Контакт

Економија

Министерството за земјоделство: Континуирано ја следиме состојбата со откупот на грозјето

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека континуирано ја следи состојбата со откупот на грозјето и откупните цени. Во овој период се врши берба и откуп на висококвалитетните сорти на грозје, од втората половина на месецов започнува бербата на вранецот, а при крај на месецот започнува бербата на смедеревката.

Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, со цел да има непречен откуп на грозјето.

МЗШВ изминатиот период одржа состаноци со винарските визби и со здруженијата на лозари, со цел да се најде взаемно решение за годинешната откупна цена на грозјето.

„На последниот состанок со винарниците се дадоа предлози и идеи, како да им се помогне и на лозарите и на винарците. Предложивме на партнерски основ- откупната цена да биде 11 денари за килограм вранец и 9 денари за килограм смедеревка, при што Владата ќе интервенира со четири денари субвенција, за да може да се постигнат ланските цени, односно 15 со 13 денари. Воедно, се размислува да има и субвенција за висококвалитетните сорти грозје, што би била за првпат воведена годинава“, сооопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Економија

Костадинов: За три месеци, околу 20.000 компании добиле добиле финансиска поддршка за вработените

Објавено пред

Преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени лица и околу 20.000 компании. Ова го истакна портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов на прес-конференција.

Покрај компаниите, со финансиска поддршка биле поддржани и речиси 6.000 вршители на самостојни дејности, а вкупната поддршка изнесува над четири милиони евра во период од три месеци.

Костадинов рече дека СДСМ, преку Владата којашто ја предводи, презело ефикасни и навремени економски мерки за помош на граѓаните и економијата во справување со последиците од коронавирусот.

„Ова не се само обични бројки, ова не е само обична статистика. Ова се реални работни места во нашата економија“, истакна Костадинов.

Тој најави дека во тек се подготовките на четвртиот пакет антикризни мерки кој наскоро ќе биде презентиран и кој ќе донесе уште поголема поддршка на работниците и компаниите.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто

Објавено пред

Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто, велат од СДСМ преку соопштение, повикувајќи се на податоците на Државниот завод за статистика.

Од владејачката партија коментираат дека до тоа довеле политиките кои се во интерес на граѓаните и на стопанството, како и ефикасните и навремени антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ, при што и во време на пандемија дошло до раст на просечната плата во Северна Македонија.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.867 денари. Просечната плата во државата, и во услови на кризата предизвикана со пандемијата со коронавирусот е за 8,5 отсто повисока во однос на јули 2019 година. Од јуни 2017 година, кога на чело на Владата застана СДСМ просечната плата во државата порасна за 4.423 денари“, велат од СДСМ.

Додаваат дека нивните заложби за иновативна и конкурентна економија го поттикнале трендот на раст на платите.

Партијата најави дека во четиригодишниот мандат минималната плата ќе дистигне 20.000 денари, а просечната 34.000 денари.

Прикажи повеќе...

Економија

Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

Објавено пред

Вкупните депозити во август бележат годишен раст од 5,2 % при раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите поизразен кај секторот домаќинства. Со изземање на податоците за Еуростандард банка АД Скопје – во стечај, вкупните депозити бележат месечен и годишен раст од 0,5 и 6,9 % соодветно, соопшти Народната банка.

Вкупните кредити исто така бележат годишен раст од 6,9 % како резултат на кредитирањето кај двата сектора. Со изземање на податоците за Еуростандард банка АД Скопје – во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3 и 8,8 % соодветно.

„Во август вкупните депозити бележат месечен пад од 1,1 %, што се должи на намалувањето на депозитите на секторот домаќинства во услови на раст на депозитите на корпоративниот сектор. Вкупните депозити се зголемени 5,2 % на годишна основа при раст на депозитите кај двата сектора, кој е поизразен кај секторот домаќинства. Доколку се исклучат податоците за депозитите на банката во стечај, вкупните депозити во август бележат месечен и годишен раст од 0,5 и 6,9 % соодветно“, се наведува во соопштението.

Вкупните кредити во август се пониски 1,4 % на месечна основа, што во услови на раст на кредитите на домаќинствата во целост го одразува намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. На годишна основа вкупните кредити бележат раст од 6,9 % како резултат на повисокото кредитирање кај двата сектора, кое е поизразено кај секторот домаќинства. Доколку се исклучат податоците за кредитите на банката во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3 и 8,8 % соодветно

Според податоците на Народната банка, кредитите на домаќинствата овој месец бележат месечен раст од 0,3 %, што е резултат на повисоките кредити одобрени во денари, а кредитите во странска валута бележат пад. На годишна основа растот изнесува 9,0 % и е поизразен кај кредитите одобрени во денари. Со исклучување на податоците за кредитите на домаќинствата на банката во стечај растот на месечно и годишно ниво изнесува 1,2 и 10,0 % соодветно.

Во август, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, бележат месечен и годишен раст од 0,4 и 9,6 % соодветно. Станбените кредити се намалени 0,3 % на месечно ниво при остварен годишен раст од 13,0 %. Кај автомобилските кредити падот на месечна и на годишна основа изнесува од 0,9 и 10,7 % соодветно.

Кредитите одобрени на кредитни картички бележат минимален месечен раст од 0,1 % при годишен пад од 3,7 %, а негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 2,1 % при годишен пад од 10,9 %. Кредитите одобрени врз други основи во август се непроменети на месечна основа, а на годишна основа се намалени 5,4 %.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа2 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Македонија2 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија3 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет3 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија4 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија4 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија5 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија14 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија20 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет20 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија21 час

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија21 час

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија22 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија23 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија24 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа1 ден

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија1 ден

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија1 ден

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Досие