата ги задолжила граѓаните за стотици милиони евра.

„Само во првите 2 квартала, односно од јануари до јуни, јавниот долг е зголемен 352 милиона евра, а државниот долг е 342 милиона евра. Психолошката граница од над 50 отсто одамна е помината“, рече партискиот портпарол.

ВМРО-ДПМНЕ прашува каде одат парите од задолжувањата и дали можеби со нив се финансираат партиските кампањи што треба да ги реализира СДСМ преку Владата во пресрет на референдумот.

Прикажи повеќе...

Најново

Армија, САд, американска армија Армија, САд, американска армија
Македонија8 часа

Американската армија во Европа се извини дека нè нарече Северна Македонија

Американската армија во Европа се извини затоа што нè именува како Северна Македонија. На јутјуб-каналот на Армијата вчера беше објавено...

Македонија10 часа

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Судењата за некои од активистите што протестираа во шарената револуција – Здравко Савески, Мариглен Демири и Владимир Куновски, никако да...

Економија13 часа

Вработените во Комисијата за инспекциски надзор се без плата веќе петти месец

Вработените во стручната служба на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка...

Топ15 часа

Изгоре штала во Бутел, пожарот се ширел кон куќите

Штала на улицата Мрежичка во општината Бутел била опожарена синоќа по полноќ. Полицијата соопшти дека пожарот зафатил нива и почнал...

Топ15 часа

Овчар почина од удар на гром во Струшко

Маж од Дебар на 35-годишна возраст бил пронајден мртов на местото викано Славило, над селото Локов, Струшко. Случајот бил пријавен...

Свет15 часа

Трамп: Турција прави ужасна грешка, нема да има отстапки

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во изјава за „Ројтерс“ рекол дека нема да прави отстапки кон Турција за да биде ослободен...

Европа16 часа

Конте: Се подготвуваат казни поради уривањето на мостот во Џенова

Италијанската влада работи на подготовката на казни кои би можеле да се применат против групацијата „Атлантија“, поради трагичното уривање на...

Свет16 часа

Пукање во метро-станица во Лондон, полицијата смирува дека не се работи за тероризам

Во пукање во лондонската метро-станица Кингсбури повредени се три лица, соопшти локалната полиција и додаде дека пукањето не било поврзано...

Македонија16 часа

Муслиманите го слават Курбан бајрам

Муслиманските верници во Македонија и во светот денеска го прославуваат големиот исламски празник Курбан бајрам. Овој ден, како што уште...

Европа1 ден

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија1 ден

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија1 ден

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија1 ден

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион2 дена

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија2 дена

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија2 дена

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија2 дена

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија2 дена

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион2 дена

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет2 дена

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Досие