Контакт

Економија

Милион денари од „Златна рипка“ во Прилеп

Објавено пред

Шестата серија на инстант лозот Златна Рипка донесе уште еден добитник на 1 000 000 денари чија среќна приказна ја слушнавме денес. Благоја Велкоски од Прилеп не посети во просториите на Државна лотарија каде што му ја потврдивме и исплативме добивката.

Имено, Златната рипка е омилениот лоз на Благоја и го купува постојано, а добитниот лоз е купен од среќното продажно место во Прилеп – „Тобако Плус“За потсетување, шестата серија на Златна рипка е во тек, а ние сме во исчекување да ги запознаеме новите добитници кои ќе се приклучат на големото семејство на добитници на Златна рипка.

Златната рипка нуди 3 шанси за добивка на еден лоз. УЛОВИ МИЛИОН со ЗЛАТНА РИПКА на ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА.

(ПР-текст)

Економија

Вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата „Еуроедил Холдинг“ и средба со бизнисмените од Дебар и Маврово-Ростуше

Објавено пред

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, во рамки на серијата консултативни средби, вчера изврши работна посета на општините Дебар и Маврово-Ростуше, при што ја посети фабриката на „Еуроедил Холдинг“ и оствари средба со претставници на компаниите кои работат во овие општини.

За време на посетата на компанијата „Еуроедил Холдинг“, лоцирана во с. Скудриње, која е една од компаниите кои имаат потпишано договори за државна помош преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, вицепремиерот разговараше со менаџментот на компанијата за текот на реализацијата на нивниот инвестициски проект, како и за предизвиците со кои се соочуваат во тековното работење, а ги посети и производствените капацитети на претријатието. Компанијата има договор за инвестициски план со вредност од 1 милион евра за 5 години, а како државна поддршка во првата година од страна на Владата се исплатени околу 30.000 евра, за оправдани инвестициски трошоци.

„Еуроедил е една од компаниите којашто е корисник на Законот за финансиска поддршка на инвестиции и навистина е една компанија којашто укажува како нашите луѓе коишто работат надвор знаат и умеат, прво да се вратат во нашата земја, второ да покажат дека знаат да бидат и инвентивни и трето дека знаат многу добро да бидат поврзани во ланецот на набавка со странските компании. Оваа компанија произведува полуготови и готови продукти коишто одат на европскиот пазар преку реномирани светски компании и тоа навистина е за поддршка и денеска зборувавме за се што би требало да направиме за оваа компанија којашто има план за проширување на нивниот производствен капацитет и укажав дека како влада ќе поддржиме било која иницијатива, не само од оваа компанија, од сите други компании во овој регион затоа што тоа значи повеќе креирани работни места, значи развој на самиот регион и секако придонес кон целокупниот развој во државата. Уште еднаш би сакал да укажам дека во суштина не е битно местото во коешто оперирате, дека Северна Македонија има потенцијал, има луѓе коишто знаат да развиваат бизнис и со тоа да покажат дека ние знаеме да направиме економија којашто е конкуретна на домашен но и надвор од домашниот пазар“, посочи вицепремиерот Битиќи по посетата на фабриката на Еуроедил Холдинг, компанија основана од наш граѓанин, повратник од странство.

Управителот на „Еуроедил Холдинг“, Раким Рамадановски објасни дека компанијата е формирана во 2005 година и работи со лимени производи, производство и полупроизводство за сувата градба. Нивните производи ги пласираат на на европскиот пазар и во земјите од регионот. Компанијата има 62 вработени, а имаат планови и за натамошно проширување на производствените капацитети.

За време на работната посета, во организација на градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вицепремиерот Битиќи, оствари средба и со претставници на компании кои функционираат во општините Дебар и Маврово-Ростуше, со кои разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат за време на социо-економската криза, како и за мерките кои се подготвуваат од Владата за нивно надминување и активностите кои Владата планира да ги спроведе во пост-Ковид 19 периодот, а кои се предвидуваат одржлив раст и развој на економијата во сите региони во Северна Македонија и на земјата во целина.

Прикажи повеќе...

Економија

Шахпаска на средба со синдикатите и работодавците: Посветено ќе работиме на новиот закон за работни односи

Објавено пред

Во Министерството за труд и социјална политика министерката Јагода Шахпаска одржа работна средба со претставници од репрезентативните, нерепрезентативните синдикати и со претставници на работодавците.

На средбата се дискутира за продолжување на процесот на подготовка на законот за работни односи, при што Шахпаска побара активно вклучување на сите фактори засегнати од законското уредување на прашањата што ги регулира овој закон. Таа додаде дека следните работни среди ќе бидат надополнети и со претставници на невладиниот сектор и стопанските комори. Притоа таа присутните претставници ги запозна со содржината на програмата на Владата, а која е поврзана со законот за работни односи.

„Она на што ќе работиме периодов пред нас се уредување на прашањето во врска со сезонската работа, флексибилното работно време, родителското отсуство, работата од дома, работата од далечина, договорите на определено време и други прашања важни за унапредување на позитивното законодавство, а ќе обезбедат флексибилност и сигурност на работните места“, посочи Шахпаска.

Во овој процес ќе бидат вклучени и експерти од трудово право и Меѓународната организација на трудот, со цел добивање експертско мислење за усогласеноста на законот со директивите на ЕУ и конвенциите на МОТ.

На крајот од работната средба сите страни се согласија на поинтезивна работа и средби во периодот што следува, со цел побрзо заокружување на содржината на новиот закон за работни односи, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

„Кроација осигурување живот“ организира бесплатна онлајн обука за лидерски вештини за млади

Објавено пред

„Кроација осигурување живот“, како општествено одговорна компанија ги поканува сите млади вработени, студенти и невработени за учество под нејзино покровителство во бесплатната 3-дневна обука во живо (преку Zoom) за вештините, алатките, знаењето и начинот на размислување кои ви се потребни за да ги водите другите- Лидерски вештини за млади – Aspiring Leadership

Обуката ја извршува Мотива центарот за образование и обука.

Термин: 28, 29 и 30 септември 2020 год. од 18:00 до 20:30 часот

Со цел да си резервирате место јавете се или пишете порака со ваш број да ве контактираат претставниците на Мотива на телефоните: 070 358 680 и 02 306 1114.

Повеќе за обуката на линкот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа36 минути

Германија ја шири „црната“ листа

Германија стави региони од 11 европски земји на списокот со ризични области поради бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус...

Европа1 час

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија2 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа3 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет3 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет13 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет14 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет17 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет17 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија17 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија19 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија19 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион19 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија20 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија20 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет21 час

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија21 час

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија22 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Досие